Прејди на содржината

Џорџ Бернард Шо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џорџ Бернард Шо (Даблин, 26 јули 1856 - Хартфоршир, 2 февруари 1950) е англиски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му донеле репутација на најдуховит драматург во 20 век од ирско потекло. Во 1925 година ја добил Нобеловата награда за литература.

Литературната кариера ја почнал со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почнал да пишува драми по кои станал и најпознат.

Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат „Пигмалион“, „Кандид“ и „Цезар и Клеопатра“.

Негови најпознати дела се драмите: „Света Ивана“, „Занаетот на госпоѓа Ворен“, „Мајсторот Барбара“ и други дела.

Политички погледи

Џорџ Бернард Шо бил активен и во политичкиот живот на Британија. По убедување е социјалист, но го отфрла насилниот пат кон социјализам и смета дека социјализмот треба да се воведе со постепени реформи. Во 1884 година се зачленува во Фабијанското друштво и станува еден од неговите најистакнати членови.

По посетата на СССР во 1930-тите станува убеден поддржувач на Сталиновиот режим.