Прејди на содржината

Tenthredo vespa

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tenthredo vespa
Female of Tenthredo vespa
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. vespa
Научен назив
Tenthredo vespa
Retzius, 1783

Tenthredo vespa е вид растителна оса што припаѓа на семејството Tenthredinidae (обични пилести оси).[1]

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Овој вид може да се најде во поголемиот дел од Европа,[2] како и во западниот дел на Македонија.[3] Овие растителни оси претпочитаат жива ограда и крајбрежни ливади.

Ларва на T. vespa

Tenthredo vespa може да достигне должина од околу 11-12 метри. Овие оси имаат црна боја на главата и градниот кош. Првиот сегмент на антените е портокалов. Стомакот покажува црно-жолти ленти кои потсетуваат на оси (оттука и името на видот). Стомакот обично има жолти ленти на сегментите 1, 4 и 5, како и на 7, 8 и 9. Нивните крила имаат бледо кафеава боја, со темно место на врвовите.[4][5] Ларвите се белузлави или синкави, со дорзални триаголни, кафеави ознаки.

Tenthredo vespa, страничен поглед

Биологија

[уреди | уреди извор]

Возрасните единки може да се сретнат од мај до септември како се хранат со мали инсекти и со нектар и полен од цвеќиња (особено со штитоцветни). Ларвите се полифагозни, главно се хранат со Lonicera periclymenum, Fraxinus excelsior, Viburnum opulus.[4]

  1. „Encyclopedia of life“. Архивирано од изворникот на 2016-10-06. Посетено на 2021-01-27.
  2. „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-01-27.
  3. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 193-194
  4. 4,0 4,1 Commanster
  5. Nature Wonders

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]