Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц (Хановер)
Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover | |
Гесло | Mit Wissen Zukunft gestalten[1] |
---|---|
На македонски | Да ја обликуваме иднината со знаење |
Основан | 1831 |
Буџет | 394,5 милиони €(2012) |
Претседател | Фолкер Еппинг |
Наставен кадар | 2.690 (2012)[2] |
Административен кадар | 1.600(2012)[2] |
Студенти | 22.236(2011/12)[3] |
Место | Хановер, Долна Саксонија, Германија |
Прекар | Uni Hannover |
Припадност | TU9 Асоцијација CESAER |
www.uni-hannover.de/ |
Универзитетот во Хановер, именуван како Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц или Универзитет Лајбниц Хановер (LUH), е државен универзитет кој се наоѓа во Хановер, Германија. Универзитетот бил основан во 1831 година и е еден од најстарите, а воедно и најголем научно-технолошки универзитет во Германија.[4] Во учебната 2011/2012 година се запишале 22.236 студенти од кои 3.138 биле од странство. Универзитетот се состои од девет факултети кои нудат 190 целосни и делумни програми во 38 студиски области.[3] Универзитетот е именуван по влијателниот филозоф и математичар во 18 век Готфрид Вилхелм Лајбниц.
Универзитетот Лајбниц е дел од Институтот за технологија на Долна Саксонија и член на здружението TU9, кое се состои од девет водечки технолошки институти во Германија. Универзитетот е исто така член на конференцијата на европски училишта за напредна едукација и успешно истражување CESAER, непрофитно здружение на водечки универзитети за инженерство во Европа. Универзитетот ја спонзорира Германската национална библиотека за наука и технологија (TIB), која е најголема од ваков вид во светот.[5]
Историја
[уреди | уреди извор]Корените на Универзитетот Лајбниц во Хановер потекнуваат од институтот за политехника/високата стручна школа (германски: Höhere Gewerbeschule/Polytechnische Schule), основан во 1831 година. Во 1879 година високата стручна школа била преместена во историскиот замок на Гуелф, Велфеншлос (Welfenschloss), кој бил прилагоден за таа цел. Подоцна високата стручна школа била преименувана во Кралска школа за технологија (Königliche Technische Hochschule).
Во 1899 година кралот Вилхелм II одобрил технолошката школа да има еднаков статус како универзитетите и право на докторати.
Школата била обновена во 1921 година со финансиска помош од здружението на покровители на самата школа. Најпрво имало само три факултети: факултетот за природно-математички науки, градежен и машински факултет.[6]
Во 1968 година бил основан Факултетот за општествени и политички науки, а „Технолошката школа“ станала „Технички универзитет“ (Technische Hochschule). Помеѓу 1973 и 1980 година биле додадени правниот факултет, факултетот за бизнис и економија и претходно независната педагошка школа, па „Техничкиот универзитет“ бил преименуван во „Универзитет Хановер“. Во 1991 година универзитетот броел повеќе од 30.000 студенти. Во 2006 година, на неговата 175-годишнина, „Универзитетот Хановер“ го добил името „Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц Хановер“. Денес, универзитетот има околу 21.000 студенти, повеќе од 2.300 професори и научници и 160 катедри и институти.[6]
Универзитетски комплекс
[уреди | уреди извор]Универзитетскиот комплекс зафаќа површина од 299.000 квадратни метри. Во близина на универзитетот има неколку студентски домови каде што се сместени студентите.
Буџет
[уреди | уреди извор]Вкупниот буџет на Универзитетот во 2012 година изнесувал околу 394,5 милиони евра поделени според:[2]
- Приходи од 221,1 милиони евра според годишниот извештај
- Финансирање од странство во износ од 85,1 милиони евра
- Посебни фондови од Долна Саксонија во износ од 37,3 милиони евра
- 36,5 милиони евра од други приходи
- 14,5 милиони евра од придонеси на ученици
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ uni-hannover.de: Leitbild der Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover. Stand: 1. Februar 2012
- ↑ 2,0 2,1 2,2 uni-hannover.de: Die Leibniz Universität Hannover in Stichworten, zuletzt abgerufen am 1. Februar 2012
- ↑ 3,0 3,1 Studierendenzahlen für das Wintersemester 2011/12. Abgerufen im Februar 2012
- ↑ uni-hannover.de: Studium, Stand: 15. April 2009
- ↑ Profile of the TIB at the University of Hanover online Архивирано на 19 јануари 2016 г. (English) retrieved 26-May-2012
- ↑ 6,0 6,1 History of the University, http://www.uni-hannover.de/en/universitaet/geschichte/index.php Архивирано на 24 септември 2013 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц (Хановер)“ на Ризницата ? |
- Leibniz Universität Hannover—Official website (English version)
- Niedersachsen Institutes of Technology (NTH) Архивирано на 1 ноември 2012 г.—Official website (English version)
- TU9 - Excellence in Engineering and the Sciences Made in Germany (English version)
|