Фризија
Фризија Fryslân
|
||
---|---|---|
Фризиски регион
|
||
Службен јазик | фризиски, германски, холандски, дански |
Фризија (западнофризиски: Fryslân; севернофризиски: Fraschlönj, Freesklöön, Freeskluin, Fresklun и Friislön’; затерландски: Fräislound; германски и холандски: Friesland) — крајбрежен регион во Западна Европа, поточно на југоисточните брегови на Северното Море. Фризија е традиционална татковина на Фризите, германски народ чиј јазик е фризискиот. Фризија се протега од северозападна Холандија преку северозападна Германија, па сè до границата со Данска.
Поделба
[уреди | уреди извор]Фризија е поделена на три дела:
- Фризија — покраина во Холандија или позната како „Западна Фризија“ (Западен Фризланд),
- Источна Фризија (Источен Фризланд) во Долна Саксонија, Германија,
- Северна Фризија (Северен Фризланд) во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Историја
[уреди | уреди извор]Фризија се променувала драстично низ историјата, што во географска смисла поради поплави што во етничка.
Римски период
[уреди | уреди извор]Фризите започнале да се населуваат во Фризија околу 500 г. п.н.е. Според хроничарите од тоа време, Фризите живееле на вештачки изградени мали брда.[1] Според други извори, Фризите живееле на поголема територија покрај Северното Море.[2] Како и да е, во тоа време Фризија ги опфаќала денешните покраини Фризија и Северна Холандија.
Фризиско Кралство
[уреди | уреди извор]Фризиското Кралство или Голема Фризија е поранешна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Основано е во 600 година и се распаднало по Битката за Боарн во 734 година кога државата била поразена и освоена од Царството на Франките.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
Haider Munske, Horst (2001). Handbuch des Friesischen: Handbook of Frisian Studies (Digitized online by goole books). Walter de Gruyter. стр. 480. ISBN 348473048X, 9783484730489 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). Посетено на 11 јануари 2009. Укажано повеќе од еден|author=
и|last=
(help) - ↑ A more extensive review of Frisia in Roman times is in Lawrence A. Springer, "Rome's Contact with the Frisians" The Classical Journal 48.4 (January 1953), стр. 109-111.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Albert Bantelmann, Rolf Kuschert, Albert Panten, Thomas Steensen: Geschichte Nordfrieslands. 2., durchges. u. aktualisierte Aufl., Westholst. Verlagsanstalt Boyens, Heide in Holstein 1996 (= Nordfriisk Instituut, Nr. 136), ISBN 3-8042-0759-6.
- Thomas Steensen: Geschichte Nordfrieslands von 1918 bis in die Gegenwart. Neuausg., Nordfriisk Instituut, Bräist/Bredstedt 2006 (= Geschichte Nordfrieslands, Teil 5; Nordfriisk Instituut, Nr. 190), ISBN 3-88007-336-8.
- Stefan Kröger - Das Ostfriesland-Lexikon. Ein unterhaltsames Nachschlagewerk, Isensee Verlag, Oldenburg 2006
- Ostfriesland im Schutze des Deiches. Beiträge zur Kultur- und Wirtschaftsgeschichte des ostfriesischen Küstenlandes, hrsg. im Auftrag der Niederemsischen Deichacht, 12 Bände, Selbstverlag, Pewsum u. a. 1969
- Onno Klopp -, Geschichte Ostfrieslands, 3 Bde., Hannover 1854–1858
- Hajo van Lengen - Ostfriesland, Kultur und Landschaft, Ruhrspiegel-Verlag, Essen 1978
- Hajo van Lengen (Hrsg.) - Die Friesische Freiheit des Mittelalters – Leben und Legende, Verlag Ostfriesische Landschaft 2003, ISBN 3-932206-30-4
- Franz Kurowski - Das Volk am Meer – Die dramatische Geschichte der Friesen, Türmer-Verlag 1984, ISBN 3-87829-082-9
- Karl Cramer - Die Geschichte Ostfrieslands. Ein Überblick, Isensee - Oldenburg
- Hermann Homann - Ostfriesland – Inseln, Watt und Küstenland, F. Coppenrath Verlag, Münster
- Manfred Scheuch - Historischer Atlas Deutschland, ISBN 3-8289-0358-4
- Karl-Ernst Behre / Hajo van Lengen - Ostfriesland. Geschichte und Gestalt einer Kulturlandschaft, Aurich 1995, ISBN 3-925365-85-0
- Tielke, Martin (ed.) - Biographisches Lexikon für Ostfriesland, Ostfries. Landschaftliche Verlag- u. Vertriebsges. Aurich, vol. 1 ISBN 3-925365-75-3 (1993), vol. 2 ISBN 3-932206-00-2 (1997), vol. 3 ISBN 3-932206-22-3 (2001)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Geofrisia.com Архивирано на 3 март 2012 г. – географски портал
- Карта на Фризија Архивирано на 3 октомври 2011 г. на Eurominority.eu