Прејди на содржината

Удави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Удави
Змиски цар (Boa constrictor)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Инфраред: Виши змии
Семејство: Удави
Gray, 1825[1]
Степски удав (Eryx jaculus)

Удави или бои (науч. Boidae) — семејство на неотровни змии што живеат во Америка, Африка, Европа, Азија и на некои тихоокеански острови. Ова се релативно примитивни змии, каде возрасните единки се средни до големи по димензии, а женките се обично поголеми од мажјаците. Семејството има потсемејства со 12 рода и 49 вида[2]

Во Македонија живее само еден вид — степскиот удав или „песочница“ (Eryx jaculus).[3]

Како и питоните, удавите имаат издолжени надслепоочни коски. Во помала мера се издолжени и квадратните коски, па така двете можат слободно да се движат странично, и змијата ја отвора устата многу повеќе од нормално.[4]

Двете семејства имаат заеднички примитивни особености. Речиси сите видови имаат релативно долна вилица со крунест елемент, as well as a закржлавени карлици со задни екстремитети што се делумно видливи како „ноџиња“ од двете страни на отворот. Кај мажјаците, овие анални ноџиња се поголеми и повидливи отколку оние кај женките. Имаат долг ред на преднонепчени заби, а највеќето видови имаат функционален лев дроб за 25% помал од десниот.[4][5]

Удавите се разликуваат од питоните по тоа што немаат задночелни коски или предгорновилични заби, и по тоа што се живородни. Оние што имаат уснени вдлабнатини, сместени се помеѓу лушпите наместо врз нив. Покрај ова, географската распределба на удавите и питоните е речиси сосема посебна.[4]

Географска распространетост

[уреди | уреди извор]

Удавите се среќаваат во Северна, Средна и Јужна Америка, на Карибите, во југоисточна Европа (вкл. Македонија), Мала Азија, Северна, Централна и Источна Африка, на Мадагаскар и Реинион, Арапскиот Полуостров, Централна и југозападна Азија, Индија и Шри Ланка, на Молучките Острови и Нова Гвинеја, па до Меланезија и Самоа.[1]

Змијата го убива пленот со „давење“; откако ќе го грабне животното за да го приклешти, удавот набргу се намотува неколкупати околу животното, па го стега доволно силно за да го задуши, но не го здробува (деформира).

Поголемите единки јадат животни со големина на мачка, но се случува и да ловат животни со поголеми димензии: зелената анаконда (Eunectes murinus) се храни и со помлади тапири. Пленот го голта цел, и го вари неколку дена до неколку недели. И покрај нивната големина и мускулатура, удавите не се опасни по луѓето.

Размножување

[уреди | уреди извор]

Највеќето видови се јајцеживородни, што значи дека младите се раѓаат живи. За разлика од нив, питоните се јајцеродни, т.е. положуваат јајца.

Потсемејства

[уреди | уреди извор]
Потсемејство[2] Автор на таксонот[2] Родови[2] Видови[2] Македонско име Распространетост[1]
Boinae Gray, 1825 5 28 вистински удави Средна и Јужна Америка, Африка, Мадагаскар, Реинион, Маврициус, Молучките Острови и Нова Гвинеја.
Erycinae Bonaparte, 1831 3 15 песочни удави јужна и југоисточна Европа, Мала Азија, северна, централна, западна и источна Африка, Арабија, централна и југозападна Азија, Индија, Шри Ланка. Живеат и во југозападна Канада, западот на САД и северозападно Мексико.

Типски род = удав (Boa - Gray, 1825)[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 McDiarmid RW, Campbell JA, Touré T. 1999. Snake Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference, vol. 1. Herpetologists' League. 511 pp. ISBN 1-893777-00-6 (series). ISBN 1-893777-01-4 (volume).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Boidae“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 14 јули 2008. (англиски)
  3. Анализа и валоризација на биодиверзитетот на национално ниво: 4. Валоризација на влекачи[мртва врска] - МЖСПП (македонски)
  4. 4,0 4,1 4,2 Parker HW, Grandison AGC. 1977. Snakes -- a natural history. Second Edition. British Museum (Natural History) and Cornell University Press. 108 pp. 16 plates. LCCCN 76-54625. ISBN 0-8014-1095-9 (cloth), ISBN 0-8014-9164-9 (paper).
  5. Boidae Архивирано на 18 мај 2008 г. at VMNH. пров 15 јули 2008
  • Kluge AG. 1991. Boine Snake Phylogeny and Research Cycles. Misc. Pub. Museum of Zoology, Univ. of Michigan No. 178. Удави (Boidae) - Библиотека на Мичигенскиот универзитет. пров. на 8 јули 2008 (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]