ISO 3166-2
ISO 3166-2 претставува втор дел од ISO 3166 стандардот. Тоа е систем што е создаден за кодирање на имињата на административните единици на државите (ентитетите) и независните територии.
Целта на овој стандард е да втемели меѓународна серија кратенки за населените места, што би се употребувале на налепниците за пакување, на контејнерите, магацините и слично; во секоја прилика каде што краткиот азбучнобројчен код може да послужи за целосна идентификација на одредена локација, и тоа на соодветен и помалку двосмислен, односно нејасен начин, отколку кога би се користело целосното име на одредено населено место, односно назив на административната единица.
Постојат над 4000 различни кодови за исто толку административни единици ширум светот, според административната поделба во секој земја.
Официјалниот назив на ISO 3166-2 стандардот е "Codes for the representation of names of countries and their subdivisions -- Part 2: Country subdivision code".
ISO 3166-2 кодот се состои од два дела и е одделен со цртичка[1]. Првиот дел е ISO 3166-1 alpha-2 кодниот елемент, додека вториот дел е азбучно или бројчено и содржи еден, два или три симболи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ISO 3166-2“. International Organization for Standardization (ISO). Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2011-05-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ISO 3166-2 кодови на земјите во светот, CommonDataHub
- Административна поделба на земјите во светот Архивирано на 20 март 2009 г., eQuest
|