67P/Чурјумов-Герасименко
Изглед
67P/Чурјумов-Герасименко — комета која на 20 септември 1969 година, ја откриле советските астрономи Клим Иванович Чурјумов (руски: Клим Іванович Чурюмов) и Светлана Ивановна Герасименко (руски: Светлана Ивановна Герасименко), според кои кометата го добила својот назив.[1] 67П/Чурјумов-Герасименко станала позната по тоа што Европската вселенска агенција во 2004 година го пратила вселенското летало „Розета“, од кое што на 12 ноември 2014 година се одвоила сондата Филе која што по 7 часа слетала на кометата. Слетувањето на оваа сонда претставува прво слетување на комета во историјата.[2][3]
Извори
[уреди | уреди извор]„67P/Чурјумов-Герасименко“ на Ризницата ? |