Генадиј Ајги
Генадиј Николаевич Ајги (чувашки: Геннадий Николаевич Айхи), (21 август 1934, Шајмурзино, Батиревски Округ - 21 февруари 2006, Москва) — чувашки поет и преведувач. Неговата поезија е напишана и на чувашки и на руски јазик.
Генадиј Ајги Геннадий Айхи | |
---|---|
Роден/а | 21 август 1934 Чувашија, Руска СФСР, Советски Сојуз |
Починат/а | 21 февруари 2006 Москва, Русија | (возр. 71)
Потпис |
Животопис
уредиРоден е во селото Шајмурзино (Ченјал), Чувашија (СССР), се преселил во Москва во 1953 година и останал таму до крајот на својот живот. Ајги започнал да пишува поезија на чувашки јазик во 1958 година.
Во 2003 година Ајги учествувал на „меѓународниот литературен фестивал Берлин“ Архивирано на 22 февруари 2018 г..
Софија Губаидулина компонирала музика за неколку негови песни во нејзиниот циклус Jetzt immer Schnee („Сега секогаш снег“).
Неговиот син Алексеј Ајги е композитор.
Творештво
уредиНа чувашки јазик објавил седум книги:
- Музика за цел живот, 1962;
- Од името на татковците, 1958;
- Чекор, 1964;
- Расветлување, 1971;
- Јазол, 1975;
- Песни, 1980;
- Тестамент, 1988;
- Полиња близнаци, 1987;
- Три поеми за Малевич, 1989, и
- Сега постојано снег.
Награди
уредиМеѓу освоените признанија се:
- наградата Андреј Бели (1987),
- наградата Пастернак (2000),
- наградата на Француската академија (1972),
- наградата Петрарка (1993),
- Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1994 година, и
- наградата Јан Смрек (Братислава, Словачка).
Наводи
уреди- France, Peter (25 February 2006). „Obituary: Gennady Aygi“. The Guardian. Посетено на 23 November 2021.
Надворешни врски
уреди- Month-long tribute to Aygi Архивирано на 20 декември 2016 г. essay and collection of links
- Interview with Aygi's friend and translator Peter France at New Directions