<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

4 ноември — 308-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (309-и во престапна година). Остануваат 57 денови до крајот на годината.

Настани:

1814  Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз.
1893  (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944  Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004  САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Родени:

1575  Гвидо Ренииталијански сликар.
1840  Огист Роден — француски вајар.
1905  Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет.
1929  Мира Бањац — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
1953  Марина Туцаковиќ — српска авторка на текстови за песни.
1956  Џордан Рудесклавијатурист на американската група Dream Theater.
1959  Дејан Цукиќ — српски и југословенски рок-пејач.
1972  Луис Фиго — португалски фудбалер.
1975  Едуард Кокшаров — руски ракометар.
1978  Горка Вердуго — шпански велосипедист.
1992  Карлос Верона — шпански велосипедист.
1998  Ашраф Хакими — марокански фудбалер.
2001  Максим Мухин — руски фудбалер.

Починале:

1847  Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент.
1994  Сем Френсис — американски сликар.
1994  Фред Смит — американски рок-музичар.
2004  Владан Холец — српски и југословенски глумец.
2024  Оливера Николова — македоснка писателка.