Хајде
Хајде | |
Изворите Св. Ѓорѓи на плоштадот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Дитмаршен |
Градоначалник | Улф Штехер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 31,8938 км2 |
Надм. височина | 11 м |
Население | 22.114 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 693 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HEI |
Пошт. бр. | 25746 |
Повик. бр. | 0481 |
Портал | heide.de |
Местоположба на градот Хајде во рамките на округот Дитмаршен | |
Координати | 54°11′46″N 9°5′36″E / 54.19611° СГШ; 9.09333° ИГД |
Хајде (германски: Heide) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Дитмаршен. Воедно, градот е административно седиште на општинската заедница Хајдер Умланд, иако не е член на истата.
Германскиот збор „Хајде“ (Heide) означува рамнина. Во XV век четири околни села одлучиле да изградат црква во средина на рамнината. Ова подоцна станало име на градот. Точниот датум на основање не е познат, но до 1447 година, Хајде веќе бил главно село на Дитмаршен. Во ова време, Дитмаршен била независна селска република.
Хајде станал град во XIX век и денес е туристичко одредиште.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбалскиот клуб Хајдер ФК настапува во покраинската лига на Шлезвиг-Холштајн.[2]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква Св. Ѓорѓи (1560)
- Водокула (1903)
- Историски музеј на Дитмаршен
- Брамсхаус, куќата во која живееле наследниците на композиторот Јоханес Брамс; денес е музеј
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во близина на градот се наоѓа регионалниот аеродром Хајде-Бизум, кој нуди летови до островот Хелголанд. Поголем меѓународен аеродром претставува аеродромот во Хамбург, кој се наоѓа на неколку часови возење од Хајде.
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Клаус Грот (1819–1899) — долногермански писател
- Рудолф Диркс (1877–1968) — стрип цртач
- Фриц Тидеман (1918–2000) — јавач на коњи
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црква Св. Ѓорѓи (1560)
-
Водокулата (1903)
-
Споменик на Хајнрих фон Цитфен
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Verbandsliga Schleswig-Holstein table 2007-08 publisher: Fussball.de 6 јули 2008
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хајде на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 7 февруари 2015 г. (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|