Африкански куп на нации 2021
Африкански куп на нации 2021 | |
---|---|
Податоци | |
Домаќин | Камерун |
Траење | 9 јануари - 6 февруари |
Tимови | 24 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 6 (во 5 градови) |
Шампиони | Сенегал (1. титула) |
2. место | Египет |
3. место | Камерун |
4. место | Буркина Фасо |
Вкупно натпревари | 52 |
Вкупно голови | 100 (1.92 по натпревар) |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | Венсан Абубакар (8 гола) |
Најдобар играч | Садио Мане |
Најдобар голман | Едуар Менди |
2023 → ← 2019 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017. |
Африкански куп на нации 2021 (познато и како АФКОН 2021, односно КАН 2021) било 33-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а се одржало во Камерун од 9 јануари до 6 февруари 2022 година.[1][2]
Првично во план било турнирот да се одржи во летото 2021 година. Меѓуоа, поради неповолните климатски услови во тој период, КАФ издал соопштение дека турнирот ќе се одигра порано во јануари и февруари истата година.[3] Сепак, подоцна КАФ по втор пат го поместил датумот на одржување на турнирот; одлучено било дека првенство ќе се одигра на почетокот на 2022 година како последица на пандемијата од КОВИД-19 на просторот на целиот континент. Поради спонзорски причини, името Африкански куп на нации 2021 останало во употреба.[4]
Бранител на титулата била репрезентацијата на Алжир, која на турнирот во 2019 по втор пат во историјата станала шампион на Африка.
Турнирот го освоила репрезентацијата на Сенегал, која во финалето го победила Египет со 4-2 по изведување на пенали.[5] Тоа била првата титула за Сенегал на турнирите од Африканскиот куп на нации, по две изгубени финалиња во 2002 и на претходно одиграниот турнир во 2019. Третото место го освоил домаќинот на првенството, репрезентацијата на Камерун.
Избор на домаќин
[уреди | уреди извор]По состанокот на Извршниот комитет на КАФ на 24 јануари 2014 година, било објавено дека има тројца официјални кандидати за домаќинството на изданието во 2021 година:[6]
Кандидатури:
- Алжир
- Брегот на Слоновата Коска
- Гвинеја
Одбиени кандидатури:
- ДР Конго
- Габон
- Замбија
Одлуката на земјата-домаќин била одложена од почетокот на 2014 година за да и се даде на секоја земја-кандидат соодветно време да ја прими делегацијата за инспекција.[6] По последното гласање на состанокот на Извршниот комитет на КАФ, на 20 септември 2014 година, КАФ ги објавил домаќините за АФКОН турнирите во 2019, 2021 и 2023 година: според тоа Камерун ја добил кандидатурата за 2019, Брегот на Слоновата Коска за 2021 и Гвинеја за 2023 година.[7]
На 30 ноември 2018, КАФ му го одзел домаќинството на Камерун на Африканскиот куп на нации 2019 .[8] Сепак, претседателот на КАФ Ахмад Ахмад рекол дека се согласил Камерун да биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2021 година. Следствено, Брегот на Слоновата Коска, оригиналниот домаќин на турнирот во 2021 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2023, а Гвинеја, оригиналниот домаќин во 2023 година, ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нации во 2025 година.[9][10]
На 30 јануари 2019 година, претседателот на КАФ ја потврдил промената во распоредот, по состанокот со претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласане Уатара во Абиџан.[11]
Квалификувани репрезентации
[уреди | уреди извор]Следниве репрезентации се квалификувале за првенството.
Репрезентација | Квалификувана како | Датум на квалификување | Број на учества | Последно учество | Најдобар резултат | Пласман на ранг-листата на ФИФА пред почетокот на првенството |
---|---|---|---|---|---|---|
Камерун | Домаќин / Победник на групата Ф | 8 јануари 2019 | 20 | 2019 | Шампион (1984, 1988, 2000, 2002, 2017) | 50. место |
Сенегал | Победник на групата И | 15 ноември 2020 | 16 | 2019 | Финалист (2002, 2019) | 20. место |
Алжир | Победник на групата Х | 16 ноември 2020 | 19 | 2019 | Шампион (1990, 2019) | 29. место |
Мали | Победник на групата А | 17 ноември 2020 | 12 | 2019 | Финалист (1972) | 53. место |
Тунис | Победник на групата Ј | 17 ноември 2020 | 20 | 2019 | Шампион (2004) | 30. место |
Буркина Фасо | Победник на групата Б | 24 март 2021 | 12 | 2017 | Финалист (2013) | 60. место |
Гвинеја | Второпласиран во групата А | 24 март 2021 | 13 | 2019 | Финалист (1976) | 81. место |
Комори | Второпласиран во групата Г | 25 март 2021 | 1 | — | деби | 132. место |
Габон | Второпласиран во групата Д | 25 март 2021 | 8 | 2017 | Четвртфинале (1996, 2012) | 89. место |
Гамбија | Победник на групата Д | 25 март 2021 | 1 | — | деби | 150. место |
Египет | Победник на групата Г | 25 март 2021 | 25 | 2019 | Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) | 45. место |
Гана | Победник на групата Ц | 25 март 2021 | 23 | 2019 | Шампион (1963, 1965, 1978, 1982) | 52. место |
Екваторска Гвинеја | Второпласиран во групата Ј | 25 март 2021 | 3 | 2015 | Четврто место (2015) | 114. место |
Зимбабве | Второпласиран во групата Х | 25 март 2021 | 5 | 2019 | Групна фаза (2004, 2006, 2017, 2019) | 121. место |
Брег на Слоновата Коска | Победник на групата К | 26 март 2021 | 24 | 2019 | Шампион (1992, 2015) | 56. место |
Мароко | Победник на групата Е | 26 март 2021 | 18 | 2019 | Шампион (1976) | 28. место |
Нигерија | Победник на групата Л | 27 март 2021 | 19 | 2019 | Шампион (1980, 1994, 2013) | 36. место |
Судан | Второпласиран во групата Ц | 28 март 2021 | 9 | 2012 | Шампион (1970) | 125. место |
Малави | Второпласиран во групата Б | 29 март 2021 | 3 | 2010 | Групна фаза (1984, 2010) | 129. место |
Етиопија | Второпласиран во групата К | 30 март 2021 | 11 | 2013 | Шампион (1962) | 137. место |
Мавританија | Второпласиран во групата Е | 30 март 2021 | 2 | 2019 | Групна фаза (2019) | 103. место |
Гвинеја-Бисао | Второпласиран во групата И | 30 март 2021 | 3 | 2019 | Групна фаза (2017, 2019) | 106. место |
Зелен ’Рт | Второпласиран во групата Ф | 30 март 2021 | 3 | 2015 | Четвртфинале (2013) | 73. место |
Сиера Леоне | Второпласиран во групата Л | 15 јуни 2021 | 3 | 1996 | Групна фаза (1994, 1996) | 108. место |
Судии
[уреди | уреди извор]Следниве судии биле избрани да ја делат правдата на натпреварите од Африкански куп на нации 2021. Освен од КАФ, двајца судии доаѓаат од КОНКАКАФ.[12]
Главни судии
[уреди | уреди извор]- Мустафа Горбал
- Елдер Мартинс де Карваљо
- Џошуа Бондо
- Пасифик Ндабихавенимана
- Блез Јувен Нгва
- Махмуд Ел Бана
- Мохамед Маруф Еид Мансур
- Амин Омар
- Бамлак Тесема Вејеса
- Данијел Ларјеа
- Бакари Гасама
- Марио Ескобар
- Питер Ваверу
- Андофетра Ракотожаона
- Бубу Траоре
- Дахан Беда
- Ахмад Хералал
- Редуан Жијед
- Жан Жак Ндала Нгамбо
- Салима Мукансанга
- Магет Ндиаје
- Иса Си
- Бернард Камил
- Виктор Гомес
- Садок Селми
- Џени Сиказве
ВАР судии
[уреди | уреди извор]Ждрепка
[уреди | уреди извор]Ждрепката требала да се одржи на 25 јуни 2021, но е одложен за 17 август 2021.[2][13][14] Дваесет и четири репрезентации поделени се во четири групи, а секоја група се состои од шест екипи.
Прв шешир | Втор шешир | Трет шешир | Четврт шешир |
---|---|---|---|
Камерун (домаќин) |
Египет |
Зелен ’Рт |
Стадиони
[уреди | уреди извор]Со оглед на тоа дека бројот на учесниците на Африканскиот куп на нации се зголемил од шеснаест на дваесет и четири репрезентации, натпреварите на ова издание се одиграле на шест стадиони во пет градови во Камерун.[15] Тие шест стадиони биле: Олембе и Ахмаду Ахиџо во главниот град Јаунде, потоа Јапома во Дуала, стадионот Лимбе во истоимениот гра, Куеконг во Бафусам и Румде Аџија во Гаруа.[16] Првиот и последниот натпревар на првенството се одиграле на новоизградениот стадион Олембе во Јаунде чији капацитет изнесува 60.000 седечки места.[17]
Дуала | Јаунде | |||
---|---|---|---|---|
Стадион Јапома | Стадион Олембе | Стадион Ахмаду Ахиџо | ||
Капацитет: 50.000 | Капацитет: 60.000 | Капацитет: 42.500 | ||
Гаруа | Бафусам | Лимбе | ||
Стадион Румде Аџија | Стадион Куеконг | Стадион Лимбе | ||
Капацитет: 30.000 | Капацитет: 20.000 | Капацитет: 20.000 | ||
Групна фаза
[уреди | уреди извор]Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Позициите на табелата се одредуваат според бројот на освоените бодови (победа вреди три, реми еден и пораз нула бодови). Доколку две екипе имају ист број на бодова на крајот на групната фаза, позициите ќе се одредуваат според следните критериуми (по наведениот редослед) за да се утврди конечниот пласман (член 74 од Правилникот):[18]
- број на освоени бодови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
- гол-разлика во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
- број на постигнати голови во меѓусебните дуели помеѓу засегнатите екипи;
- доколку повеќе од две екипи се изедначени и ако две екипи се и понатаму изедначени, сите горенаведени критериуми важат исклучиво за тие две екипи;
- гол-разлика во сите натпревари во групата;
- број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
- ждрепка.
Сите времиња се локални, WAT (UTC+1).
Група А
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група A | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Камерун | 3 | 2 | 1 | 0 | 7 | 3 | +4 | 7 |
2. | Буркина Фасо | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 | 4 |
3. | Зелен ’Рт | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
4. | Етиопија | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | -4 | 1 |
9 јануари 2022 | Камерун | 2–1 | Буркина Фасо | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Мустафа Горбал |
9 јануари 2022 | Етиопија | 0–1 | Зелен ’Рт | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Елдер Мартинс де Карваљо |
13 јануари 2022 | Камерун | 4–1 | Етиопија | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Жан Жак Ндала Нгамбо |
13 јануари 2022 | Зелен ’Рт | 0–1 | Буркина Фасо | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Амин Омар |
17 јануари 2022 | Зелен ’Рт | 1–1 | Камерун | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Садок Селми |
17 јануари 2022 | Буркина Фасо | 1–1 | Етиопија | Бафусам |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Куеконг Судија: Ахмад Хералал |
Група Б
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група Б | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Сенегал | 3 | 1 | 2 | 0 | 1 | 0 | +1 | 5 |
2. | Гвинеја | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
3. | Малави | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
4. | Зимбабве | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 4 | -1 | 3 |
10 јануари 2022 | Гвинеја | 1–0 | Малави | Бафусам |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Куеконг Судија: Данијел Нил Ларјеа |
14 јануари 2022 | Сенегал | 0–0 | Гвинеја | Бафусам |
---|---|---|---|---|
14:00 |
Извештај | Стадион: Куеконг Судија: Бамлак Тесема Вејеса |
14 јануари 2022 | Малави | 2–1 | Зимбабве | Бафусам |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Куеконг Судија: Дахан Беида |
18 јануари 2022 | Зимбабве | 2–1 | Гвинеја | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Салима Мукансанга |
Група Ц
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група Ц | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Мароко | 3 | 2 | 1 | 0 | 5 | 2 | +3 | 7 |
2. | Габон | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 | 5 |
3. | Комори | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 5 | -2 | 3 |
4. | Гана | 3 | 0 | 1 | 2 | 3 | 5 | -2 | 1 |
10 јануари 2022 | Мароко | 1–0 | Гана | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Џошуа Бондо |
10 јануари 2022 | Комори | 0–1 | Габон | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Питер Ваверу |
14 јануари 2022 | Мароко | 2–0 | Комори | Јаунде |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Садок Селми |
14 јануари 2022 | Габон | 1–1 | Гана | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Лахлу Бенбрахам |
18 јануари 2022 | Габон | 2–2 | Мароко | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Дахан Бедиа |
18 јануари 2022 | Гана | 2–3 | Комори | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Румде Аџија Судија: Бубу Траоре |
Група Д
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група Д | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Нигерија | 3 | 3 | 0 | 0 | 6 | 1 | +5 | 9 |
2. | Египет | 3 | 2 | 0 | 1 | 2 | 1 | +1 | 6 |
3. | Судан | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 | 1 |
4. | Гвинеја-Бисао | 3 | 0 | 1 | 2 | 0 | 3 | -3 | 1 |
11 јануари 2022 | Нигерија | 1–0 | Египет | Гаруа |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Румде Аџија Судија: Бакари Гасама |
11 јануари 2022 | Судан | 0–0 | Гвинеја-Бисао | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Румде Аџија Судија: Иса Си |
15 јануари 2022 | Нигерија | 3–1 | Судан | Гаруа |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Румде Аџија Судија: Виктор Гомес |
15 јануари 2022 | Гвинеја-Бисао | 0–1 | Египет | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Румде Аџија Судија: Пасифик Ндабихавенимана |
19 јануари 2022 | Гвинеја-Бисао | 0–2 | Нигерија | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Румде Аџија Судија: Питер Ваверу |
19 јануари 2022 | Египет | 1–0 | Судан | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Џошуа Бондо |
Група Е
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група Е | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Брег на Слоновата Коска | 3 | 2 | 1 | 0 | 6 | 3 | +3 | 7 |
2. | Екваторска Гвинеја | 3 | 2 | 0 | 1 | 2 | 1 | +1 | 6 |
3. | Сиера Леоне | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 3 | -1 | 2 |
4. | Алжир | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 | 1 |
11 јануари 2022 | Алжир | 0–0 | Сиера Леоне | Дуала |
---|---|---|---|---|
14:00 |
Извештај | Стадион: Јапома Судија: Ахмад Хералал |
12 јануари 2022 | Екваторска Гвинеја | 0–1 | Брег на Слоновата Коска | Дуала |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Јапома Судија: Редуан Жијед |
16 јануари 2022 | Брег на Слоновата Коска | 2–2 | Сиера Леоне | Дуала |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Јапома Судија: Магет Н'Диаје |
16 јануари 2022 | Алжир | 0–1 | Екваторска Гвинеја | Дуала |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Јапома Судија: Марио Ескобар |
20 јануари 2022 | Брег на Слоновата Коска | 3–1 | Алжир | Дуала |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Јапома Судија: Виктор Гомес |
20 јануари 2022 | Сиера Леоне | 0–1 | Екваторска Гвинеја | Лимбе |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Лимбе Судија: Мохамед Маруф Еид Мансур |
Група Ф
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - група Ф | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Мали | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 1 | +3 | 7 |
2. | Гамбија | 3 | 2 | 1 | 0 | 3 | 1 | +2 | 7 |
3. | Тунис | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 2 | -2 | 3 |
4. | Мавританија | 3 | 0 | 0 | 3 | 0 | 7 | -7 | 0 |
12 јануари 2022 | Мавританија | 0–1 | Гамбија | Лимбе |
---|---|---|---|---|
17:45[note 1] |
Извештај |
|
Стадион: Лимбе Судија: Мустафа Горбал |
16 јануари 2022 | Тунис | 4–0 | Мавританија | Лимбе |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Лимбе Судија: Махмуд Ел Бана |
20 јануари 2022 | Гамбија | 1–0 | Тунис | Лимбе |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Лимбе Судија: Фернандо Гереро |
20 јануари 2022 | Мали | 2–0 | Мавританија | Дуала |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Јапома Судија: Бернар Камил |
Поредок на третопласираните екипи во групите
[уреди | уреди извор]Африкански куп на нации 2021 - Поредок на третопласираните екипи | |||||||||
Поз. | Екипа | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Бод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Зелен ’Рт | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
2. | Малави | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 4 |
3. | Тунис | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 2 | -2 | 3 |
4. | Комори | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 5 | -2 | 3 |
5. | Сиера Леоне | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 3 | -1 | 2 |
6. | Судан | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 | 1 |
Нокаут фаза
[уреди | уреди извор]Резултати
[уреди | уреди извор]Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
23 јануари – Лимбе | ||||||||||||||
Буркина Фасо (п) | 1 (7) | |||||||||||||
29 јануари – Гаруа | ||||||||||||||
Габон | 1 (6) | |||||||||||||
Буркина Фасо | 1 | |||||||||||||
23 јануари – Гаруа | ||||||||||||||
Тунис | 0 | |||||||||||||
Нигерија | 0 | |||||||||||||
2 февруари – Дуала | ||||||||||||||
Тунис | 1 | |||||||||||||
Буркина Фасо | 1 | |||||||||||||
25 јануари – Бафусам | ||||||||||||||
Сенегал | 3 | |||||||||||||
Сенегал | 2 | |||||||||||||
30 јануари – Дуала | ||||||||||||||
Зелен ’Рт | 0 | |||||||||||||
Сенегал | 3 | |||||||||||||
26 јануари – Лимбе | ||||||||||||||
Екваторска Гвинеја | 1 | |||||||||||||
Мали | 0 (5) | |||||||||||||
6 февруари – Јаунде (Олембе) | ||||||||||||||
Екваторска Гвинеја (п) | 0 (6) | |||||||||||||
Сенегал | 0 (4) | |||||||||||||
24 јануари – Бафусам | ||||||||||||||
Египет | 0 (2) | |||||||||||||
Гвинеја | 0 | |||||||||||||
29 јануари – Дуала | ||||||||||||||
Гамбија | 1 | |||||||||||||
Гамбија | 0 | |||||||||||||
24 јануари – Јаунде (Олембе) | ||||||||||||||
Камерун | 2 | |||||||||||||
Камерун | 2 | |||||||||||||
3 февруари – Јаунде (Олембе) | ||||||||||||||
Комори | 1 | |||||||||||||
Камерун | 0 (1) | |||||||||||||
26 јануари – Дуала | ||||||||||||||
Египет (п) | 0 (3) | Натпревар за 3. место | ||||||||||||
Брег на Слоновата Коска | 0 (4) | |||||||||||||
30 јануари – Јаунде (Олембе) | 6 февруари – Јаунде (Ахиџо) | |||||||||||||
Египет (п) | 0 (5) | |||||||||||||
Египет (прод.) | 2 | Буркина Фасо | 3 (3) | |||||||||||
25 јануари – Јаунде (Ахиџо) | ||||||||||||||
Мароко | 1 | Камерун (п) | 3 (5) | |||||||||||
Мароко | 2 | |||||||||||||
Малави | 1 | |||||||||||||
Осминафинале
[уреди | уреди извор]23 јануари 2022 | Буркина Фасо | 1–1 (прод.) | Габон | Лимбе |
---|---|---|---|---|
17:00 |
|
Извештај | Стадион: Лимбе Судија: Редуан Жијед |
23 јануари 2022 | Нигерија | 0–1 | Тунис | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Румде Аџија Судија: Магет Н'Дијае |
24 јануари 2022 | Гвинеја | 0–1 | Гамбија | Бафусам |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Куеконг Судија: Амин Омар |
24 јануари 2022 | Камерун | 2–1 | Комори | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај |
|
Стадион: Олембе Судија: Бамлак Тесема Вејеса |
25 јануари 2022 | Сенегал | 2–0 | Зелен ’Рт | Бафусам |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Куеконг Судија: Лалу Бенбрахам |
25 јануари 2022 | Мароко | 2–1 | Малави | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Пасифик Ндабихавенимана |
26 јануари 2022 | Брег на Слоновата Коска | 0–0 (прод.) (4-5 пен.) |
Египет | Дуала |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај | Стадион: Јапома Судија: Жан Жак Ндала Нгамбо | ||
Пенали | ||||
26 јануари 2022 | Мали | 0–0 (прод.) (5-6 пен.) |
Екваторска Гвинеја | Лимбе |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Лимбе Судија: Бакари Гасама | ||
Пенали | ||||
Четвртфинале
[уреди | уреди извор]29 јануари 2022 | Гамбија | 0–2 | Камерун | Дуала |
---|---|---|---|---|
17:00 |
Извештај |
|
Стадион: Јапома Судија: Пасифик Ндабихавенимана |
29 јануари 2022 | Буркина Фасо | 1–0 | Тунис | Гаруа |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Румде Аџија Судија: Џошуа Бондо |
30 јануари 2022 | Египет | 2–1 (прод.) | Мароко | Јаунде |
---|---|---|---|---|
16:00 |
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Магет Н'Дијае |
30 јануари 2022 | Сенегал | 3–1 | Екваторска Гвинеја | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај |
|
Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Виктор Гомес |
Полуфинале
[уреди | уреди извор]2 февруари 2022 | Буркина Фасо | 1–3 | Сенегал | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
|
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Бамлак Тесема Вејеса |
2 февруари 2022 | Камерун | 0–0 (прод.) (1-3 пен.) |
Египет | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Олембе Судија: Бакари Гасама | ||
Пенали | ||||
Натпревар за трето место
[уреди | уреди извор]5 февруари 2022 | Буркина Фасо | 3–3 (прод.) (3-5 пен.) |
Камерун | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Ахмаду Ахиџо Судија: Редуан Жијед | ||
Пенали | ||||
Финале
[уреди | уреди извор]6 февруари 2022 | Сенегал | 0–0 (прод.) (4-2 пен.) |
Египет | Јаунде |
---|---|---|---|---|
20:00 |
Извештај | Стадион: Олембе Судија: Виктор Гомес | ||
Пенали | ||||
Победник
[уреди | уреди извор]Победник на Африканскиот куп на нации 2021 |
---|
Сенегал 1. титула |
Конечен пласман на првенството
[уреди | уреди извор]# | Репрезентација |
---|---|
1 | Сенегал |
2 | Египет |
3 | Камерун |
4 | Буркина Фасо |
5 | Мароко |
6 | Гамбија |
7 | Екваторска Гвинеја |
8 | Тунис |
9 | Нигерија |
10 | Брег на Слоновата Коска |
11 | Мали |
12 | Габон |
13 | Малави |
14 | Гвинеја |
15 | Зелен ’Рт |
16 | Комори |
17 | Зимбабве |
18 | Сиера Леоне |
19 | Гана |
20 | Судан |
21 | Алжир |
22 | Гвинеја-Бисао |
23 | Етиопија |
24 | Мавританија |
Напомени
[уреди | уреди извор]- ↑ Натпреварот меѓу Мавританија и Гамбија првобитно требало да почне во 17:00 часот, но почетокот на натпреварот бил поместен за 17:45 поради технички проблеми до кои дошло за време на претходниот натпревар меѓу Тунис и Мали.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Cameroon to host 2019, Cote d'Ivoire for 2021, Guinea 2023“. CAF. 20 September 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „CAF Executive Committee put infrastructures as one of the main priorities“. CAF. 31 March 2021. Посетено на 1 April 2021.
- ↑ „Statement from the Organising Committee of the Total African Cup of Nations Cameroon 2021“. CAF. 15 January 2020.
- ↑ „Decisions of CAF Executive Meeting – 30 June 2020“. CAF. 30 June 2020.
- ↑ „Senegal 0 Egypt 0 (4-2 on pens)“. BBC Sport. 6 February 2022. Посетено на 7 February 2022.
- ↑ 6,0 6,1 „Decisions made by the CAF Executive Committee, convened January 24th 2014“ (PDF). Cafonline.com. 26 January 2014.
- ↑ „Nations Cup: 2019, 2012 and shock 2023 hosts unveiled by Caf“. BBC Sport. 20 September 2014.
- ↑ „Cameroon stripped of hosting 2019 Africa Cup of Nations“. BBC. 30 November 2018.
- ↑ „CAN 2019 : le pays hôte sera connu le 9 janvier“. Le Monde (француски). 10 December 2018.
- ↑ Etchells, Daniel (2019-01-08). „Egypt named as hosts of 2019 Africa Cup of Nations“. www.insidethegames.biz.
- ↑ „COTE D'IVOIRE AGREES CAF TIMETABLE SHIFT“. CAF. 30 January 2019.
- ↑ „TotalEnergies AFCON Cameroon match officials announced“. Confederation of African Football. 21 December 2021.
- ↑ „CAF postpones TotalEnergies Africa Cup final draw, new date to be set soon“. CAF. 6 June 2021. Посетено на 7 June 2021.
- ↑ „CAN 2021 : Le tirage au sort prévu au 15 août prochain“. 21 July 2021. Архивирано од изворникот на 2022-01-07. Посетено на 21 July 2021.
- ↑ Bongben, Leocadia (19 July 2017). „Cameroon government moves to ease 2019 AFCON fears“. BBC. Посетено на 26 July 2019.
- ↑ „The Six stadiums To Host Afcon 2021 Cameroon“. camer237.com. 25 July 2019. Посетено на 26 July 2019.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (3 December 2018). „Football: Ready or not, here we come“. The Africa Report.com.
- ↑ „Regulations of the Africa Cup of Nations“ (PDF). Confederation of African Football. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-05. Посетено на 2022-01-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Организациски комитет на Африканскиот куп на нации 2021 (јазик: француски)