Undertale
Undertale | |
---|---|
Изработувач(и) | Тоби Фокс |
Издавач(и) | Тоби Фокс |
Дизајнер(и) | Тоби Фокс |
Уметник(ци) | Теми Чанг |
Композитор(и) | Тоби Фокс |
Погон | GameMaker Studio |
Подлоги | |
Датум на издавање | 15 септември 2015
|
Жанр(ови) | игра со улоги |
Режим(и) | едноиграчки |
Undertale (се чита: Андертејл, буквално: Подземна приказна) — видеоигра со улоги развиена од американскиот програмер и композитор Тоби Фокс. Играчот управува дете што случајно паднало во бездна и завршило во Подземјето — голем свет изолиран од луѓето. Додека играчот се обидува да се врати дома, тој наидува на многу различни суштества, од кои некои се непријателски настроени кон него. За време на битките, играчот управува мало срце, кое ја симболизира душата на јунакот; Со избегнување на нападите на непријателот во стил „Bullet Hell“, играчот може да го убие или да го поштеди напаѓачот, што последователно ќе влијае на крајот. Крајот исто влијае и од заемодејството со други ликови надвор од битката.[1]
Играта била објавена за MacOS и Windows во септември 2015 г. Била пренесена и на Linux во јули 2016 г., на PlayStation 4 и PlayStation Vita во август 2017 г., на Nintendo Switch во септември 2018 г. и на Xbox One во март 2021 г. Играта била пофалена за нејзиниот тематски материјал, борбен систем, музичка придружба, оригиналност, приказна, дијалог и ликови. Играта се продала во повеќе од еден милион примероци и била предложена за повеќе признанија и награди.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Diaz, Ana (October 17, 2020). „Make Love, Not War: Five Years Of 'Undertale'“. NPR. Архивирано од изворникот October 18, 2020. Посетено на 2023-11-12.
- ↑ „Please Explain Why This Game is Considered so Good :: Undertale General Discussions“. steamcommunity.com (англиски). Посетено на 2024-05-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Undertale“ на Ризницата ? |