IEC 60027
IEC 60027 (порано IEC 27) е стандард на Меѓународната електротехничка комисија (IEC) за „азбучни симболи за употреба во електротехнологијата“. Стандардот е поделен на неколку дела:
- IEC 60027-1: Општо
- IEC 60027-2: Телекомуникации и електроника
- IEC 60027-3: Логаритамски и сродни количества и нивните единици
- IEC 60027-4: Симболи за количества за употреба кај вртливите (вртежни) електроуреди
- IEC 60027-6: Контролна технологија
- IEC 60027-7: Физиолошки количества и единици
Сроден стандард за физички големини и единици е ISO 31. Стандардите ISO 31 и IEC 60027 се прегледуваат и проверуваат од обете организации во соработка. Преработениот усогласен стандард се нарекува „ISO/IEC 80000 - Величини на единиците“. Тој го заменува ISO 31 и дел од IEC 60027.
Бинарни претставки
[уреди | уреди извор]Во 1999 г. е направено дополнување на IEC 60027-2[1] за бинарните претставки, што предизвикало извесен јавен интерес за стандардот. За него се расправа нашироко и до денес во информатичките кругови, бидејќи стандардот од корен ја укинува употребата на килобит со значење на кибибит, и килобајт со значење на кибибајт, исто како што IEC стандардите во минатото го замениле циклусот во секунда со значење на херц.
Усогласениот ISO/IEC стандард IEC 80000-13:2008 ги поништува и заменува потточките 3.8 и 3.9 од IEC 60027-2:2005 (оние што утврдуваат претставки за бинарни содржатели). Единствената значајна промена е додавањето на јасно утврдени дефиниции за извесни количества.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ NIST - преглед на IEC 60027-2 (англиски)
- ↑ Нови и стандарди Архивирано на 8 декември 2008 г. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- "Навод IEC 60027 Архивирано на 16 јануари 2009 г." (IEC каталог, www.iec.ch) (англиски) (француски)
- "IEC 60027-2 (август 2005) Изд. 3.0 Архивирано на 14 јуни 2011 г." (преглед) (англиски) (француски)