Узедом
Наречен и: Сончев остров | |
---|---|
Плажа, песок и шеталиште во Албек | |
Географија | |
Место | Балтичко Море |
Површина | 445 км2 |
Должина | 66,4 км |
Ширина | 23,9 км |
Брегова линија | 110 км |
Највисоко место | 69 м |
Највисока точка | Голм |
Држава | |
Германија | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Најголема населба | Грајфсвалд |
Полска | |
Војводство | Западнопоморско |
Најголема населба населба | Шчеќин |
Демографија | |
Население | 76.500 (2012) |
Густина | 172 /km2 (445 /sq mi) |
Етнички групи | Германци, Полјаци |
Узедом (германски: Usedom) или Узнам (полски: Uznam) — остров во Балтичкото Море во Померанија, на самата граница помеѓу Германија и Полска. Тој е вториот најголем померански остров зад Риген и пред Волин.
Се наоѓа северно од Шчеќинскиот Залив (германски: Stettiner Haff) естуар на реката Одра. Околу 80% од островот припаѓа на германскиот округ Западна Померанија-Грајфсвалд во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Источниот дел и најголемиот град на островот – Швиноујшќе (германски: Swinemünde, полски: Świnoujście), припаѓа на полското Западнопоморско Војводство.
Во просек од 1.906 сончеви часа во годината, островот Узедом е најсончевиот регион како во Германија, така и во Полска, и исто така е најсончевиот остров во Балтичкото Море.[1] Оттука потекнува и неговиот прекар Сончев остров (германски: Sonneninsel).
Неговата површина е 445 км2 (германскиот дел 373 км2; полскиот дел 72 км2). Вкупно има 76.500 жители (на германскиот дел 31.500 и на полскиот дел 45.000).
Географија
[уреди | уреди извор]Островот е одделен на исток од соседниот остров Волин со Швина (германски: Swine, полски: Świna), која претставува премин (или река), која е главната врска помеѓу Шчеќинскиот Залив и Поморскиот (Померански) Залив, дел од Балтичкото Море. Преминот помеѓу островот и копното е наречен Пенештром; тоа е низводно продолжение на долината на реката Пене, која се влева во најзападниот дел на Шчеќинскиот Залив. Островот е главно низински, на кој се наоѓаат мочуришта.
Најголем град на островот е Швиноујшќе (Swinemünde, Świnoujście), кој има 41.500 жители. Друг град на островот е Узедом, од каде потекнува името на островот. Најголем град во германскиот дел е Херингсдорф (од 2005 до 2006 нарекуван Драјкајзербедер (Dreikaiserbäder), буквално „Бањи на тројцата цареви“).
Постојат бројни омилени приморски одморалишта на балтичкиот брег, вклучувајќи го Циновиц и Козеров во западниот дел; и трите царски бањи Албек, Херингсдорф и Банзин кои создаваат еден град, како и соседниот Швиноујшќе на источниот дел на Узедом.
Заднината на островот е наречена Ахтерланд (Achterland), што потекнува од долногерманскиот јазик и означува води во позадина. Се одликува од недопрени шуми, заливски пејзажи и ридови, како и мирни села како што се Лодин и Балмер Зе со нивните терени за голф.
Главни економски активности на островот се туризмот, здравствениот сектор, малопродажбата, земјоделството, рибарство, преработка на храна и дрварство.
Историја
[уреди | уреди извор]Населен уште од камено доба, областа веројатно била населена од Германи, пред да дојдат Полапските Словени во текот на петтиот, шестиот и седмиот век. Околу островот биле основани вендско/скандинавски трговски центри. Во 1128, поморскиот војвода Вартислав I станал христијанин поради напорите на Отон од Бамберг. Во 1155 премонстратеншкиот ред основал манастир во Гробе, сега познат како Опатија Узедом, која била преместена во селото Пудагла во 1309. Во меѓувреме бил основан цистецијански манастир во Крумин и наскоро целиот остров бил во посед на едниот или другиот црковен ред. Во текот на реформацијата, сопственоста преминала на словенските војводи на Померанија, кои го презеле островот.
Во текот на Триесетгодишната војна, на 26 јуни 1630, шведската армија под водство на кралот Густав Адолф II стигнала во селото Пенеминде, сместено на преминот Пенештром. Узедом бил припоен од Шведска по војната која траела скоро еден век, а во 1720 бил продаден на два милиони талери на прускиот крал Фридрих Вилхелм I. Во 1740 Фридрих II Велики основал морско пристаниште во Свинеминде (денешен Швиноујшќе).
Малото село Пенеминде станало повторно познато во текот на Втората светска војна. Луфтвафе ги тестирал нивните ракети и проектили, вклучувајќи ги и Фау 1 и Фау 2 во близина. Германија користела илјадници принудни работници на Узедом во текот на војната.
Во 1945, источниот дел на островот, заедно со градот и пристаништето Швиноујшќе, бил доделен на Полска според Потсдамската конференција, а германските жители биле протерани кон западниот дел на островот. Територијата била населена со Полјаци, кои биле протерани од Советскиот СОјуз од Креси на истокот.
Туризам
[уреди | уреди извор]Островот Узедом е една од најголемите туристички области во Германија поради неговите плажи, природната убавина и големиот број приморски градови како Циновиц и Херингсдорф, кои се често посетувани од германски и странски туристи. Црквата Св. Петар во Бенц ја уредувале бројни уметници, меѓу кои и Лионел Фејнингер. Многу хотели и хостели се достапни на обете страни на островот. Покрај крајбрежниот појас, внатрешноста пружа неколку природни резервати, замоци, езера и историски села. Главни знамениторист се:
- Ботаничката градина Узедом во Мелентин
- Мостот Карнин, технички споменик за поранешниот железнички мост преку Пенештром.
- Мавзолеј Даненфелт
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед од док во Банзин
-
Док во Албек
-
Вила Екслер во Херингсдорф
-
Бањска архитектура во Циновиц
-
Црква во Албек
-
Поглед на брегот на Швина на Узедом, Швиноујшќе
-
Подморницата К-24 во Пенеминде
-
Гниц, пејзаж на Узедом
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.sueddeutsche.de/reisefuehrer/usedom/auftakt Архивирано на 29 ноември 2014 г. Според метеоролошките податоци во последните 30 години: Узедом е најсончевиот регион во Германија (статија на германски во Süddeutsche Zeitung)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Узедом“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Официјална туристичка страница Архивирано на 26 ноември 2020 г.
|
|
53°56′N 14°05′E / 53.933° СГШ; 14.083° ИГД
|