Хеката (митологија)
Изглед
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/67/Hecate_Chiaramonti_Inv1922.jpg/200px-Hecate_Chiaramonti_Inv1922.jpg)
Хеката, (старогрчки: Ἑκάτη, литвански: Hecate) била божица на смртта и вештерството, ќерка на Титан, Перс и Титанката Астерија (титан).
Хеката имала три тела и три глави - лавовска, кучешка и кобилска. Во ноќите без месечина скитала по патиштата и гробиштата, заедно со душите на умрените. Таа праќала ужасни и тешки сонови на Земјата и ги уништувала луѓето.
Самиот Зевс толку ја почитувал Хеката што никогаш не ѝ ги оспорувал правата - можела да им подарува на смртниците а и да земе од нив сè што ќе посакала. За неа, на крајот на секој месец, на раскрсниците биле поставувани јадења кои ги земале сиромашните.[1]
Нимфите коишто ја прателе Хеката се викале Лампади.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/36/Hekate_BM_G17.jpg/200px-Hekate_BM_G17.jpg)
![]() |
„Хеката (митологија)“ на Ризницата ? |
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Мит за грчката божица Хеката Архивирано на 18 јуни 2011 г.
- Хеката во класичната литература и книжевност
- Хеката во раната старогрчка митологија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 91.
|
Предлошка:Старогрчка митологија-никулец
|