Прејди на содржината

Башибос: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°18′30″N 22°41′27″E / 41.30833° СГШ; 22.69083° ИГД / 41.30833; 22.69083
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Население: Јазична исправка, replaced: заоснована на → заснована на пописот
Ред 65: Ред 65:
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Башибос живееле 426 жители, од кои 420 [[Македонски Турци|Турци]] и 6 [[Македонски Роми|Роми]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_30.htm Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.]</ref>
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Башибос живееле 426 жители, од кои 420 [[Македонски Турци|Турци]] и 6 [[Македонски Роми|Роми]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_30.htm Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.]</ref>


Според германска карта издадена во 1941 година, а заоснована на пописот на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] од 1931 година, во селото имало 200 [[Турци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_40_40-41_VODENA_(EDESSA)_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}</ref>
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот пописот на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] од 1931 година, во селото имало 200 [[Турци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_40_40-41_VODENA_(EDESSA)_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}</ref>


Башибос е населено со турско население. Селото е мало, но со пораст на бројот на населението во периодот по [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Во 1961 година селото броело 164 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 201 жител.<ref name="енциклопедија" />
Башибос е населено со турско население. Селото е мало, но со пораст на бројот на населението во периодот по [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Во 1961 година селото броело 164 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 201 жител.<ref name="енциклопедија" />

Преработка од 00:24, 7 февруари 2024

Башибос

Воздушен поглед на селото Башибос

Башибос во рамките на Македонија
Башибос
Местоположба на Башибос во Македонија
Башибос на карта

Карта

Координати 41°18′30″N 22°41′27″E / 41.30833° СГШ; 22.69083° ИГД / 41.30833; 22.69083
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 110 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04004
Надм. вис. 269 м
Башибос на општинската карта

Атарот на Башибос во рамките на општината
Башибос на Ризницата

Башибос — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Потекло и значење на името

Турското име на селото е Баша Обаси. Името на селото потекнува од турскиот збор Баша, што означува „глава“, односно некој што е главар, старешина или заповедник (или секој муслиман што не е бег или ага), како и од турскиот збор оба што означува „голем шатор со прегради или привремено место“ слично на номадите (Јуруци).[2]

Географија и местоположба

Поглед на селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Валандово, во изворишното подрачје на Анска Река. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Дојран и Струмица (на еден тесен дел).[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 269 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 14 километри.[3]

Селото се наоѓа на јужните падини на Беласица, на 5 километри од државната граница со Грција.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Историја

Подрачјето на Башибос е населено барем од римско време, за што сведочат остатоците од населба и некропола на наоѓалиштето Атабасти на еден километар пред селото.[4]

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 224,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 51,3 хектари, додека на пасиштата само 18 хектари.[3]

Во основа, селото нема развиена земјоделска функција. Во него работат продавници.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948200—    
1953246+23.0%
1961164−33.3%
1971294+79.3%
1981262−10.9%
ГодинаНас.±%
1991269+2.7%
1994201−25.3%
2002170−15.4%
2021110−35.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 50 домаќинства со 105 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Башибос живееле 426 жители, од кои 420 Турци и 6 Роми.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.[7]

Башибос е населено со турско население. Селото е мало, но со пораст на бројот на населението во периодот по Втората светска војна. Во 1961 година селото броело 164 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 201 жител.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Башибос имало 170 жители, од кои 169 Турци и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 103 Турци и 7 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 426 200 246 164 194 262 269 201 170 110
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи

Поглед на основното училиште во Башибос

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Башибос било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Башибос, во која покрај селото Башибос се наоѓале селата Бајрамбос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Булунтули и Кочули.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Атабасти — населба и некропола од римското време
Џамии[18]
Реки[19]
  • Анска Река (позната и како Башибоска или Чамдашка Река) — река низ селото

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 40. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 21.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 53. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јануари 2024.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/11-406. Посетено на 19 јануари 2024. Отсутно или празно |title= (help)
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 86. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 8. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски