Кањижа

град во Војводина, Србија

Кањижа (унгарски: Kanizsa или Magyarkanizsa) — град и општина во Севернобанатскиот округ во Војводина, Србија. Според пописот од 2011 година, во градот живеат 9,871 жител, додека во истоимената општина живеат 25,343 жители.

Кањижа
Magyarkanizsa
Општина и град
Зградата на градското собрание
Зградата на градското собрание
Грб на Кањижа
Кањижа is located in Србија
Кањижа
Кањижа
Местоположба во Србија
Координати: 46°04′N 20°03′E / 46.067° СГШ; 20.050° ИГД / 46.067; 20.050
Држава Србија
Покраина Војводина
ОкругСевернобанатски
Управа
 • ГрадоначалникРоберт Фејштамер
Површина
 • Град400 км2 (154 ми2)
Население (2011)
 • Град9.871
 • Метро25.343
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број24420
Повик. бр.+381(0)24
Регист. табличкиKA
Мреж. местоhttp://www.kanjiza.rs

Географија

уреди

Иако припаѓа на севернобанатскиот округ, територијата на општината Кањижа всушност се наоѓа во регионот Бачка. Територијата на општината се граничи со реката Тиса и со општината Нови Кнежевац на исток, со општината Сента на југ, со општината Суботица на запад и со границата на Унгарија на север.

Историја

уреди

Градот бил спомнат во хрониката Gesta Hungarorum под името Кенесна и, аспоред хрониката, припаѓал на војводството на бугарскиот војвода Салан кој управувал од Тител во 9. век.[1] Во првите пишани документи по унгарското освојување на Средна Европа, градот се споменува како Кнеса или Кенесна. Ова име дошло од словенскиот збор кнез. Во 1335 година, градот бил спомнат како Вила Каниса.[2]

Во првата половина на 16. век, градот бил управуван од Источното Унгарско Кралство, до 1552 година бил управуван од Османлиското Царство (Чанадски санџак). Ве периодот од 1686 до 1918, градот бил под контрола на Хабсбуршката монархија. Првично, тој бил дел од Хабсбуршката Воена Граница, но бил поставен под граѓанско управување во 1751 година. На почетокот на османслиското управување, локалното унгарско население ја напуштило областа. Во текот на отоманскиот период[2] и исто така во текот на првата деценија од хабсбуршкото управување, градот бил главно населен од етнички Срби. Унгарските колонисти од северните држави од Кралството Унгарија започнале да се населуваат тука во 1753 година и станале доминантна етничка група во градот.[3] Од 1918 година, градот бил дел од Кралството Југославија.

Демографски податоци

уреди

Етнички групи во општината

уреди

Населението во општината Кањижа се состои од:[4]

Сите населби во општината имаат унгарско мнозинство освен селото Велебит, кое главно е населено од Срби.

Етнички групи во градот

уреди

Населението во градот Кањижа се состои од:[5]

  • Унгарци= 8,319 (84.28%)
  • Срби= 894 (9.06%)
  • Други и неизјаснети = 658 (6.67%)

Значајни личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. http://keptar.niif.hu/000500/000586/magyaro-honf-terkep_nagykep.jpg
  2. 2,0 2,1 Početak nastanka (српски), Official website, Посетено на 2013-11-29
  3. Razdoblje posle Turaka (српски), Official website, Посетено на 2013-11-29
  4. „Population by ethnicity – Kanjiža“. Републички завод за статистика на Република Србија. Посетено на 23 February 2013.[мртва врска]
  5. „Population by ethnicity, urban settlements – Kanjiža“. Републички завод за статистика на Република Србија. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 23 February 2013.

Надворешни врски

уреди