Прејди на содржината

Финале на Европското првенство во фудбал 2024

Од Википедија — слободната енциклопедија
Финале на Евро 2024
Олимпискиот стадион во Берлин, местото каде се одиграло финалето
ПрвенствоЕвропско првенство 2024
Датум14 јули 2024 (2024-07-14)
СтадионОлимписки стадион, Берлин
Играч на
натпреварот
Нико Вилијамс (Шпанија)[1]
СудијаФранција Франсоа Летексје
Гледачи65,600[2]
Временски приликиДелумно облачно
22 °C (72 °F)
53% влажност[3]
2020
2028

Финалето на Европското првенство 2024 бил фудбалски натпревар одигран на 14 јули 2024 година на Олимпискиот стадион во Берлин, со кој се одредил победникот на Европското првенство 2024 одржано во Германија. Во ова, 17-то по ред финале во историјата на Европските првенства, играле Шпанија и Англија.

Шпанија победила во ова финале со 2-1, со головите во второто полувреме на Нико Вилијамс и Микел Ојарсабал, а помеѓу двата гола на шпанците, Кол Палмер погодил за Англија за да израмни на моментални 1-1. Ојарсабал, кој во игра влегол во 68-мата минута на местото на капитенот Алваро Мората, погодил во 86-тата минута и неговиот гол се покажал победнички за Шпанија.

Со овој успех, Шпанија стигнала до четвртата титула на Европските првенства, после победите во 1964, 2008 и 2012, со што ја надминале Германија по бројот на титулите и станале единствени рекордери.

Од друга страна, Англија била четвртата репрезентација која играла во финале на две Европски првенства по ред, но и првата која загубила и во двете.

Репрезентации

[уреди | уреди извор]
Репрезентации Претходно одиграни финалиња
(во болд се добиените финалиња)
 Шпанија 4 (1964, 1984, 2008, 2012)
 Англија 1 (2020)

Финалето се одржало на Олимпискиот стадион во Берлин, Германија, лоциран во Вестенд во околијата Шарлотенбург-Вилмерсдорф. На 27 септември 2018 година, УЕФА објавила дека турнирот во 2024 година ќе се одржи во Германија, откако тие ја победиле Турција во гласањето за избор на домаќини во Нион, Швајцарија.[4][5] Така, Олимпискиот стадион во Берлин бил избран за место на кое ќе се игра финалето на турнирот од страна на Извршниот комитет на УЕФА во мај 2022 година, каде исто било објавено дека ќе биде домаќин и на три натпревари од групната фаза, осминафинален натпревар и четвртфинален натпревар.[6][7]

Олимпискиот стадион бил отворен во 1936 година на Олимпијапарк Берлин кој служел специјално за Летните олимписки игри 1936.[8] Стадионот е во сопственост на локалната самоуправа на Берлин и е домашен стадион на фудбалскиот клуб Херта Берлин од 1963 година. Германската репрезентација, исто така, повремено ги игра своите домашни натпревари на овој стадион. Олимпискиот стадион во Берлин, исто така, бил домаќин на неколку значајни натпревари, вклучително и неколку натпревари на Светските првенства 1974 и 2006, од кои на второто тука се одиграло и финалето помеѓу Италија и Франција кој е особено познат по неславниот удар со глава на француската суперѕвезда и капитен Зинедин Зидан во градите на италијанските дефанзивец Марко Матераци што резултирало со тоа првиот да добие директен црвен картон во неговиот последен официјален натпревар во кариерата; Италија го добила натпреварот по изведување пенали со 5–3.[9] Понатаму, стадион бил место на кое се одиграло секое финале на Купот на Германија од 1985 година, служел како место на кое било отворено Светското првенство за жени 2011[10] и еднаш досега бил домаќин на финале на Лигата на шампионите, тоа се случило во 2015 година, кога противници биле Барселона и Јувентус.[11]

Патот до финалето

[уреди | уреди извор]
Шпанија Рунда Англија
Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат
 Хрватска 3–0 Натпревар 1  Србија 1–0
 Италија 1–0 Натпревар 2  Данска 1–1
 Албанија 1–0 Натпревар 3  Словенија 0–0
Победник на Група Б
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Шпанија 9 3 3 0 0 5 0 +5
2.  Италија 4 3 1 1 1 3 3 0
3.  Хрватска 2 3 0 2 1 3 6 -3
4.  Албанија 0 3 0 1 2 3 5 -2
Завршен поредок Победник на Група Ц
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Англија 5 3 1 2 0 2 1 +1
2.  Данска 3 3 0 3 0 2 2 0
3.  Словенија 3 3 0 3 0 2 2 0
4.  Србија 2 3 0 2 1 1 2 -1
Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат
 Грузија 4–1 Осминафинале  Словачка 2–1 (прод.)
 Германија 2–1 (прод.) Четвртфинале  Швајцарија 1–1 (прод.) (5–3 п)
 Франција 2–1 Полуфинале  Холандија 2–1

Натпреварот

[уреди | уреди извор]

Натпреварот започнал доста мирно без поголеми возбудувања во првите минути. Шпанците очекувано имале иницијатива на стартот од финалето.[12] Во воведните минути се играло на половината на Англичаните, но бесконечните додавања на „фуријата“ не донеле некое поголемо возбудување.[12] Постепено, Англија се ослободила од притисокот на Шпанците и натпреварот преминал во фаза на мирна игра и на затворена тактичка битка без премногу идеи и добро обработени акции за било која од двете екипи.[12] Во првото полувреме, имало четири удар за Шпанците и три за Англичаните, но само еден од тие удари бил во рамките на голот, а го испратил Фил Фоден во самата завршница на првото полувреме, но тој бил многу млак и лесно одбранет од шпанскиот голман Унаи Симон.[12]

Во соблекувалната шпанскиот селектор добил лоша вест, бидејќи еден од најдобрите негови фудбалери, Родри, кој подоцна бил избран и за најдобар играч на првенството, се пожалил на повреда и не беше во можност да го продолжи финалето, по што бил заменет на полувремето од Мартин Субименди.[12] Сепак, тоа не ги погодило премногу Шпанците кои вториот дел го отвориле одлично – со гол по само две минути игра после паузата.[12] Дани Карвахал го пронашол Ламин Јамал, кој го оставил зад себе Лук Шо, и доставил прецизна топка за Нико Вилијамс кој со хируршки прецизен дијагонален удар го совладал Џордан Пикфорд.[12] По голот, Шпанците имале уште неколку ситуации од кои можеле да го зголемат водството, најдобрата ја имал Јамал но Пикфорд одлично одбранил и ја оставил својата репрезентација во игра.[12] Во 70-тата минута, во игра за Англија влегол Кол Палмер на местото на Коби Мејну, и токму тој три минути подоцна погодил за израмнување на 1-1. Голот дошол по една контра, топката стигнала до Џуд Белингам, кој ја вратил на работ од шеснаесеттникот до Палмер кој со низок прецизен удар го совладал Симон.[12] По израмнувањето играта во Берлин се вжештила, шансите се ределе пред двата гола, а во таквата игра подобро се снашле Шпанците, кои преку својот резервист Микаел Ојарсабал, кој во 68-мата минута го заменил капитенот Алваро Мората, стигнале до нов погодок и второ водство (2-1).[12] Ојарсабал одиграл одлично двојно проигрување со Марк Кукуреља, кој со ниско додавање го пронашол напаѓачот на кого не му било тешко од блиску да ја смести топката во мрежата на Пикфорд.[12] На самиот крај, Англија пробала да израмни и била близу кога уште еден играч кој се појавил во игра од клупата Ајван Тони, шутирал со глава, но неговиот удар на гол линијата го избил Дани Олмо за да нема промена на резултатот.[12] Шпанија победила со 2-1.

Шпанија[3]
Англија[3]
GK 23 Унаи Симон
RB 2 Дани Карвахал
CB 3 Робин Ле Норман заменет 83'
CB 14 Емерик Лапорт
LB 24 Марк Кукуреља
CM 16 Родри заменет 46'
CM 8 Фабијан Руис
RW 19 Ламин Јамал заменет 89'
AM 10 Дани Олмо добил жолт картон во 31-вата минута 31'
LW 17 Нико Вилијамс
CF 7 Алваро Мората заменет 68'
Замени:
MF 18 Мартин Субименди влегол во игра 46'
FW 21 Микел Ојарсабал влегол во игра 68'
DF 4 Начо влегол во игра 83'
MF 6 Микел Мерино влегол во игра 89'
Селектор:
Луис де ла Фуенте
GK 1 Џордан Пикфорд
CB 2 Кајл Вокер
CB 5 Џон Стоунс добил жолт картон во 53-тата минута 53'
CB 6 Марк Гехи
RM 7 Букајо Сака
CM 26 Коби Мејну заменет 70'
CM 4 Деклан Рајс
LM 3 Лук Шо
AM 11 Фил Фоден заменет 89'
AM 10 Џуд Белингам
CF 9 Хари Кејн добил жолт картон во 25-тата минута 25' заменет 61'
Замени:
FW 19 Оли Воткинс добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1' влегол во игра 61'
MF 24 Кол Палмер влегол во игра 70'
FW 17 Ајван Тони влегол во игра 89'
Селектор:
Гарет Саутгејт

Играч на натпреварот:
Нико Вилијамс (Шпанија)[1]

Помошни судии:[13]
Франција Сирил Муњие
Франција Мехди Рамуни
Четврти судија:
Полска Шимон Марцињак
Video assistant referee:
Франција Жером Брисар
Помошни VAR судии:
Франција Вили Делажо
Италија Масимилијано Ирати

Правила[14]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен
  • Најмногу петнаесет резервни фудбалери се дозволени
  • Максимално се дозволени пет замени, со можност за шеста ако натпреварот стигне до продолженија
  • Максимално се дозволени три интервали за извршување на замените, со можност за четврти ако натпреварот стигне до продолженија

Статистика

[уреди | уреди извор]

Прво полувреме[15]
Статистика Шпанија Англија
Голови 0 0
Вкупно удари 5 3
Удари во рамка 0 1
Одбрани 1 0
Посед на топка 66% 34%
Корнери 6 1
Извршени прекршоци 6 2
Офсајди 0 0
Жолти картони 1 1
Црвени картони 0 0

Второ полувреме[15]
Статистика Шпанија Англија
Голови 2 1
Вкупно удари 10 6
Удари во рамка 5 2
Одбрани 1 3
Посед на топка 59% 41%
Корнери 4 1
Извршени прекршоци 5 3
Офсајди 1 0
Жолти картони 0 2
Црвени картони 0 0

Вкупно[15]
Статистика Шпанија Англија
Голови 2 1
Вкупно удари 15 9
Удари во рамка 5 3
Одбрани 2 3
Посед на топка 63% 37%
Корнери 10 2
Изрвшени прекршоци 11 5
Офсајди 1 0
Жолти картони 1 3
Црвени картони 0 0

  1. 1,0 1,1 „Official UEFA EURO 2024 final Vivo Player of the Match: Spain's Nico Williams“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 14 July 2024. Посетено на 14 July 2024.
  2. 2,0 2,1 „Spain vs. England“ (JSON). Union of European Football Associations. 14 July 2024. Посетено на 14 July 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Tactical Line-ups – Spain v England“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 14 July 2024. Посетено на 14 July 2024.
  4. „Germany to host UEFA EURO 2024“. UEFA.com. UEFA. 27 September 2018.
  5. „Euro 2024: Germany beats Turkey to host tournament“. BBC Sport. 27 September 2018. Посетено на 27 September 2018.
  6. „Uefa EURO 2024 Final in the Olympiade stadion Berlin, Six Games in the Capital“. Olympiastadion Berlin. 20 May 2022. Посетено на 3 December 2023.
  7. „EURO 2024 host cities: Venue guide“. UEFA.com. UEFA. 2022. Посетено на 12 May 2022.
  8. „Olympic Stadium“. Berlin.de. 11 May 2022. Посетено на 11 July 2024.
  9. „Italy – France“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. Архивирано од изворникот 12 April 2020. Посетено на 9 August 2016.
  10. „Nine Host Cities announced“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 30 September 2008. Архивирано од изворникот на 12 July 2011.
  11. „Executive Committee decides hosts for 2015 finals“. UEFA.org. Union of European Football Associations. 23 May 2013. Архивирано од изворникот 4 October 2015. Посетено на 14 February 2015.
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 Горан Упале (14 јули 2024). „ВИДЕО: Англија пак со празни раце, Шпанија стана апсолутен рекордер на ЕП!“. gol.mk. Посетено на 15 јули 2024.
  13. „François Letexier to referee UEFA EURO 2024 final“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 11 July 2024. Посетено на 11 July 2024.
  14. „Regulations of the UEFA European Football Championship 2018–20“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 9 March 2018. Архивирано од изворникот 11 May 2021. Посетено на 11 May 2021.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Team statistics“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 14 July 2024. Посетено на 14 July 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]