Mountain Dew
Mountain Dew (буквално: Планинска роса) — безалкохолен, високогазиран пијалак, заштитен знак на американската компанија PepsiCo.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Изворниот рецепт бил измислен во Ноксвил во 1940-тите. Се појавил и во градовите Марион и Џонсон Сити. Во мигов, покрај жолто-зелениот пијалак, постојат неколку разновидности на него, кои се разликуваат по боја и вкус, вклучувајќи диететски и бескофеински.[2]
Mountain Dew исто така бил издаден во Обединетото Кралство од 1996 до 1998 г. Нов пијалак наречен „Mountain Dew Energy“ веќе е воведен на трговиштето за енергетски пијалаци во Обединетото Кралство. Во мигов, главниот асортиман на пијалаци под марката „Маунтин дју“ се произведува со употреба на сахароза, засладувачи (високофруктозен пченкарен сируп во обичните пијалаци, аспартам — во диеталните).
Исто така, Mountain Dew преведен од жаргонот на јужните држави значи „шверцуван алкохол“.
Лого
[уреди | уреди извор]Во 2008 г., PepsiCo Corporation објавила глобално ребрендирање. Последователно, сите логоа на произведените производи (Pepsi, 7UP, Mtn Dew, итн.) претрпеле брзи промени. И така, Mountain Dew има ново лого и скратено име MTN DEW.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mason, Doug (16 September 2007). „Drinking in History“. Knoxville News Sentinel. Архивирано од изворникот на 10 October 2014.
- ↑ Stanford, Duane D. (2012-04-17). „PepsiCo Aims to Bring Urban Cool to Mountain Dew Image: Retail“. Bloomberg. Архивирано од изворникот 26 February 2017. Посетено на 2012-11-17.
- ↑ Bridgforth, Dick (2007). Mountain Dew: The History (4. изд.). BookSurge Publishing. ISBN 978-1-4196-6087-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Mountain Dew“ на Ризницата ? |