Прејди на содржината

Френсис Крик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Френсис Хари Комптон Крик [1][2] е роден на 8 јуни 1916 - 28 јули 2004 година бил англиски молекуларен биолог, биофизичар и невролог. Тој е најпознат по откривањето на структурата на молекулата на ДНК во 1953 година. заедно со Џејмс Д. Вотсон. Тој, Вотсон и Морис Вилкинс биле наградени заедно во 1962 година. Тие се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина „за откривањето на молекуларната структура на нуклеинските киселини и нивното значење за преносот на информации во живите материјали“.[3][4]

Крик бил многу важен теоретски молекуларен биолог и одиграл клучна улога во истражувањето поврзано со откривањето на генетскиот код. Тој е познат и по употребата на терминот „централна догма“, која ја резимира идејата дека генетските информации течат во клетките исклучиво во една насока, од ДНК до РНК до протеини.[5] [6]

Бил професор на Институтот за биолошки студии Салк во Ла Јола, Калифорнија. Неговото подоцнежно истражување било поврзано во областа на теоретската невробиологија.[7]

  1. Anon (2015). „Fellowship of the Royal Society 1660–2015“. London: Royal Society. Архивирано од изворникот на 15 October 2015.
  2. Bretscher, Mark S.; Mitchison, Graeme (2017). „Francis Harry Compton Crick OM. 8 June 1916 – 28 July 2004“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 63: 159–196. doi:10.1098/rsbm.2017.0010. ISSN 0080-4606.
  3. The Nobel Prize in Physiology or Medicine 1962. Nobel Prize Site for Nobel Prize in Physiology or Medicine 1962.
  4. Rich, A.; Stevens, C. F. (2004). „Obituary: Francis Crick (1916–2004)“. Nature. 430 (7002): 845–847. Bibcode:2004Natur.430..845R. doi:10.1038/430845a. PMID 15318208.
  5. Ridley 2006.
  6. Crick FH (1958). „On protein synthesis“ (PDF reprint). Symp. Soc. Exp. Biol. 12: 138–63. PMID 13580867.
  7. Shermer, Michael (30 јули 2004.). „Astonishing Mind: Francis Crick 1916–2004“. Skeptics Society. Посетено на 25 август 2006.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Литература

[уреди | уреди извор]

 

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]