Прејди на содржината

Хоаким Родригес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хоаким Родригес
Родригес на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеХоаким Родригес Оливер
ПрекарЕл Пурито
Роден12 мај 1979(1979-05-12)(45 г.)
Барселона,  Шпанија[1]
Висина1,69 м[2]
Маса57 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици и искачување
Професионални клубови
2001–2003
2004–2005
2006–2009
2010–2016
ONCE
Соние Дувал-Продир
Кес д’Епарњ-Илес Балеарс
Катјуша
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2012)
2 поединечни етапи (2012)
Тур де Франс
3 поединечни етапи (2010, 2015)
Вуелта а Еспања
Планински пласман (2005)
Комбиниран пласман (2015)
9 поединечни етапи (2003, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015)

Етапни трки

Волта а Каталуња (2010, 2014)
Трка околу Баскија (2015)
Вуелта а Бургос (2011)
Сетмана Каталана (2004)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2007)
Џиро ди Ломбардија (2012, 2013)
Флеш Валон (2012)

Друго

Светска турнеја на UCI (2010, 2012, 2013)
Последна промена
10 јануари 2017

Хоаким Родригес Оливер (шпански: Joaquim Rodríguez Oliver; р. 12 мај 1979 во Барселона) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално се натпреварувал од 2001 до 2016 година.

Негови познати резултати на големите трки се десет етапни победи, второ место во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2012 и трето место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања во 2010 и 2012. Исто така, ги освоил светските серии на UCI во 2010, 2012 и 2013 година и ги освоил класиците, како што се Флеш Валон и Џиро ди Ломбардија двапати (2012 and 2013). Ги освоил етапните трки Волта а Каталуња двапати (2010 и 2014), Трката околу Баскија 2015 и Вуелта а Бургос 2011.

Личен живот и рана кариера

[уреди | уреди извор]

Родригес е роден во Барселона, син на аматерски возач во 1960-тите и подоцна живеел во Паретс дел Валес. Неколку години подоцна се преселил во Баскија да вози за Ибердрола, аматерска екипа поврзана со професионалната велосипедска екипа ONCE.[1][3]

Неговиот прекар во главната група е Purito, шпански за мала пура, име кое му било дадено во почетната сезона во кампот за тренирање во текот на неговата прва година како професионалец со ONCE. Кога некои од неговите совозачи го засилиле темпото на мало искачување, тој ги поминал правејќи им гест со раката дека пуши пура, навестувајќи им дека тој се искачува без многу напор. Гестот не бил поздравен од неговите колеги, кои го натерале да испуши вистинска пура подоцна на трката.[4][5][6]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

ONCE (2000–2003)

[уреди | уреди извор]

Во 2001 станал професионалец со ONCE, откако возел за екипата на крајот на 2000 како практикант. Во 2001, во текот на неговата прва сезона како професионалец, тој ја освоил Ескалада а Монхуик, трка која се одржува во Барселона.[7] Во 2003 ја освоил шестата етапа на Париз-Ница,[8] додека исто така ги освојува екипните хронометри со ONCE на Волта а Каталуња и Вуелта а Еспања.

Соние Дувал-Продир (2004-2005)

[уреди | уреди извор]

Во 2004 му се придружил на Соние Дувал-Продир и ја освоил Сетмана Каталана, етапна трка, која се одржува во Каталонија. Следната година ја освоил Субида а Уркиола и планинскиот пласман на Вуелта а Еспања, додека завршил втор на Класика де Сан Себастијан и Вуелта а Бургос.[9]

Кејс д’Епарњ (2006-2009)

[уреди | уреди извор]

Откако се придружил на Кес д’Епарњ-Илес Балеарс во 2006, ја освоил петтата етапа на Париз-Ница. Во 2007 станал шпански друмски првак и исто така ја освоил Класика Примавера и Пруеба Вилјафранка де Ордизија. Во 2008 ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико по искачување од 1,7 километри со наклон од над 20%, кое принудило многу велосипедисти да се откажат и да продолжат пешки и да ги носат своите велосипеди или движење во цик-цак, бидејќи искачувањето било престрмно за нормално возење и само малкумина успеале во тоа.[10] Завршил осми на Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж. Подоцна во сезоната завршил шести на Вуелта а Еспања. Во 2009 ја повторил етапната победа до Монтелупоне на Тирено-Адријатико, додека завршил втор на Лиеж-Бастон-Лиеж. Втората половина на сезоната била обележана со победа на етапа на Вуелта а Бургос, седмо место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања и бронзен медал на друмската трка на Светското првенство во Мендрисио.[11]

Катјуша (2010-2016)

[уреди | уреди извор]

Во 2010 ѝ се придружил на руската екипа Катјуша, која му обезбедила место на Тур де Франс и водечка улога во некои трки во текот на сезоната.[11][12] Во почетокот на сезоната ја освоил Волта а Каталуња, UCI ProTour трка, која се одржува околу Каталонија, а подоцна го освоил ГП Мигел Индураин и етапа на Вуелта ал Паис Васко, каде на крај завршил трет. Исто така завршил втор зад Кедел Еванс на Флеш Валон. На Тур де Франс ја освоил етапата до Манд, која завршувала на врвот Côte de la Croix Neuve, со целта на пистата на аеродромот Манд.[13] Родригес завршил осми на Тур де Франс. Тој продолжил со силната форма во текот на сезоната со петто место на Класика де Сан Себастијан и четврто место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања, победувајќи на етапата до Пења Кабарга.[14] Родригес се искачил на врвот во Светскиот ранкинг на UCI на крајот на сезоната.[15]

Родригес на Критериум ду Дофине 2011

Во 2011 освоил етапа на Вуелта ал Паис Васко и завршил втор зад Филип Жилбер на двете трки, Амстел Голд Рејс и Флеш Валон. Подоцна завршил петти на Џиро д‘Италија и ги освоил етапите до Алевард и Ла Тусиар на Критериум ду Дофине, каде ги освоил и бодовниот и планинскиот пласман и завршил петти во генералниот пласман. Го пропуштил Тур де Франс за да се сконцентрира на трките на крајот на сезоната, главно на Вуелта а Еспања, каде бил сметан за можен кандидат за победа на целата трка.[16] Ја започнал втората сезона од сезоната, завршувајќи четврти на Класика де Сан Себастијан и освојувајќи го генералниот пласман и етапа на Вуелта а Бургос. Ја започнал Вуелта со етапни победи во Валдепењас де Хаен и Сан Лорензо де ел Ескоријал, каде ја презел и водечката маичка, но набрзо ја загубил и така на крај завршил деветти.[17] Ја завршил сезоната со трето место на Џиро ди Ломбардија.

Родригес (десно) разговара со предводникот на трката Хуан Хосе Кобо во текот на Вуелта а Еспања 2011.

На 18 април 2012 го освоил Флеш Валон во Белгија со одлично искачување на Мур де Хуј. Родригес ја покажал добрата форма и на Џиро д’Италија, каде освоил две етапи и завршил втор во генералниот пласман зад Канаѓанецот Рајдер Хесједал. Особено добар се покажал со другите соперници на планините и ја чувал својата maglia rosa до последниот поединечен хронометар, каде загубил 47 секунди од Хесједал, притоа губејќи го и водството од 16 секунди. Меѓутоа, ја освоил маичката за бодовниот пласман, со многу мало водство од еден бод (139 пред 138) во однос на Марк Кевендиш.[18]

На Вуелта а Еспања, Родригес скоро и да стигнал до победа на етапата 3, но Алехандро Валверде го поминал од неговата десна страна и му ја украл победата во фотофиниш и ја облекол црвената маичка.[19] На следната етапа се случил голем пад во кој бил вклучен и Валверде. Родригес го преземал водството во генералниот пласман, стигнувајќи на целта со група на врвот на искачувањето во Ордуња.[20] Ја освоил шестата етапа, која во поголем дел била рамна, но возачите морале да се соочат со искачување од трета категорија близу целта, која се наоѓала на врвот на последното искачување во Хака. На 500 метри до крајот, Крис Фрум отпочнал напад кој само Родригес можел да го следи, пред да го одмине возачот на Тим Скај и да дојде до победи и дванаесет секунди бонус.[21] Сценариото се повторило на етапата 12, каде Родригес избегал од водечката група со Алберто Контадор на последното искачување на дено, многу стрмното искачување Мирадор де Езаро. Двоецот се одвоил на делница која преминувала 20% наклон и Родригес набрзо забрзал и го поминал Контадор со што стигнал до втората етапна победа на Вуелта и осум секунди разлика пред Шпанецот.[22] На планинската етапа 14, Родригес го повторил истиот трик на последното искачување, каде Контадор нападнал на два километри пред крајот и многу веројатно ќе стигнел до победа. Родригес бил зад него, неговиот соперник повторно нападнал и Родригес го стигнал и го поминал за победа.[23] Ужасна пресвртница се случила на етапата 17, каде Контадор заминал во бегство и стигнал до победа сам, додека Родригес не можел да одговори и бил поместен на третото место во генералниот пласман.[24] И покрај неговите напади на претпоследната етапа на стрмното искачување на Бола дел Мондо, Родригес не можел да го подобро неговото трето место, иако добил одредено време во однос на Контадор.[25]

Родригес заминал во Италија да настапи на Џиро ди Ломбардија, каде имал можност да дојде до првото место во Светската турнеја држено од Бредли Вигинс. Успеал во тоа, победувајќи на трката во услови на пороен дожд и температури околу 10 °C. Нападнал на последното искачување на трката „Вила Вергано“. Пристигнал на врвот на искачувањето сам и се спуштил до Леко, освојувајќи ја победата со разлика од 9 секунди.[26]

Родригес се искачува на Мон Венту на етапата 15 на Тур де Франс 2013. Тој е на левата страна на сликата во црвено-белиот дрес на Катјуша.

Во 2013 година, Родригес ја започнал неговата сезона со освојувањето на четвртата етапа на Трката околу Оман, каде завршил како четврти во генералниот пласман. Подоцна ја освоил петтата етапа на Тирено-Адријатико и завршил како 5. во генералниот пласман.[27] Пурито возел на Волта а Каталуња и Лиеж-Бастон-Лиеж, каде на обете трки завршил како втор зад Даниел Мартин. Подоцна, Родригес целел на добар резултат на Тур де Франс.

На Тур де Франс, Родригес имал слаб почеток и по првиот хронометар на етапата 11, Родригес бил 11. во генералниот пласман со над пет минути зад предводникот на трката. Родригес завршил како четврти на етапата 15 на Мон Венту, влегувајќи во првите десет во генералниот пласман. Подоцна завршил трет на планинскиот хронометар. На етапата 18 се искачил во првите пет откако завршил петти на Алп д’Ез, добивајќи минута во однос на предводникот на трката Крис Фрум. На етапата 20 до Анси-Семноз завршил втор зад Наиро Кинтана. Меѓутоа, Родригес успеал да биде на подиумот на крајот, добивајќи минута во однос на Алберто Контадор и Роман Кројцигер.[28]

По Тур де Франс земал долга пауза и потоа се вратил како предводник на Катјуша на почетокот на Вуелта а Еспања 2013, трка на која на двапати се нашол на подиумот во минатото. Како еден од фаворитите на почетокот на трката, Родригес ја освоил деветнаесеттата етапа и завршил четврти во генералниот пласман, со повеќе од три минути зад победникот Крис Хорнер.[29] Потоа настапил на Светските првенства, каде останал без виножито-маичката, откако бил достигнат од крајниот победник Руј Кошта во последниот километар. Една недела подоцна, Родригес се одмаздил за овој пораз на Џиро ди Ломбардија, освојувајќи го италијанскиот класик втора година по ред со совршено испланиран напад на искачувањето Вила Вергано.[30]

Прва трка во сезоната на која настапил Родригес била Тур де Сан Луис, каде завршил на 71. место, без да има некој особен резултат. Потоа, каталонскиот возач настапил на Тур де Дубаи и Трката околу Оман, каде на крајот завршил четврти, зад Крис Фрум, Тиџеј ван Гардерен и Ригоберто Уран.[31] Првпат во четири години, „Пурито“ го избегнал Тирено-Адријатико, одлучувајќи да се спрема за арденските класици. Потоа настапил на Волта а Каталуња, каде ја освоил третата етапа и генералниот пласман, вторпат во неговата кариера.[32] Родригес бил приморан да се откаже од Џиро д’Италија откако имал сериозен пад на шестата етапа во кој се здобил со скршено ребро и фрактура на палецот.[33] На Вуелта а Еспања завршил надвор од подиумот, на четвртото место во генералниот пласман.[34]

Родригес ја започнал релативно доцна новата сезона и тивко, освојувајќи го тринаесеттото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Се искачил на третото скалило на подиумот двапати на етапите на трката. Првата победа во сезоната ја имал на планинската трета етапа на Трката околу Баскија, претекнувајќи ги Наиро Кинтана и Серхио Енао по спустот во Зумарага.[35] Ја повторил победата уште следниот ден, на кралската етапа, победувајќи во спринт по последното искачување.[36] На завршниот хронометар, Родригес завршил втор и го претекнал предводникот во трката Серхио Енао за 13 секунди за победа на трката.[37] На арденските класици, завршил четврти на Флеш Валон.[38] Потоа, стигнал до подиум на Лиеж-Бастон-Лиеж откако бил претекнат од Алехандро Валверде и Жилијан Алафилип.[39]

На Тур де Франс, Родригес ја освоил третата етапа завршувајќи на Мур де Хуј. „Мур де Хуј е нешто што го знам екстремно добро — го имам видено претходно“, изјавил Шпанецот во врска со искачувањето кое секоја година е вклучено на трката Флеш Валон.[40] Родригес исто така ја освоил и дванаесеттата етапа, негова прва победа на планинска етапа на Тур де Франс.[41]

Родригес се мачел во првиот дел од сезоната, делумно поради болест,[42] меѓутоа се опоравил некако со петтото место на Трката околу Баскија.[43] Негова цел за Тур де Франс била завршница во првите десет во генералниот пласман и започнал силно, задржувајќи го третото место по првата етапа на Пиринеите.[44] На првиот ден за одмор на Тур, Родригес најавил дека ќе се повлече од возење на крајот на сезоната, потврдувајќи дека се надева дека ќе настапи на Олимпијадата и на Вуелта а Еспања пред крајот на годината.[45] Подоцна, неговите резултатите ослабеле во втората седмица на трката, паѓајќи на 12. место во генералниот пласман по неколку лоши дена. Меѓутоа во последната недела, со напад на завршната планинска етапа во опасно време се искачил до седмото место во генералниот пласман. На завршната етапа, Родригес имал чест да ја води групата на Шанзелизе за да го одбележи последниот настап на трката.[44]

По Тур, учествувал на Класика де Сан Себастијан, каде завршил четврти и бил награден како најборбен возач. По трката изјавил за медиумите дека Класика бил негово последно натпреварување во Шпанија, исфрлајќи го учеството на Вуелта а Еспања, додека спортскиот директор на Катјуша Хавиер Флоренсио го опишал возењето на Родригес на Сан Себастијан како последно за екипата.[46] Родригес завршил петти на олимписката друмска трка на неговиот прв олимписки настап. По трката потврдил дека ќе се повлече веднаш, наместо на крајот на годината.[47] Меѓутоа, во септември било објавено дека Катјуша ќе настапи со Родригес на Тритико ди Аутуно и на Трката Абу Даби пред крајот на годината, бидејќи неговиот договор со екипата не истекува до 31 декември.[48]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2001
1. Ескалада а Монхуик
3. Субида а Уркиола
2003
1. Етапа 8 Вуелта а Еспања
1. Етапа 6 Париз-Ница
2004
1. Краен пласман Сетмана Каталана де Сиклисме
2005
1. Планински пласман Вуелта а Еспања
1. Субида а Уркиола
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
2. Класика де Сан Себастијан
2006
1. Етапа 5 Париз-Ница
2007
1. Национален друмски првак
1. Класика Примавера
1. ГП Вилјафранка де Ордизија
2008
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Амстел Голд Рејс
8. Флеш Валон
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
2009
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
1. Етапа 2 Вуелта а Бургос
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Светско друмско првенство UCI
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
1. Краен пласман Светски ранкинг на UCI
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. ГП Мигел Индуран
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Флеш Валон
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 14
5. Класика де Сан Себастијан
7. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 12
2011
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
Вуелта а Еспања
1. Етапа 5
1. Етапа 8
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
2. Амстел Голд Рејс
2. Флеш Валон
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
2012
1. Краен пласман Светска турнеја на UCI
1. Флеш Валон
1. Џиро ди Ломбардија
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 10
1. Етапа 17
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
1. Етапа 12
1. Етапа 14
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 6
8. Класика де Сан Себастијан
2013
1. Краен пласман Светска турнеја на UCI
1. Џиро ди Ломбардија
2. Светско друмско првенство
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 19
4. Краен пласман Трка околу Оман
1. Етапа 4
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
6. Флеш Валон
2014
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Оман
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Џиро ди Ломбардија
2015
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 15
3. Краен пласман Лиеж-Бастон-Лиеж
4. Флеш Валон
5. Класика де Сан Себастијан
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
Тур де Франс
1. Етапа 3
1. Етапа 12
2016
4. Класика де Сан Себастијан
5. Олимписка друмска трка
5. Краен пласман Трка околу Баскија
7. Краен пласман Тур де Франс
8. Лиеж-Бастон-Лиеж

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро 80 80 17 СО 4 2 СО
Тур 7 3 54 29 7
Вуелта 26 42 37 17 6 7 3 19 3 4 4 2

СО = се откажал; — = не учествувал

Светски првенства

[уреди | уреди извор]
2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Светски друмски првенства UCI 6 3 39 2 33 СО
  1. 1,0 1,1 „Biografía (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. KEC Pro Sport SL. Архивирано од изворникот на 2012-04-28. Посетено на 15 февруари 2012. URL–wikilink conflict (help)
  2. 2,0 2,1 „Профил на Хоаким Родригес“.
  3. Alain Laiseka (6 април 2011). „La llama del Purito (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. deia.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 15 февруари 2012. URL–wikilink conflict (help)
  4. „Родригес оди нагоре“. letour.fr. 18 април 2011. Посетено на 15 февруари 2012.
  5. P.L (17 јули 2010). „Tour de France. "Purito" Rodriguez fume la pipe! (француски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на француски]]“. ladepeche.fr. Посетено на 15 февруари 2012. URL–wikilink conflict (help)
  6. P.L (15 јануари 2009). „Hola, soy Purito (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. Ciclismo en Ruta. KEC Pro Sport SL. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 февруари 2012. URL–wikilink conflict (help)
  7. „38ма Ескалада а Монхуик - Родригес стигна на врвот на Барселона“. Cycling News. 21 октомври 2001. Посетено на 15 февруари 2012.
  8. Tim Maloney (15 март 2003). „Родригес профитира, Вино го задржува водството на Париз-Ница“. Cycling News. Посетено на 15 февруари 2012.
  9. „Joaquim Rodríguez, del equipo Saunier Duval, Rey de la Montaña en la Vuelta (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. Sonitron.net. 20 септември 2005. Архивирано од изворникот на 2016-11-27. Посетено на 15 февруари 2012. URL–wikilink conflict (help)
  10. Браун, Грегор (14 март 2008). „Joaquím Rodríguez howls on Montelupone“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 10 јули 2012.
  11. 11,0 11,1 „Хоаким Родригес подготвен за свеж почеток со Катјуша“. velonation.com. 2 јануари 2010. Посетено на 15 февруари 2012.
  12. Cycling News (11 август 2009). „Родригес потпиша за Катјуша“. Cycling News. Посетено на 2 септември 2009.
  13. Бен Аткинс (16 јули 2010). „Тур де Франс: Хоаким Родригес се искачи за победи во Манд додека Алберто Контадот беше офанзивен“. Velo Nation. Посетено на 7 април 2012.
  14. "Purito" Rodríguez ya conocía las mieles del liderato (шпански)[[Категорија:Статии со надворешни врски на шпански]]“. EFE. elcorreo.com. 7 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на 7 април 2012. URL–wikilink conflict (help)
  15. Најџел Вин (18 октомври 2010). „Родригес го освоил Светски ранкинг 2010“. Cycling Weekly. Посетено на 7 април 2012.
  16. „Класици, Џиро и Вуелта за Родригес во 2012“. Cycling News. 2 ноември 2011. Посетено на 7 април 2012.
  17. Ендрју Худ (27 август 2011). „Хоаким Родригес победи на етапа 8 и го презема водството на Вуелта а Еспања 2011“. Velo News. competitor.com. Посетено на 7 април 2012.
  18. Пит Косинс (27 мај 2012). „Рајдер Хесједал победи на Џиро д'Италиа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 август 2012.
  19. Даниел Бенсон (21 август 2012). „Валверде победи во фото-финишот на Еибар“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 25 август 2012.
  20. Бен Аткинс (21 август 2012). „Вуелта а Еспања: Сајмон Кларк победил на етапата четири по бегство додека Валверде изгубил поради пад“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 23 август 2012.
  21. „Хоаким Родригес го одбрани водството на Вуелта со победа на шестата етапа“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 23 август 2012. Архивирано од изворникот на 2016-10-03. Посетено на 25 август 2012.
  22. Shane Stokes (30 август 2012). „Vuelta a España: Rodriguez scoops second stage win with powerful finishing surge“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 31 август 2012.
  23. Shane Stokes (1 септември 2012). „Vuelta: Devastating surge sees Rodriguez overhaul Contador for another stage win“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 2 септември 2012.
  24. Сузан Вестемајер (5 септември 2012). „Контадор сам до етапна победа и водство на Вуелта“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 8 септември 2012.
  25. „Menchov prevails on the Bola del Mundo“. Cycling News. Future Publishing Limited. 8 септември 2012. Посетено на 8 септември 2012.
  26. Бен Аткинс (29 септември 2012). „Хоаким Родригес сам до победа во Ломбардија и до водство во Светската турнеја“. CyclingNation. CyclingNation LLC. Посетено на 1 октомври 2012.
  27. „Саган победи на дивата шеста етапа на Тирено-Адријатико“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 11 март 2013. Архивирано од изворникот на 2016-06-14. Посетено на 22 октомври 2013.
  28. Ендру Худ (20 јули 2013). „After late-Tour surge, Joaquim Rodriguez casts one eye toward Vuelta“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 октомври 2013.
  29. Сајмон Мекмајкл (13 септември 2013). „Vuelta Stage 19: Joaquin Rodriguez takes the stage - and Chris Horner snatches race lead“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 22 октомври 2013.
  30. Сајмон Мекмајкл (6 октомври 2013). „Joaquim Rodriguez doubles up to win il Lombardia for second year running“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 22 октомври 2013.
  31. Вестбај, Мет (23 февруари 2014). „Крис Фрум ја задржи титулата на Трката околу Оман додека Андре Грајпел триумфираше на последната етапа“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 2 јуни 2014.
  32. „Родригес го запечати вториот триумф на Волта а Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  33. Браун, Грегор (15 мај 2014). „Кандидатот за генерален пласман Родригес се откажа од Џиро по падот на шестата етапа“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 2 јуни 2014.
  34. „Контадор ја запечати крајната победа на Вуелта а Еспања 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
  35. Стјуарт Кларк (8 април 2015). „Joaquim Rodriguez pips Sergio Henao to win Tour of the Basque Country stage three“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 8 април 2015.
  36. Кирстен Фратини (9 април 2015). „Паис Васко: Родригес ја освои четвртата етапа во Арате“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 април 2015.
  37. „Racing news and results | Cycling Weekly“.
  38. „Валверде победи на Флеш Валон 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2015. Посетено на 26 април 2015.
  39. Најџел Вин (26 април 2015). „Алехандро Валверде победи на Лиеж-Бастон-Лиеж 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 април 2015.
  40. Паулисон, Спенсер (6 јули 2015). „Родригес ја освои третата етапа, Фрум ја зема жолтата маичка“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-06-06. Посетено на 6 јули 2015.
  41. Вин, Најџел (16 јули 2015). „Крис Фрум безбеден со водството на Тур де Франс додека Хоаким Родригес ја освои етапата 12“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 16 јули 2015.
  42. Фотерингем, Аласдер (2 април 2016). „Rodriguez warns poor weather could make tough Vuelta al Pais Vasco even harder“. cyclingnews.com. Посетено на 15 април 2016.
  43. Бенсон, Даниел (9 април 2016). „Contador wins final time trial to secure overall title at Vuelta al Pais Vasco“. cyclingnews.com. Посетено на 15 април 2016.
  44. 44,0 44,1 О’Ши, Садб (25 јули 2016). „Rodriguez bids emotional goodbye to Tour de France“. cyclingnews.com. Посетено на 7 август 2016.
  45. „Joaquim Rodriguez announces that he will retire at the end of 2016“. cyclingnews.com. 11 јули 2016. Посетено на 11 јули 2016.
  46. „Purito Rodriguez says 'adios' to Spain at the Clasica San Sebastian“. cyclingnews.com. 31 јули 2016. Посетено на 7 август 2016.
  47. „Rodriguez calls time on his career after Olympic Games debut“. cyclingnews.com. 7 август 2016. Посетено на 7 август 2016.
  48. Кларк, Стјуарт (8 септември 2016). „Joaquim Rodriguez forced to shelve immediate retirement plans“. Cycling Weekly. Посетено на 26 септември 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]