Прејди на содржината

Филип од Наблус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Филип од Наблус

Филип од Наблус, а познат е и како Филип де Мили (околу 1120- 3 април 1171) — седмиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари.

Тој било син на Гај од Мили којшто бил витез од Пикардија кој веројатно учествувал во Првата крстоносна војна и Стефани Фландерска. Гај и Стефани имале 3 сина и сите биле родени во Светата земја од кои Филип најверојатно бил најстар. За првпат неговото име како син на Гај се споменало најверојатно помеѓу 1138 и 1144 кога веројатно е дека станал лорд од Наблус и се оженил со својата сопруга Изабела.

Како лорд од Наблус, Филип станал еден од највлијателните луѓе во Ерусалимското Кралство. Во 1144, кралицата Мелисенда го испратила во Опсадата на Едеса, но тој пристигнал откако градот веќе бил освоен. Во 1148 година, по патот во Втората крстоносна војна, Филип учествувал на советот на Акре на којшто заедно со другите моќници и влијателни луќе донеле одлука да се нападне градот Дамаск.

Долго време Филип заедно со семејството Ибелин во коешто била омажена неговата полусестра Хелвија ја поддржувал кралицата Мелисенда сè додека таа не влегла во конфликт со нејзиниот син Балдуин III. Кралицата Мелисенда ја преземала контролата врз јужниот дел вклучувајќи го и Наблус. Поради тоа, Филип де Мили се свртил на страната на Балдуин, учествувајќи во Битката кај Аскалон во 1153 и во ослободувањето на Бањас во 1157.

Во јули 1161 додека кралицата Мелисенда била болна, Филип де Мили ја заменил титулата лорд од Наблус со службата кај Балдуин III со што станал лорд на Ултерјордан. Со ова на Балдин му се овозможило да ја преземе контролата во јужниот дел од земјата на што неговата мајка, кралицата Мелисенда не била во кондиција да му се спротивстави. Кралот Балдуин III имал за цел да ја зацврсти власта во Ултерјордан благодарение на својот лојален лорд Филип. Но, во 1163 година кралот Балдуин умрел, а него го наследил неговиуот брат Арнарик којшто бил голем пријател и поддржувач на Филип за време на неговата поддршка на кралицата Мелисенда за време на недоразбирањето во 1151 година.

Личниот живот на Филип од Наблус е голема мистерија, но се знае дека откако станал лорд на Ултерјордан, тој организирал поклонение до манастирот Света Катерина на планината Синај. Со жена си Изабела, се знае дека Филип имал син Рајниер којшто го наследил и две ќерки Хелена и Стефани. Изабела најверојатно умрела вом 1166 година што очевидно влијаело на прифачањето на обичаите на Филип како брат на витезите, темплари. Над неговите земји контрола зазела неговата постара ќерка Хелена којашто била жена на Валтер III Брисберски, лордот на Бејрут, а по нејзината смрт во 1168, нејзината ќерка Беатрис Брисберска.

Во 1167 година, Филип од Наблус му се придружил на Арнарик во инвазијата на Египет. Подоцна стигнал повик од семејството Ибелин за опсадата на Билбеис. Таму, Филип од Наблус му го спасил животот на Хуго Ибелиснки којшто паднал од коњ и ја скршил ногата иако оваа точност сè уште е непозната. Темпларите во целост одбиле да ја поддржат инвазијата, а за неуспехот кралот Арнарик ги обвинил токму ним. По смртта на Големиот мајстор Бертран де Бланшфор во јануари 1169, Арнарик инсистирал тие да го изберат Филип за нов Голем мајстор. Тоа и се случило. Во месец август 1169, Филип де Мили бил избран за нов Голем мајстор на витешкиот ред, темплари, иако тој повеќе сакал да се сврти кон одбранбените активности за градот Газа којашто по освојувањето на Египет од страна на Саладин во 1169 година, бил нападнат во 1170.

Од непознати причини, Филп ја напуштил функцијата Голем мајстор во 1171 година. Него го наследил Одо де Сен-Аман. Филип заедно со кралот Арнарик бил на пат за Цариград со цел да се подобрат односите со Византиското Царство. Но, пред самото пристигнување во градот, на 3 април 1171 година, Филип од Наблус починал.

Претходник
Бертран де Бланшфор
Голем мајстор
11691171
Наследник
Одо де Сен-Аман