Авганистанска војна
Авганистанска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Војна против тероризмот | |||||||
Американски војници во Кунар |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Авганистан САД | Талибанци Ал-Каеда |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Дејвид Петреус Мауро Делвекио Бишмила Кан | Мухамед Омар Осама бин Ладен Ајман Ал Завахири |
||||||
Сила | |||||||
НАТО: 130.638 Авганистан: 352.000 Вкупно: 482.638 | 35.000 (талибанци) 100 - 500 (Ал Каеда) 10.000 – 60.000 (други фракции) |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
* Коалиција: 3.155 убиени (САД: 2.100, ОК: 425, други: 630)
| 38.000 убиени, најмалку 1.000 заробени |
Авганистанската војна од 2001 година (од 7 октомври 2001 година до 30 август 2021 ) е војна помеѓу авганистанската влада која е воспоставена по соборувањето на талибанскиот режим и нејзините поддржувачи од САД, НАТО и останати држави, од една страна, и приврзаниците на соборениот талибански режим, од друга страна. Од 26 ноември 2010 година, тековната војна во Авганистан стана подолготрајна од Советската војна во Авганистан, која траела од 27 декември 1979 година до 15 февруари 1989 година, односно 9 години и 50 дена.[1]
Повод за војната
Набрзо по нападите од 11 септември 2001 година американската влада ја обвинува Ал Каеда и Осама бин Ладен. Бидејќи талибанскиот режим во Авганистан им пружаше заштита, Џорџ В. Буш на 21 септември испрати ултиматум до авганистанската влада во кој бараше, меѓу останатото, да му се предадат на САД водачите на Ал Каеда што се наоѓаат во Авганистан и да се затворат камповите за обука на терористите.
На 4 октомври се верува дека Талибанците упатиле тајна понуда да го предадат Бин Ладен на Пакистан за да му суди меѓународен суд според исламското шеријатско право. Се верува дека Пакистан ја отфрлил оваа понуда.
На 7 октомври талибанскиот режим даде слична понуда: да му се суди на Бин Ладен во Авганистан од страна на исламски суд. САД ја отфрли оваа понуда како недоволна и истиот ден, помогнат од Британија, започна со нападот на Авганистан.
Нападот не беше одобрен од страна на Обединетите Нации, ниту претходно ниту подоцна. На 19 декември 2000 година Советот за безбедност на ОН ја донесе Резолуцијата број 1333 според која се бара од талибаскиот режим да го предаде Бин Ладен на САД или на некоја трета земја за да биде суден во врска со нападите врз американските амбасади во Африка од 1998 година и да ги затвори терористичките кампови за обука, заканувајќи се со трговски санкции. Но по 11 септември не беше донесена одлука за употреба на сила врз Авганистан.
Освојување на Авганистан
Воздушните напади на САД и Британија во прво време се концентрираа врз Кабул, Џалалабад и Кандахар, но Талибанците успеваа да ја задржат линијата на фронтот кон Северната алијанса. По барање на Северната алијанска, американско-британските воздушни напади беа насочени кон линијата на фронтот и до 2 ноември талибанските позиции на фронтот почнаа сериозно да попуштаат.
Силите на Северната алијанса се насочија кон освојување на Мазар и Шариф, кој падна на 9 ноември. Падот на Мазари Шариф со себе повлече колапс на многу позиции што Талибанците ги држеа во северен Авганистан. Силите на Северната алијанса почнаа да продираат кон Кабул, кого го освоија на 12 ноември.
По падот на Кабул, Талибанците се повлекоа на југот од Авганистан, кој претставуваше нивно главно упориште. Следуваа тешки борби за освојување на Кандахар и дури на 7 декември водачот на Талибанците, Мухамед Омар, се повлече од градот.
Со Резолуцијата 1386 од 20 декември на Советот за безбедност на ОН основани се Меѓународните сили за безбедноста помош (ИСАФ) со мисија обезбедување на мирот во Кабул и околината.
Отпор кон новоформираната власт
Во прво време Талибанците беа сериозно разбиени. Тие почнаа да се регрупираат од летото 2002 година и од 2003 година почнаа со напади врз силите на авганистанската влада и на коалициските сили. Така, во август 2003 година беа убиени 220 лица, вклучително и голем број авганистански полицајци.
Талибанците почнаа да пружаат сериозен отпор од почетокот на 2006 година. Судирите особено се зголемија откако НАТО на 31 јули ја презеде командата над југот на земјата од страна на американските сили.
Кршење на човековите права
САД често е на мета на организациите за заштита на човековите права поради третманот на затворениците заробени во Авганистан, а кои се затворени во Гвантанамо на Куба.
Во 2004 година Human Rights Watch објави извештај за кршењето на човековите права од страна на американските сили во Авганистан, а во 2005 година Американската унија за човекови права објави документи што покажуваат дека по скандалот со затворот Абу Граиб во Ирак, американската војска во Авганистан уништила слики што го документирале злоставувањето на затворениците од страна на американските војници.
Македонско учество во војната
Република Македонија учествува со воени сили во рамките на ИСАФ и во 2010 година има 242 македонски војници во Авганистан, што претставува четврт контингент во ИСАФ пропорционално на бројот на жители.[2] Досега нема загинато ниту еден активен македонски војник, но во март 2010 загина еден поранешен припадник на армиските сили.[3]
Наводи
- ↑ Milestone: NATO’s Occupation of Afghanistan as Long as Soviet One
- ↑ Министерство за одбрана на РМ „Придонесот на Република Македонија кон глобалната безбедност, мир и стабилност“, 5 стр.[мртва врска]
- ↑ „„Македонец загина во Авганистан", Вечер“. Архивирано од изворникот на 2010-03-09. Посетено на 2010-12-15.
|
- Авганистанска војна (2001)
- Војни на Авганистан
- Војни на Ерменија
- Војни на Австралија
- Војни на Австрија
- Војни на Азербејџан
- Војни на Белгија
- Војни на Бугарија
- Војни на Канада
- Војни на Хрватска
- Војни на Кипар
- Војни на Данска
- Војни на Египет
- Војни на Естонија
- Војни на Финска
- Војни на Франција
- Војни на Грузија
- Војни на Германија
- Војни на Грција
- Војни на Унгарија
- Војни на Индија
- Војни на Ирска
- Војни на Италија
- Војни на Јапонија
- Војни на Јордан
- Војни на Република Македонија
- Војни на НАТО
- Војни на Нов Зеланд
- Војни на Норвешка
- Војни на Холандија
- Војни на Обединетото Кралство
- Војни на САД
- Војни на Полска
- Судири во 2001 година
- Судири во 2002 година
- Судири во 2003 година
- Судири во 2004 година
- Судири во 2005 година
- Судири во 2006 година
- Судири во 2007 година
- Судири во 2008 година
- Судири во 2009 година