1942
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1942 MCMXLII |
Ab urbe condita | 2695 |
Ерменски календар | 1391 ԹՎ ՌՅՂԱ |
Асирски календар | 6692 |
Бахајски календар | 98–99 |
Балиски календар | 1863–1864 |
Бенгалски календар | 1349 |
Берберски календар | 2892 |
Будистички календар | 2486 |
Бурмански календар | 1304 |
Византиски календар | 7450–7451 |
Кинески календар | 辛巳年 (мет. змија) 4638 или 4578 — до — 壬午年 (вод. коњ) 4639 или 4579 |
Коптски календар | 1658–1659 |
Етиопски календар | 1934–1935 |
Еврејски календар | 5702–5703 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1998–1999 |
- Сачка ера | 1863–1864 |
- Кали-југа | 5042–5043 |
Холоценски календар | 11942 |
Игбоански календар | 942–943 |
Ирански календар | 1320–1321 |
Исламски календар | 1360–1361 |
Јапонски календар | Шова 17 (昭和17年) |
Јавански календар | 1872–1873 |
Џуче-календар | 31 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4275 |
Мингуо-календар | Р. Кина 31 民國31年 |
Нанакшахи | 474 |
Тајландски сончев календар | 2485 |
Тибетски календар | 阴金蛇年 (женско железо-змија) 2068 или 1687 или 915 — до — 阳水马年 (машка вода-коњ) 2069 или 1688 или 916 |
1942 (MCMXLII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1942 година од новата ера, 942. од вториот милениум, 42. од XX век и трета од 1940-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7450 и 7451 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6692 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5702 и 5703 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2695.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1942 година се протега во 4578 и 4579, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4638 и 4639 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2485. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1360 и 1361 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
- 25 јануари - Тајланд им објавува војна на САД и Британија.
- 26 јануари - Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
февруари
[уреди | уреди извор]март
[уреди | уреди извор]април
[уреди | уреди извор]- 22 април - Над селото Лавци, Битолско, формиран е Битолскиот партизански одред „Пелистер“.
мај
[уреди | уреди извор]- 3 мај - Во судир со бугарската војска и полиција разбиен е Битолскиот партизански одред „Пелистер“.
- 9 мај - На судскиот процес во Скопје против учесниците во НОВ бугарскиот суд од обвинетите 45 лица (од кои на 20 им се судело во отсуство), осуди на смрт 18 борци, меѓу кои и Васил Антевски - Дрен, Периша Савелиќ и други.
јуни
[уреди | уреди извор]- 1 јуни - Мексико им објавува војна на Германија, Италија и Јапонија.
- 5 јуни - САД им објавува војна на Бугарија, Унгарија и Романија.
јули
[уреди | уреди извор]- 6 јули - Формиран е Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“.
август
[уреди | уреди извор]- 9 август - Во Индија британските сили го апсат Махатма Ганди.
- 22 август - Бразил им објавува војна на Германија и Италија.
септември
[уреди | уреди извор]- 14 септември - Бугарската полиција убива седум припадници на народно-ослободителното движење во близина на велешкото село Рудник.
- 19 септември - Бугарскиот окупатор извршува масакр во близина на прилепското село Дабница.
октомври
[уреди | уреди извор]- 17 октомври - Бугарската војска и полиција извршува масакр во селото Богомила.
- 24 октомври - Бугарската војска и полиција извршува масакр врз албанското население во велешкото село Долно Јаболчиште.
ноември
[уреди | уреди извор]- 26 ноември - Во Бихаќ е одржано Првото заседание на АВНОЈ.
декември
[уреди | уреди извор]Родени
[уреди | уреди извор]- 7 јануари - Божин Павловски, македонски писател
- 8 јануари - Џуничиро Коизуми, премиер на Јапонија од 2001-2006
- 17 јануари - Мухамед Али, американски боксер
- 12 февруари - Ехуд Барак, израелски премиер
- 25 март - Арета Френклин, американска пејачка
- 26 март - Ерика Јонг, американска писателка
- 28 март - Нил Кинок, британски политичар
- 17 јуни - Мохамед ел Барадеј, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, од Египет
- 18 јуни - Пол Мекартни, британски музичар
- 13 јули - Харисон Форд, американски глумец
- 27 ноември - Џими Хендрикс, американски музичар
- 21 декември - Ху Ѓинтао, кинески претседател
Починале
[уреди | уреди извор]- 4 јануари - Орце Николов, македонски комунист, учесник во НОВ
- 7 јануари - Крсто Трајков, македонски револуционер
- 22 јануари - Рачо Петров, бугарски офицер и политичар
- 22 февруари - Штефан Цвајг, австриски писател
- 2 март - Борка Талески, македонски комунист, учесник во НОВ
- 2 март - Лазо Колевски, македонски комунист, учесник во НОВ
- 24 април - Вангел Тодоровски, македонски комунист, народен херој
- 3 мај - Таки Даскало, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Елпида Караманди, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Мара Јосифоска - Ѓурѓа, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Ордан Михајлоски - Оцка, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Торвалд Стаунинг, дански премиер
- 9 мај - Орде Чопела, македонски комунист, учесник во НОВ
- 23 мај - Ташко Караџа, македонски комунист од Егејска Македонија
- 4 јуни - Рајнхард Хајдрих, германски нацист
- 9 јули - Цветан Димов, македонски комунист, народен херој
- 23 јули - Никола Вапцаров, македонски поет
- 23 јули - Антон Попов, македонски поет
- 30 јули - Марко Христов, македонски револуционер
- 15 август - Спас Банџов, учесник во Шпанската граѓанска војна
- 18 август - Васил Антевски - Дрен, македонски комунист, учесник во НОВ
- 18 август - Периша Савелиќ, црногорски комунист, учесник во НОВ во Македонија
- 12 септември - Мите Богоевски, македонски поет и комунист, народен херој
- 12 септември - Стеван Наумов - Стив, македонски комунист, народен херој
- 19 септември - Рампо Левков - Левката, македонски комунист, народен херој
- 1 ноември - Благој Ѓорев, македонски комунист, учесник во НОВ
- 6 декември - Невена Георгиева - Дуња, македонски комунист, учесник во НОВ
- 19 декември - Мице Козароски, македонски комунист, учесник во НОВ
- 21 декември - Киро Нацев, македонски комунист, народен херој