Прејди на содржината

Чака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чака
Цар на Бугарија
Монета на Чака
На престол1299–1300
ПретходникИван II
НаследникТеодор Светослав
Роден(а)1242
Будимпешта
Починал(а)1300
Трново
СопружникЕлена
ДецаКара Ќучук
ДинастијаBorjigin
ТаткоНогај кан
МајкаАлака

Чака (бугарски: Чака) владеел како цар на Бугарија од 1299 до 1300. Тој бил син на монголскиот владетел Ногај и неговата жена Алака. Некаде после 1285 Чака се оженил со Елена, ќерка на бугарскиот цар Георги Тертер I. Во доцните 1290ти, Чака го поддржал неговиот татко Ногај во војната против законскиот хан на Златната Орда, Токтај. Токтај го победил и го убил Ногај во 1299.

Чака ги предводел неговите поддржувачи во Бугарија, ги набркал царот Иван II и неговата мајка која била регент, и се поставил за владетел на Трново во 1299. Не е сосема познато дали владеел како цар на Бугарија или едноставно дејствувал како сизерен на братот на неговата жена, Теодор Светослав. Од бугарската историографија е прифатен како владетел на Бугарија.

Чака не уживал долго во својата нова позиција на моќ, бидејќи војските на Токтај го следеле во Бугарија и го опседнале Трново. Теодор Светослав, кој бил клучен во преземањето на власта од страна на Чака, организирал заговор во кој Чака бил затворен и убиен во 1300. Неговата глава била испратена на Токтај, кој за возврат ја осигурал позицијата на Теодор Светослав за нов цар на Бугарија. Изгледа дека соработката на Теодор Светослав придонела за повлекување на монголското мешање во Бугарија.