Прејди на содржината

Хакази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хакази
Тадарлар
Хаказско етничко знаме
Вкупен број
80.000 (проц.)
Подрачја со значајно население
Русија (претежно Хакасија)
 Русија 72,959[1]
 Украина162[2]
Народна Република Кина НР Кина (Хејлунгѓанг)about 1,500
Јазици
Хакаски, Руски
Вероисповед
Доминантна Православна црква
(Руска православна црква)
Шаманизам
Сродни народи
алтајски народи

Хакази (Тадарлар) — туркиски народ, кој живее во руската автономна република Хакасија каде сочинува 12% од вкупниот број на население. Хаказите се одликуваат со темна кожа и очи, црна коса и брада. Во Руската Империја Хаказите биле познати како минусински Татари, абакански Татари, енисејски Турци. По создавањето на Советскиот Сојуз многу етнички групи се споиле помеѓу себеси во една нација - Хакази. Повеќе од Хаказите се со православна вероисповед и го зборуваат хакаскиот јазик. Вкупниот број на Хаказите е околу 80 000.

Потеклото на Хаказите е спорно. Некои научници ги сметаат за потомци на Јенисеј Киргиз,[3][4] додека други веруваат дека по наредба на средновековниот монголски хан, Јенисеј Киргиз се преселиле во Средна Азија. Се верува дека Хаказите и Фују-Киргизите се поблиску до античкиот Јенисеј Киргиз, кои се и сибирскотуркиски (североисточнотуркиски народи), отколку до Киргизите од современиот Киргистан, кои се кипчачкотуркиски (северозападнотуркиски народи).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Окончательные итоги Всероссийской переписи населения 2010 года“. Архивирано од изворникот на 3 August 2011. (All Russian census, 2010)
  2. State statistics committee of Ukraine - National composition of population, 2001 census (Ukrainian)
  3. Carl Skutsch (7 November 2013). Encyclopedia of the World's Minorities. Routledge. стр. 705–. ISBN 978-1-135-19388-1.
  4. Paul Friedrich (14 January 1994). Encyclopedia of World Cultures: Russia and Eurasia, China. G.K. Hall. ISBN 978-0-8161-1810-6.