1800-ти
Изглед
< 1790-ти | 1800-ти | 1810-ти > | |||||||
1800 | 1801 | 1802 | 1803 | 1804 | 1805 | 1806 | 1807 | 1808 | 1809 |
Настани
[уреди | уреди извор]Настани во Македонија
[уреди | уреди извор]Настани во светот
[уреди | уреди извор]- 1800 — Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победил австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освоил Италија.
- 1800 — Малта била освоена од Велика Британија.
- 1801 — Кралството Велика Британија и Кралството Ирска се обединиле во Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска.
- 1802 — Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
- 1803 — САД ја удвоиле својата површина со купување на Луизијана од Наполеон Бонапарт.
- 1803 — започнале Наполеоновите војни кои ќе траат сè до 1815 година.
- 1804 — Хаити изборил независност од Франција
- 1804 — Франц Јосиф станал првиот цар на Австриското Царство.
- 1804 — Наполеон Бонапарт се крунисал за цар на Франција како Наполеон I.
- 1804 — започнало Првото српско востание.
- 1805 — француско-шпанската флота била поразена од Британците во Битката кај Трафалгар.
- 1805 — Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала.
- 1805 — Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
- 1806 — со одлуката на Луневилскиот мир престанало да постои Светото Римско Царство.
- 1806 — Француската војска влегла во Дубровник.
- 1806 — Велика Британија го окупирала ’Ртот на Добра Надеж.
- 1806 — По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт триумфално влегол во Берлин.
- 1807 — Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија.
- 1807 — Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска ја прогласило трговијата со робје за незаконска.
- 1807 — Првиот американски пароброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот.
- 1807 — Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт.
- 1808 — започнала Војната за шпанска независност.
- 1808 — укината Дубровничката Република.
- 1808 — Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена
- 1809 — завршила Финската војна, после која Русија од Шведска ја презела Финска.
- 1809 — Наполеон Бонапарт го расформирал Тевтонскиот ред.
Личности
[уреди | уреди извор]- ...
Откритија
[уреди | уреди извор]- 1801 — Јохан Вилхелм Ритер го открил ултравиолетовото зрачење.
- 1801 – откриен астероидот Церера кој во 2006 година е преквалификуван во планета.
- 1802 – откриен астероидот Палада.
- 1804 – откриен астероидот Јунона.
- 1804 – од опиумот бил издвоен морфиумот.
- 1807 – откриен астероидот Веста.