Хезболах
Хезболах (арапски: حزب الله, или Хизболах, односно Хизб Алах, значи Божја партија) претставува шиитска либанска проиранска (формално) паравоена организација, која беше создадена 1982 година како одговор на упадот на Израел во јужниот дел на Либан.
По 18 години, военото крило на Хезболах („Исламски отпор на Либан“) по многу загуби нанесени на Израелците, го принудило Израел 2000 година на повлекување. Од 1992 до водач бил Хасан Насралах, сè до 2024 г. кога бил убиен во осмислен израелски напад. Движењето нило прогласено за терористичка организација од страна на 6 земји, вклучувајќи ги и САД и Обединетото Кралство. Во моментов, движењето прерасна во организација која има широк спектар на активности, вклучувајќи и радио, телевизија, весници, училишта, болници, социјални институции, а некои членови се и во состав на либанската влада. Главниот финансиер е Иран, а одредена помош доаѓа и од Сирија. Воениот дел на Хезболах располага со околу 1000 вооружени лица и околу 10.000 во резервен состав. Воената тактика главно се заснова на ракетирање на израелски цели, а во посебна група се и ракети со домет до 150 км. Во нападите се исклучува употребата на бомбаши-самоубијци, а исто така, барем во принцип, не напаѓаат цивилни цели. Хезболах се оградил од работата на Ал Каеда и во своите соопштенија ги осудувал нападите врз цивилите.
Во Граѓанската војна во Сирија учествува на страна на Алавитите, кои исто така се дел од Шиитите.