16 јануари
Изглед
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
16 јануари — 16-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 349 денови до крајот на годината (350 во престапна).
Настани:
27 п.н.е. | Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула. |
1492 | Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I. |
1547 | Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. |
1605 | Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес. |
1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
1920 | Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
1945 | Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна. |
1979 | Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини. |
1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
2020 | Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија. |
Родени:
1853 | Андре Мишлен — француски индустријалец. |
1924 | Александар Тишма — српски и југословенски писател. |
1933 | Сузан Зонтаг — американска писателка. |
1935 | Удо Латек — германски фудбалер и тренер. |
1940 | Лепа Лукиќ — српска фолк-пејачка. |
1948 | Џон Карпентер — американски режисер и сценарист. |
1950 | Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can). |
1956 | Тадија Качар — српски и југословенски боксер. |
1956 | Џеарлс Хендерсон — американски кошаркар. |
1957 | Митар Мириќ — српски фолк-пејач. |
1959 | Шаде — англиска поп-пејачка. |
1961 | Хари Варешановиќ — босански поп-пејач. |
1962 | Златко Портнер — југословенски ракометар. |
1974 | Кејт Мос — британска манекенка. |
1979 | Алија — американска пејачка. |
1980 | Ларс Бак — дански велосипедист. |
1980 | Сејду Кејта — фудбалер од Мали. |
1981 | Ник Валенси — американски рок-музичар, член на групата Строукс (The Strokes). |
1984 | Серхио Пардиља — шпански велосипедист. |
1984 | Штефан Лихтштајнер — швајцарски фудбалер. |
1985 | Пабло Забалета — аргентински фудбалер. |
1995 | Такуми Минамино — јапонски фудбалер. |
Починале:
1927 | Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите. |
1936 | Алберт Фиш — американски сериски убиец. |
1957 | Артуро Тосканини — италијански диригент. |
1962 | Иван Мештровиќ — хрватски вајар. |
1991 | Густав Влахов — првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник. |
1997 | Олга Милосавлева — македонска балерина, кореограф и педагог. |
2008 | Никола Кљусев — македонски премиер. |
2012 | Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент. |
2012 | Џина Лолобриџида — италијaнска глумица. |