1999
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1999 MCMXCIX |
Ab urbe condita | 2752 |
Ерменски календар | 1448 ԹՎ ՌՆԽԸ |
Асирски календар | 6749 |
Бахајски календар | 155–156 |
Балиски календар | 1920–1921 |
Бенгалски календар | 1406 |
Берберски календар | 2949 |
Будистички календар | 2543 |
Бурмански календар | 1361 |
Византиски календар | 7507–7508 |
Кинески календар | 戊寅年 (зем. тигар) 4695 или 4635 — до — 己卯年 (зем. зајак) 4696 или 4636 |
Коптски календар | 1715–1716 |
Етиопски календар | 1991–1992 |
Еврејски календар | 5759–5760 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2055–2056 |
- Сачка ера | 1920–1921 |
- Кали-југа | 5099–5100 |
Холоценски календар | 11999 |
Игбоански календар | 999–1000 |
Ирански календар | 1377–1378 |
Исламски календар | 1419–1420 |
Јапонски календар | Хејсеј 11 (平成11年) |
Јавански календар | 1931–1932 |
Џуче-календар | 88 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4332 |
Мингуо-календар | Тајван 88 民國88年 |
Нанакшахи | 531 |
Тајландски сончев календар | 2542 |
Тибетски календар | 阳土虎年 (машка земја-тигар) 2125 или 1744 или 972 — до — 阴土兔年 (женска земја-зајак) 2126 или 1745 или 973 |
Униксно време | 915148800 – 946684799 |
1999 (MCMXCIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1999 година од новата ера, 999. од вториот милениум, 99. од XX век и последна од 1990-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7507 и 7508 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6749 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5759 и 5760 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2752.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1999 година се протега во 4635 и 4636, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4695 и 4696 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2542. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1419 и 1420 исламска година.
1999 како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „1999“ - роман на српскиот писател Борислав Пекиќ од 1984 година.[1]
Настани
[уреди | уреди извор]- 28 јануари - Република Македонија го признава Тајван.
- 16 февруари – Во Узбекистан е извршен неуспешен обид за атентат врз претседателот Ислам Каримов.
- 12 март – Полска, Унгарија и Чешка се приклучуваат кон НАТО.
- 24 март - Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција наречена „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
- 27 март - Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.
- 9 април – Извршен е атентат врз претседателот на Нигер, Ибрахим Баре Менасара.
- 30 април – Камбоџа станува членка на АСЕАН.
- 2 мај - Воздухопловството на НАТО изврши напад на СР Југославија со „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од земјата остана во мрак.
- 7 мај - Бомбардирана е Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушниот поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
- 7 мај – Во Гвинеја-Бисао е извршен воен удар.
- 14 мај - Авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.
- 9 јуни – Во Куманово СР Југославија и НАТО потпишуваат договор за прекин на огнот.
- 10 јуни - Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 1244 со која Косово се става под управа на Обединетите Нации.
- 23 јуни - Излегува првиот број на дневниот весник „Утрински весник“ во Скопје.
- 28 август - Во сообраќајна несреќа кај Катланово загина министерот Радован Стојкоски, како и неговата сопруга и ќерка и возачот на владиното „ауди“. Сообраќајната несреќа ја предизвика возило на НАТО кое се движеше во спротивна насока.
- 14 септември – Кирибати, Науру и Тонга стануваат членки на Обединетите Нации.
- 12 октомври – Первез Мушараф преку воен удар доаѓа на власт во Пакистан.
- 12 октомври – Светското население достигна 6 милијарди.
- 31 октомври – Се одржува првиот круг од претседателските избори. Најголем број гласови освојува кандидатот на СДСМ, Тито Петковски.
- 6 ноември – Австралијанците на референдум одлучија да ја задржат монархијата.
- 14 ноември - Се одржува вториот круг од претседателските избори. Победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски.
- 15 декември - Борис Трајковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
- 20 декември – Португалија и го предаде Макао на НР Кина.
- 23 декември - Основана е Либералната партија на Македонија.
- 31 декември - Рускиот претседател Борис Елцин ја напушта функцијата и го именува Владимир Путин за свој наследник и в.д. претседател на Руската Федерација.
Без датум
[уреди | уреди извор]- Излегува во печат првото издание на британското списание The Chap.
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]- 2 мај – Оливер Рид, англиски глумец
- 6 јули – г.г. Михаил, поглавар на Македонската православна црква
- 12 октомври – Вилт Чембрлен, американски кошаркар
- 14 октомври - Јулиус Њерере, танзаниски претседател
- 11 декември – Фрањо Туѓман, хрватски претседател
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Beleška o piscu“, во: Borislav Pekić, Sentimentalna povest Britanskog carstva (drugo izdanje). Novi Sad: Solaris, 2006, str. 329-330.