Прејди на содржината

9 мај: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pa:੯ ਮਈ
с Бот: козметички промени
Ред 10: Ред 10:


{{Месеци}}
{{Месеци}}

[[Категорија:Годишни денови|509]]
[[Категорија:Годишни денови|509]]



Преработка од 09:43, 17 април 2010


<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

9 мај е 129-иот ден во годината според григоријанскиот календар (130-и во престапна година). Остануваат 236 денови до крајот на годината.

Настани:

1926  Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945  Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947  Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик — „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што било запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978  Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер Алдо Моро.

Родени:

1825  Џејмс Колинсон — англиски сликар.
1874  Хауард Картер — англиски египтолог.
1910  Љупчо Арсов — македонски револуционер.
1924  Булат Окуџава — советски поет, писател и музичар.
1945  Јуп Хејнкес — германски фудбалер и тренер.
1946  Кендис Берген — американска глумица и фото-модел.
1949  Били Џоел — американски поп-пејач.
1963  Сања Долежал — хрватска поп-пејачка, членка на групата „Нови фосили“.
1965  Сергеј Гаиков — руски кану-спринтер.
1968  Мари-Жозе Перек — француска атлетичарка.
1977  Марек Јанкуловски — чешки фудбалер.
1987  Кевин Гамеиро — француски фудбалер.
1988  Немања Бјелица — српски кошаркар.
1994  Давид Банаи — унгарски фудбалер.

Починале:

1805  Фридрих Шилер — еден од најпознатите германски поети и драмски писатели.
1903  Пол Гоген — француски сликар.
1957  Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1977  Хари Џонсон — канадски економист.
2010  Кирил Бујуклиев — македонски поет.
1924  Иван Ивањи — српски писател.

Празници:

Ден на победата над фашизмот
Ден на Европа.