Тројцата мускетари
„Д'Артањан, Атос, Арамис и Портос“ слика од 1894 | |
Автор | Александар Дима во соработка со Огист Маке |
---|---|
Изворен наслов | Les Trois Mousquetaires |
Земја | Франција |
Јазик | Француски |
Жанр | Историски роман |
Издадена | Март–јули 1844 (сериски) |
Следна | Дваесет години подоцна, Грофот од Браглон |
Тројцата мускетари (француски: Les Trois Mousquetaires) — еден од најпознатите романи на Александар Дима, отпрвин објавен како фељтон во весникот Ле Сиекл од март до јули 1844, а подоцна во неколку тома објавен е прво во 1846, а подоцна придружен со илустрации и во 1846. Романов е првиот дел од триологијата „мускетарите“, проследен од Дваесет години подоцна (1845) и Грофот од Браглон (1847).
Романот ги раскажува авантурите на сиромашното 18-годишно момче, Д'Артањан, кое доаѓа во Париз да им се придружи на мускетарите. Момчето се спријателува со Атос, Портос и Арамис, мускетари на кралот Луј XIII. Четворицата се спротивставуваат на премиерот, кардиналот Де Ришелје и неговите помошници грофот Де Рошфор и убавата, но таинствена Милејди де Винтер, за да ја спасат честа на француската кралица.
Со многубројните двобои, битки и пресврти карактеристични за романтизмот, Тројцата мускетари е совршен пример за историско-авантуристички роман. Покрај жанровската определба, романот го илустрира тогашниот актуелен судир помеѓу републиканците и монархистите, конфликтот кој четири години по издавањето на романот води до прочуената Француска револуција. Сѐ уште популарен романот е одново и одново доживува филмски, телевизиски и театарски адаптации.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тројцата мускетари на Проектот „Гутенберг“
- Историјат на мускетарите на Дима, ги покажува односите на ликовите со вистинската историја.
- Збирка на линкови за Дима
- Тројцата Мускетари. Помошен материјал со илустрации.
- Дискусија за делото
- Библиографија и наводи за Тројцата Мускетари