Тренто
Тренто | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Тренто | |||
Поглед на градот | |||
Земја | Италија | ||
Регион | Трентино-Јужен Тирол | ||
Покраина | Трентино (TN) | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Франко Ианзели | ||
Површина | |||
• Вкупна | 157,9 км2 (610 ми2) | ||
Надм. вис. | 194 м | ||
Население (2020) | |||
• Вкупно | 120.709 | ||
• Густина | 76/км2 (200/ми2) | ||
Демоним | Трентини,Тридентини | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 38121-38122-38123 | ||
Повик. бр. | 0461 | ||
Светец-заштитник | Свети Вигилиј | ||
Слава | Јуни 26 | ||
Мреж. место | Матична страница |
Тренто (италијански: Trento, латински: Tridentum,германски: Trient) е град во северна Италија воедно и најголемиот град и административен центар на провинцијата Трентино-Јужен Тирол, како и административен центар на истоимената област Тренто.
Тренто е историски познат по трентскиот собир, важен настан во историјата на Римокатоличката црква.
Како и целата провинција Трентино-Јужен Тирол, Тренто е познат како високо развиен град. Според последните проценки за квалитетот на животот, Тренто е на прво место во цела Италија.
Географија
[уреди | уреди извор]Тренто се наоѓа во северниот дел на Италија, нешто помалку од 600 км северно од главниот град Рим и 60 км јужно од Болцано.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Тренто се наоѓа во јужниот дел на алпскиот регион, во делот со долните Алпи (т.н. Доломити). Градот се наоѓа во долината на реката Адиџе, опкружен со планини на запад и исток.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Тренто е континентална. Затоа, зимите се нешто поостри, а летата поблаги отколку во јужните делови на Италија.
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Реката Адиџе тече низ центарот на градот. 25 км на југ е езерото Гарда.
Историја
[уреди | уреди извор]Областа Тренто била населена уште од праисторијата . Се смета дека денешната населба е основана во IV милениум п.н.е.Подоцна бил освоен од Римјаните, во 1 век п.н.е, давајќи му го името на овој град Тридрнтум (лат.), што значи три рида.
На почетокот на средниот век, стратешката позиција на Тренто донела неколку бурни векови на владеење на варварските племиња (Готи, Визиготи, Ломбарди, Византијци). После тоа, градот потпаднал под влијание на баварските владетели. Бидејќи градот во тоа време бил важен рударски центар, бројни околни сили се бореле за превласт над градот. Во ова биле најдобрите локални епископи, кои постепено ја преземале световната власт над градот и неговата околина.
Во периодот 1545 - 63 годинасе одржал трентскиот собор, кој ја одредувал борбата на Римокатоличката црква против реформацијата.
Кога Наполеон во 1802 ја укина власта на црквата над градот, започнува времето на ненадејни историски промени за Падова. За време на Наполеонските војни, Тренто бил дел од неговото Кралство Италија, потоа бил дел од Баварија, а на крајот бил припоен кон Хабсбуршката Монархија и станал дел од крунската провинција Тирол. Оваа состојба останала во наредните сто години. Италијанското мнозинство во градот и неговата околина никогаш не го прифати владеењето на Хабсбург.
За време на Првата светска војна овде се случувале многу важни промени. Во тоа време, јужно од градот се случувале исцрпувачки битки меѓу армиите на Италија и Австроунгарија. По војната, со Договорот на Сен Жермен од 1919 г. јужниот дел на крунската провинција Тирол со Тренто и бил додаден на Италија. Населението од јужната половина на областа, населена со Италијанци (за разлика од северните делови), се согласи со ова.
Првиот италијански повоен устав предвидувал автономија за тогаш именуваната провинција Трентино-Алто Адиџе, чиј главен град би бил Тренто, но спроведувањето постојано се одложувало. Ова прашање ги затегнало односите меѓу Италија и Австрија до тој степен што бил изнесен пред Обединетите нации во 1960 година. Во покраината, меѓу локалните Германци се појавило силно сецесионистичко движење, кое е силно и денес. Тренто и неговата околина, како области населени со етнички Италијанци, не биле погодени од овој процес. Во меѓувреме се вкоренила автономијата на покраината, што довело до брз развој на покраината. Денес, провинцијата Трентино-Јужен Тирол се смета за италијанска провинција со највисок квалитет на живот, а Тренто е италијанскиот град со највисок квалитет на живот.
Население
[уреди | уреди извор]Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 114.198 жители.[1]
1931 | 1936 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
55.054 | 56.656 | 62.887 | 75.753 | 91.768 | 99.179 | 101.545 | 104.946 | 114.198 |
Во 2008 година Тренто имал нешто повеќе од 110.000 жители, што е 2 пати повеќе од пред еден век. Тренто има и значителна приградска област, со двојно повеќе жители.
Градот денес има значителен дел од имигрантското население. 93% од населението се италијански државјани. Останатите 7% се имигранти од целиот свет, но најмногу од Балканот.
Градови партнери
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- Швац
- Ерголдинг
- Хершинг ам Амерзе
- Нојфарн бај Фрајсинга
- Знојмо
Градови партнери
[уреди | уреди извор]- Приједор
- Славно
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Главниот плоштад и околните згради
-
Градската катедрала
-
Преторијанската палата
-
Обележје на Тренто, Куќа со фрески
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Statistiche I.Stat“. ISTAT. 28 декември 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|