Прејди на содржината

Хлотар IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хлотар IV
Крал на Франките
На престол717-719
ПретходникДагоберт III
НаследникХилперик II
(Обединување на сите франкиски кралства)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоТеодорих III ?

Хлотар IV е крал на Франките од Австразија од 717 до 719. Роден околу 685, веројатно како трет син на кралот Теодорих III, бил одбран од мајордомот на палатата на Австразија Карло Мартел за да му се спротивстави на кралот Хилперик и на мајордомот на Неустрија Раганфред. Починал во 719.

- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Карло [...] си одбра крал по име Хлотар. Хилперик и Раганфред побрзаа да испратат тогаш амбасадори кај Одо, барајќи ја веднаш неговата помош и му дадоа кралство и подароци. Овој дигна војска од Гасконци, стигна докај нив и тие тргнаа против Карло. Но тој, без да трепне од страв побрза да ги пресретне. Одо, исплашен дека нема да може да му се спротивстави, побегна. Карло го гонеше сè до Париз потоа, откако ја помина Сена, сè до Орлеан, но овој успеа да побегне преминувајќи ги границите на неговите региони и носејќи го со себе Хилперик и богатствата што му ги зема. Тогаш умре кралот Хлотар. Карло, преку посредници, ги прими Одо и таканаречениот крал Хилперик. Овој дојде во Ноајон и по кратко време, го снема од живите и од престолот: Умре откако владееше шест години. [...].


Поврзано

[уреди | уреди извор]
Хлотар IV
Починал(а): 720
Претходник
Хилперик II
Крал на Австразија
717–718
Наследник
Хилперик II