Прејди на содржината

Успорник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успорник од вулканизирана гума

Успорник или разговорно лежечки полицаец — препрека која се поставува на улиците за да се намали брзината на возилата на тоа место. Доколку не се намали брзината, возилото отскокнува, а може да дојде и до оштетување на истото.

Успорникот обично се поставува во близина на училишта, градинки или други објекти каде треба да се заштитат другите учесници во сообраќајот, особено пешаците.

Овие препреки се изработуваат од разни материјали, вклучувајќи асфалт, бетон, пластика, метал или вулканизирана гума. Повеќе компромиси мора да се направат при изборот на материјал за изработка. Традиционално повеќето успорници биле изработувани од асфалт или бетон. Кај овие градби не може да се постигне добра прецизност, но се попостојани и имаат поголем ефект на успорување на сообраќајот заради тврдоста и истрајноста на материјалот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Прв успорник е забележан во Чатам (САД) во 1906 година.

Во Европа се смета дека првите успорници се имплементирани во 1970 година во Делфт во Холандија.

Недостатоци

[уреди | уреди извор]

Забележани се повеќе недостатоци:

  • Зголемено загадување заради поголемата потрошувачка
  • Зголемена бука од самите успорници, но и од возењето под повисок број на вртежи
  • Намалена интервентноста на возилата за итни интервенции
  • Предизвикување на здравствени проблеми на ’рбетот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]