Украинска гривна (украински: українська гривня, МФА: [ˈɦrɪu̯nʲɑ], ознака UAH) — официјална валута во Украина и се состои од 100 копејки (едн. копејка, укр. копійка). Националната Банка на Украина (Національний Банк України) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Украина.
Името на украинската парична единица потекнува од времето на Киевски Рус - гривната била главна парична единица на Киевски Рус. Украинската Народна Република ја користела гривната како национална валута во периодот од 1918 до 1920.
По вторпат гривната била воведена на украинскиот пазар на 2 септември1996 година.
Денес во Украина во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејки и 1 и 2 гривни, како и хартиени банкноти со деноминација од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни.
На аверсот на гривните се значајни личности од украинската историја.