Хинденбургова катастрофа
Изглед
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/84/Hindenburg_burning.jpg/333px-Hindenburg_burning.jpg)
Хинденбурговата катастрофа е експлозија на цепелинот „Хинденбург“, најголемиот крут авион што воопшто бил конструиран. Во пловидба бил пуштен во 1936 година во Германија, одбележувајќи го почетокот на првите комерцијални летови преку Северниот Атлантик; имал 10 успешни рути. На 6 мај 1937 година, додека се спуштал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД, се запалил водородниот гас, уништувајќи го авионот и убивајќи 36 од вкупно 97 патници. Од катастрофата има филмска снимка и фонографски дискови. Поради инцидентот престана употребата на крути авиони за комерцијален транспорт.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 121.