Прејди на содржината

Хипарх

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипарх
Роден(а)ок. 190 п.н.е.
Никеја, Витинија
Починал(а)ок. 120 п.н.е.
Родос, Римска Република
Занимање

Хипарх (грчки: Ἵππαρχος, Hipparkhos; околу 190 п.н.е.120 п.н.е.), бил грчки астролог, астроном, географ и математичар. Се смета за основач на тригонометријата.[1]

Роден во Турција), а најверојатно умрел на островот Родос. Познато е дека работел како астроном меѓу 162 и 127 п.н.е.[2] Хипарх се смета за најголем антички астроном и набљудувач. Ја развил тригонометријата, создал тригонометриски таблици, и решил неколку проблеми од областа на сферичната тригонометрија. Со неговите теории за Сонцето и Месечината, можеби е и првиот кој создал сигурен метод за предвидување на сончевите затемнувања. Меѓу останатите негови откритија се откривањето на Земјината прецесија, создавањето на првиот разбирлив ѕвезден каталог во западниот свет, и најверојатно смислувањето на првиот астролаб.

  1. C. M. Linton (2004). From Eudoxus to Einstein: a history of mathematical astronomy. Cambridge University Press. стр. 52. ISBN 0521827507.
  2. Astronomies and cultures in early medieval Europe, Stephen C. McCluskey, Cambridge University Press, 2000, p. 22

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]