Движење
- За движењето како физичка појава, видете Движење (физика).
Движењето е едно од основните својства на живите суштества. Разликите во движењата помеѓу растенијата и животните се должат на разликите во исхраната. Храната на растенијата им е секогаш достапна и нив не им е потребно движење од едно до друго место. Наспроти нив, животните во потрага по храна поминуваат огромни растојанија. За ваквите движења кај нив се развиени посебни органи, кои кај растенијата не постојат.
Движење во животинскиот свет
[уреди | уреди извор]Најпрост начин на движење во животинскиот свет е амебовидното. Тоа се врши на тој начин што протоплазматичните псевдоподии (лажни ножиња, односно продолжетоци) се испуштаат во еден правец, а потоа целата протоплазма се ,,прелива" во тој дел и така животното се движи. Ова движење се среќава само кај амебата и нејзините сродници, додека кај многуклеточните животни ова движење е ограничено само на некои клетки од самиот организам, како на пример леукоцитите.
Многу без‘рбетници имаат во составот на своето тело цевчеста мускулатура со чија активност се движат. Така се движи дождовниот црв. Без‘рбетниците со егзоскелет имаат мускули од внатрешната страна на скелетот, односно под него. За главонозите, на пример, карактеристично е што имаат мошне активни напречно-пругави мускули кои се прицврстени од внатрешната страна на нивниот егзоскелет. Благодарејќи на способноста на напречно-пругавите мускули да вршат брзи контракции, членконогите можат многу брзо да се движат.Од без‘рбетниците, егзоскелет од варовник имаат и иглокожите, мекотелите и др. Движењата на овие животни се бавни.
‘Рбетниците се одликуваат со егзоскелет за кој се прицврстени напречно-пругавите мускули. Врската на телесните мускули со коските е мошне цврста и благодарејќи на мускулното движење и испружување можат да се движат одделните делови на скелетот, кои извршуваат некаква работа притоа.
Движење во растителниот свет
[уреди | уреди извор]Според тоа дали се движи целиот организам или само одделни органи, се разликуваат два типа на движења кај растенијата: локомоторни и органомоторни.
Локомоторните движења се ограничени само на некои едноклеточни организми и на ] на некои виши растенија.
Органомоторните движења се покарактеристични за посложените растенија. Тие се нарекуваат тропизми:
- Фототропизам - реагирање на растението на светлина - тоа ги врти своите листови кон изворот на светлината;
- Геотропизам - реагирање на гравитацијата - од семето секогаш коренот расте позитивно геотропно, додека стеблото негативно геотропно.
- Хидротропизам - реагирање на вода - корењата на растенијата секогаш растат и се движат кон водата, дури и ако треба да ја пренебрегнат силата оторен систем]]
Движењето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Движењето се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
- „Движење“ - песна на рускиот поет Николај Заболоцки од 1927 година.[1]
- „За движењата“ (O kretnjama) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[2]
- „Движење“ - песна во проза на францускиот поет Артур Рембо.[3]
- „Движење“ (Moving) - песна на англиската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[4]
- „Движење“ (Movement) - албум на англиската поп-група „Њу Ордер“ (New Order) од 1981 година.[5]
- „Бесмислени движења“ (Meaningless Movements) - песна на бразилската треш-метал група „Сепултура“ (Sepultura) од 1991 година.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 205.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 28.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 116-117.
- ↑ YouTube, Kate Bush - Moving (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ YouTube, NEW ORDER MOVEMENT 1981 AUDIO VINIL (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ DISCOGS, Sepultura – Arise (пристапено на 25.8.2019)