Композитор
човек што твори музика
Композитор е личност која пишува музика. Терминот се однесува на некој кој пишува нотен текст врз основа на кој се изведува музика. Ова е и основната разлика помеѓу композитор и музичар.
Нивото на разлика помеѓу композиторите и музичарите исто така зависи од одредени параметри. На пример за време на класичниот музички период во Европа, функцијата на композитор и музичар не се разликувала драматично. Со текот на времето пишаните нотации на композиторите почнале да стануваат строго правило од кое музичарите не смееле да прават варијации.