Прејди на содржината

Херои (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херои
Податотека:Heroes logo.png
Логото на серијата кое прикажува затемнување на сонцето.
Жанрдрама
научна фантастика
серијал
Создадена одТим Кринг
Развиена одТим Кринг
УлогиДејвид Андрес
Кристен Бел
Сантјаго Кабрера
Џек Колмен
Тајни Кајпрес
Дана Дејвис
Ноа- Греј- Габриел
Грег Груенберг
Али Лартер
Џејмс Кејсон Ли
Маси Ока
Хејден Пантери
Ејдриан Пасдар
Захараи Квинто
Шенди Рамутари
Дејна Рамирес
Леонард Робертс
Мајло Винтимиглиа
Композитор(и)Венди Мелвоин &
Лиза Колмен
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони3
Бр. на епизоди59
Производство
Извршен продуцент(и)Тим Кринг
Денис Хамер
Алан Аркуш
Грег Бимен
МестоположбаЛос Анџелес
ВреметраењеПриближно 42 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Сликов форматNTSC (480i)
PAL (576i)
HDTV (1080i)
Звучен форматDolby Digital
Првично прикажувањеСептември 25, 2006
Надворешни врски
Мрежна страницаnbc.com/Heroes/

Херои (англиски: Heroes) е американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Тим Кринг, која својата премиера ја имала на каналот NBC‏‎ на 25 септември, 2006.[1] Серијата ја раскажува приказната за обични индивидуалци кои откриваат дека имаат натчовечки способности, и исто така истражува како тие луѓе се адаптираат на промените кои ги носат тие способности и нивните улоги во спречувањето на катастрофи за спасување на човештвото. Серијата применува естетски стил на раскажување сличен на американските стрипови, користејќи кратки, повеќеепизодни приказни кои градат поголемо, поврзано дело. Кринг и писателите имаат смислено идеја за приказната за првите шест сезони.[2]

Кај нас серијата започна да се емитува при почетокот на месeц октомври 2008 на Сител телевизија. Но по првата сезона, емитувањето престана.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Целото дејствие во Херои е така дизајнирано да биде слично со она на стриповите. Што значи мали приказни за поединци градат една голема приказна која ги вклучува сите нивни животи. Најглавното дејство во Херои е откривањето на некои обични луѓе дека поседуваат натприродни моќи, како ова влијае на нивните животи и на животите на луѓето околу нив.

Прва сезона

[уреди | уреди извор]

Првата сезона вклучува 23 епизоди, кои во САД се емитуваа секој понеделник во 21 часот, почнувајќи од 23 септември 2006. Првава сезона содржи само еден дел, познат под името „Потекло“ (Genesis). Сезонава имаше два прекина. Првиот беше од 4 декември 2006 до 22 јануари 2007[3] и потоа уште еден прекин од 5 март до 23 април 2007,[4] сè до конечно завршување на првата сезона на 21 мај 2007.[5] Кај нас првата сезона се емитуваше секој вторник и среда во 22:30 часот почнувајќи од 8 октомври 2008[6] до 24 декември 2008[7] без никакви прекини.

Прв дел: Потекло

[уреди | уреди извор]

Првиот дел почнува како одредени луѓе од сите страни на светот откриваат дека поседуваат натприродни способности. Некои од нив не се сигурни што се случува и нивните способности влијаат на нивните приватни и професионални животи. Други пак веруваат дека имаат волшебни моќи и решаваат да го бараат нивното потекло. Мохиендер Суреш од Индија доаѓа во Њујорк да открие кој го убил татко му и да ги продолжи неговите истражувања за луѓе со натприродни способности, а во исто време мистериозниот Ноа Бенет истражува во станот на таткото на Мохиендер и ја претставува мистериозната организација „The Company“. Додека сите овие луѓе се справуваат на свој начин со овие способности, секој од нив сакајќи или не сакајќи се соочуваат со заговорите на мистериозната компанија да ги контролира луѓето со натприродни способности и со мистериозната експлозија која се наканува дека ќе го уништи Њујорк.

Бидејќи во овој дел дејството највеќе се врти околу љубопитноста на луѓето да го откријат потеклото и причината за овие моќи овој дел е крстен Потекло. Името Прв дел: Потекло доаѓа од англиското Volume One: Genesis. Genesis се преведува како Потекло.

Втора сезона

[уреди | уреди извор]

Втората сезона вклучува 11 од планирани 24 епизоди кои во САД се емитуваа секој понеделник во 21 часот почнувајќи од 24 септември 2007. Само 11 од 24 епизоди биле прикажани поради штрајкот на сценаристите.[8] Оваа сезона го содржи вториот дел од серијата, насловен „Генерации“ (Generations).[9] Втората сезона без никакви прекини заврши на 3 декември 2007.[10] Втората сезона требала да содржи три дела, но поради штрајкот оваа сезона била редизајнирана да го содржи само делот „Генерации“.[11] Вториот дел од сезоната (третиот од серијата) требал да се вика „Егзодус“ (Exodus),[12] а третиот (четвртиот во серијата) требал да се вика „Злосторници“, но поради штрајкот третиот дел бил наречен „Злосторници“ и бил преместен во третата сезона.[13] Работите што требале да се случуваат во делот „Егзодус“ биле избришани од целото сценарио како и самиот дел. Некои сцени пак од епизодата „Powerless“ биле преобработени бидејќи тие всушност го најавувале почетокот на делот „Егзодус“.[14][15] Кај нас втората сезона се очекува некаде од јануари/февруари 2009 година.

Втор дел: Генерации

[уреди | уреди извор]

Вториот дел почнува четри месеци по случувањата на Кирби Плаза. Главното дејство на „Генерации“ се работи за истражувањата на компанијата за мистериозниот „Шанти Вирус“. Ова истражување е иницијатива на основачите на компанијата, чии индетитети се конечно откриени. „Хероите“ повторно се сооединуваат за да го спречат понатамошното проширување на вирусот и можното предизвикување на пандемија. Во овој дел се запознаваме и со многу други ликови, но и се збогуваме со голем дел од нив. Покрај основачите на компанијата се запознаваме и со моменталниот директор на компанијата Боб Бишоп како и со неговата нестрашлива, привлечна но премистериозна ќерка Ели Бишоп. Се запознаваме и со голем дел на семејството на Д.Л. како и со семејството на Мет. Покрај сите нови ликови најзначителни се ликовите Маја Херера и нејзиниот брат Алеандро Херера кои се одговорни за проширувањето на вирусот. Доста ликови од минатата сезона од споредни ликови го земаат статусот на главни ликови.

Во овој дел дејството се врти околу откритието дека моќите всушност се пренесуваат од генерација на генерација, што ги доведува ликовите да почнат да истражуваат повеќе за нивното минато и родители како и самото потекло на нивното поколение. Поради ова овој дел е крстен Генерации. Името Втор дел: Генерации доаѓа од англиското Volume Two: Generations. Generations се преведува како Генерации.

Трета сезона

[уреди | уреди извор]

Трет дел: Злосторници

[уреди | уреди извор]

Четврт дел: Бегалци

[уреди | уреди извор]

Глумечка екипа и ликови

[уреди | уреди извор]

Всушност, Кринг ја дизајнирал серијата така што секоја сезона или дел да се работи за различни ликови што ќе му дало шанса да прави многу приказни без да ги расипува досегашните приказни. Како и да е, неговата замисла целосно се променила кога сфатил колку популарност привлекле првичните ликовите. Затоа во втората сезона го вратил поголемиот дел од ликовите од првата сезона и додал некои нови.[16] Во првата сезона, серијата претставува 12 главни улоги правејќи ја серијата трета по ред со најголем број на улоги во САД веднаш зад серијата Очајни домаќинки која пак е под серијата Изгубени. Иако страната за глумци од првата сезона на NBC прикажувала само 10 главни ликови,[17] Леонард Робертс (Д.Л. Хокинс), кој првпат се појавува во петтата епизода, беше додатен член на тогашната глумечка екипа.[18] Во единаесеттата епизода пак, Џек Колмен (Ноа Бенет) беше промовиран од спореден лик во главен лик.[19]

Првата сезона како што е горе спомената ја сочинуваа дванаесет главни ликови. Хејден Пантери ја толкуваше улогата на средношколската навивачка Клер Бенет која има способност да се регенерира. Џек Колмен го игра нејзиниот татко Ноа Бенет, таен агент на „The Company“. Сантјаго Кабрера го играше проблематичниот зависник Ајзак Мендез кој можеше да ја црта иднината. Тајни Кајпрес ја толкуваше Симон Дево, уметнички трговец и класична девојка која е поставено помеѓу двајца мажи. Грег Грунберг го играше полицаецот Мет Паркмен кој може да ги чита мислите на луѓето. Али Лартер ја играше Ники Сандрес, збунета мајка со двојна личност и супер сила. Леонард Робертс го играше нејзиниот сопруг Д.Л. Хокинс, бивши затвореник кој може да поминува низ се. Ноа Греј - Габриел го играше нивниот син Мајка Сандрес, кој може да комуницира и контролира секаква дигитална направа. Маси Ока го играше авантуристот Хиро Накамура која патува низ времето. Ејдријан Пасдар го играше Нејтан Питрели, бескруполозен политичар со кандидатура за претсетадел кој може да лета. Шенди Рамутари го играше генетичарот Мохиендер Суреш и Мајло Винтимиглиа чувствителниот но и најмоќниот херој Питер Питрели.

За време на првите две сезони некои ликови беа исфрлени од серијата за да има место за нови ликови со нови приказни. Симон беше првиот главен лик кој беше исфрлен, умирајќи при крајот на првата сезона. Д.Л. станува гостин по случувањата во првата сезона со само две мали појавувања во втората сезона. Ајзак Мендез исто така беше исфрлен од серијата, умирајќи од страна на Сајлар. Нови ликови кои беа додадени во втората сезона се Маја Херера, бегалка со моќ да шири смртоносен вирус толкувана од Дејна Рамирес. Адам Монро, 400 години стар англичанец кој е во млада форма и живее во минатото благодарејќи на неговата моќ на регенерирање игран од Дејвид Андрес. Моника Досон, келнерка со способност да ги впива сите вештини што ќе ги види толкувана од Дејна Дејвис и Ели Бишоп привлечна и мистериозна девојка со електрична моќ толкувана од Кристен Бел. Два споредни лика од првата сезона, Сајлар, толкуван од Захараи Квинто и Андо Масахаши, толкувана од Џејмс Кисон Ли, беа промовирани во главни ликови.

Во третата сезона, уште еден спореден лик Анџела Питрели толкувана од Кристина Роус беше унапредена во главна улога.[20] Ели, Адам и Мајка беа отфрлени од главните улоги. Моника Досон исто така беше на некој начин отфрлена. Ликот на Ники исто така беше отфрлен но глумицата Али Лартер осанува со нов лик наречен Трејси Старјус.[21]

  1. „Company credits for Heroes. Internet Movie Database. Посетено на 2007-12-26.
  2. Kring, Tim (2006-09-24). „How many seasons/scripts are plotted out?“. NBC Universal Heroes Live Blog. Архивирано од изворникот на 2008-03-12. Посетено на 2006-10-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Kaplan, Don (2007-01-22). „New 'Heroes' Guy Revealed!“. New York Post. Архивирано од изворникот на 2012-09-09. Посетено на 2008-04-16.
  4. Buckman, Adam (2007-03-05). 'Heroes' Spring Break“. New York Post. Архивирано од изворникот на 2012-09-05. Посетено на 2008-04-16.
  5. „Heroes: How to Stop an Exploding Man - TV.com“. TV.com. Архивирано од изворникот на 2010-03-30. Посетено на 2008-04-19.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2008-12-28.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2008-12-28.
  8. „Heroes: (Volume Two: "Generations") Four Months Later... - TV.com“. TV.com. Архивирано од изворникот на 2008-07-31. Посетено на 2008-04-19.
  9. Logan, Michael (2007-12-04). „Exclusive: Tim Kring Explains Heroes' "Generations" Finale“. TV Guide. Архивирано од изворникот на 2008-09-06. Посетено на 2008-04-18.
  10. „Heroes: Powerless - TV.com“. TV.com. Архивирано од изворникот на 2008-09-19. Посетено на 2008-04-19.
  11. Goldman, Eric (2007-12-14). „Heroes Creator Tim Kring Talks“. IGN. Посетено на 2007-12-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Carter, Bill (2008-07-21). 'Heroes' Is Ready for Its Rebound“. The New York Times. Посетено на 2008-09-17.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NBC-20080113.
  14. Phegley, Kiel (2007-12-20). „Tim Kring on 'Heroes' Vol. 3“. Wizard Universe. Архивирано од изворникот на 2007-07-25. Посетено на 2008-02-03.
  15. Goldman, Eric (2007-12-14). „Heroes Creator Tim Kring Talks“. IGN. Посетено на 2008-03-02.
  16. „www.eonline.com/gossip/kristin/detail/index.jsp?uuid=eaa80101-98f1-4d9c-8b36-5d22db15296c“.
  17. Heroes cast page“. NBC‏‎. Посетено на 2007-05-18.
  18. Leonard Roberts
  19. Schneider, Michael (2006-10-23). 'Heroes' zeros in on its bad guy“. Variety. Посетено на 2006-10-27. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  20. „NBCUniversal Media Village“.
  21. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 2008-12-28.