28 октомври (настани)
Изглед
1492 | На првото патување преку Атлантскиот Океан, во потрага по нов пат до Индија, Кристофер Колумбо ја откри Куба. |
1947 | Во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков. |
1992 | Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој. |