Селце (Прилепско): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја |
с →Демографија: Замена на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Етнографиja → Етнографија |
||
Ред 38: | Ред 38: | ||
== Демографија == |
== Демографија == |
||
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, |
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Лешки живееле 120 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.</ref> |
||
Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Лешки имало 400 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.</ref> |
Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Лешки имало 400 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.</ref> |
Преработка од 11:38, 17 февруари 2021
Селце | |
Панорама на село Селце | |
Координати 41°19′32″N 21°34′23″E / 41.32556° СГШ; 21.57306° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 294 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7515 |
Шифра на КО | 20092 |
Надм. вис. | 750 м |
Селце на општинската карта Атарот на Селце во рамките на општината | |
Селце на Ризницата |
Селце — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Историја
Селце е мало населено место во близина на Прилеп. Наносното земјиште западно од Селце е ниви под тутун, жито и лозја. Стрмната планинска падина источно од селото служи како испаша. Вода за пиење се добива од две чешми. Селце е село од збиен тип. Еден дол го дели селото на Горно и Долно маало. Маалата се состојат од група сроднички куќи. Во селото има вкупно 54 домаќинства (1954 г.). Имињата на потезите западно од селото се: Кула (постоела кула за чување на грозјето), Гарчев дол , Крива река, Дујгас и Селчишта. Називите на потезите над селото се: Попова нива, Скала, Црвени стени, Крстови, Селиште, Дунова нива, Бела чешма, Мал и Голем здравец, Калусовац, Жолт вир, Ветривица, Бачилиште Преслоп, Мечка, Заполшко, Чалма.
На потезот на Мечка југоисточно од Селце 1948 г. селанецот Киро Ацески, нашол мал земјен сад. Во него имало 17 сребрени српски динари од XIV век. Околу 800 метри источно од населбата покрај денешниот манастир Св. Димитрија, се наоѓа потезот Селиште. Таму према традицијата „живееле прадедовците на денешните старински родови. Тоа село имало се на се седум куќи. Земјата на која лежи денешно Селце, во тоа доба припаѓала на некој турски бег. На почетокот на XIX век земјата од бегот ја купиле селаните од Селиште. Одма после тоа ја преместиле населбата на денешната локација. Манастирот Св. Димитриј е изграден околу 1918 г. До тогаш тука се наоѓале рушевини од стариот храм. Во 1927 г. на овој манастир селаните му подариле нешто земја. Во Долно маало има црква на Пресвета Богородица изградена од пред околу 100 години. Околу неа има гробишта. Целото население слави црковна слава .
Географија и местоположба
Селото Селце е сместено во северното подножје на Селечка Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 750 m. Селце е село од збиен тип, а еден дол го дели на Горно и Долно маало.
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешки живееле 120 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешки имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 2002 година во селото живееле 294 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120[2] | 400[3] | 320 | 365 | 322 | 295 | 291 | 297 | 310 | 294 |
Родови
Селце е македонско село.
Родови во Селце се:
- Староседелци: Кочовци (10 куќи), Кецуљовци (6 куќи), Есенковци (5 куќи) и Утковци (5 куќи)
- Доселеници: Зајковци (6 куќи) доселени се од Мариово; Пашовци или Лолевци (1 куќа) доселени се однекаде; Митревци (10 куќи) доселени се од некое село во Железник; Ќуфтевци (4 куќи) доселени се од Дупјачани, таму им се род Белковци, подалечно потекло од Будаково; Опеловци (2 куќи) доселени се од Беловодица; Велковци (1 куќа) доселени се од Чумово; Маријовци (3 куќи) доселени се од мариовското село Кокре; Димитрија (1 куќа) доселен од Кајлари во 40-тите на 20 век.[6]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 1440 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 233 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
Во близина на ова прекрасно прилепско село, во подножјето на планината Селечка, позади месноста викана Шаторов камен се наоѓа Манастирскиот комплекс посветен на Св.в-мч. Димитриј Солунски.
Редовни настани
Личности
На 28 јули 1904 година четата на Никола Каранџулов била откриена од Турците во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена. Во повеќечасовната нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Никола Каранџулов.
Култура и спорт
Иселеништво
Од Селце има многу иселеници во Прилеп - околу 30 семејства. Иселениците се гранки на денешните родови, најмногу од родот Есенковци, Митревци, и Пашовци. Околу 15 мажи од ова село засекогаш се иселиле во Северна Америка.
Цркви и манастири
Во атарот на селото има два манастири посветени на: Св. Димитриј и Пресвета Богородица и една селска црква.
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.