Прејди на содржината

Троја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источна кула и ѕид пред источната порта на Троја.
Музејот посветен на Троја. Поголемиот дел од целото поле во кое се наоѓа ги покрива подземните галерии, работи и простори за складирање. До нив се пристапува преку рампите што не се прикажани. Исто така, постојат простории за прикажување на отворено.

Троја е град во Мала Азија, познат и како Илиом, познат како поприште на прочуената Тројанска војна, опеана во Илијада на Хомер Троја била долговремена населба сокриена во девет слоеви близу северозападниот брег на Мала Азија. Од предисториското (3000 г. п.н.е.) до римското време (II век од н.е.), Троја господарела со влезот на Дарданелите.[1] Потпирајќи се на хомеровите спевови "Илијада" и "Одисеја", овој град го открил Хајнрих Шлиман во 1868 година, на брегот Хисарлик, каде копал заедно со Дерпфелд. Пронајдени се богати археолошки наоди, особено во Троја VI која се смета за град на кралот Пријам, против кого Ахајците ја воделе прочуената Тројанска војна. Археолошкиот материјал се чува во музејот во Берлин.

Основање на Троја

[уреди | уреди извор]

Постојат неколку легенди за основање на Троја, од кои првата вел дека во време на гладот населението на Крета под водство на Скамандар тргнале да создадат колонија. Кога стигнале во Фригија поставиле шатори во близина на градот Хамаксит под планината што ја нарекле Ида. Според совет на Аполон останале на таа земја иако ноќта ги нападнале глувци и им го прегризле оружјето и сета опрема. Скамандар се ожени со нимфа Идаја, но набргу загина во битката со соседите, па него го наследи Таукар, според друго предание народот го довел токму Таукар и нему  кога пристигнал во Фригија, Дардан му ја дал својата ќерка за жена.

Атењани тврделе дека некој Таукар кој живеел во нивната општина Троја заминал во Фригија и дека тој таму го дочекал Дардан, синот на Зевс и Плејада Електра, а не обрнуто. Дардан според таа легенда заминал од Аркадија поради смртта на брата си  Јасион. Тој предложил да се изгради тврдина над рамницата, што подоцна станала Троја.

Дардан од пророштвото доби ветување дека градот што ќе го оснуе ќе биде неосвоив сè додека миразот на неговата жена биде под заштита на Атена. Неговиот гроб се наоѓа во делот на Троја кој се нарекувал Дарданија сè додека тој дел не се споил со Илиум и Троја во еден град. По него владеал неговиот син Идај. Идај имал браќа Ид и Ерихтониј.

Еднаш кога Ид отишол во Фригија и се такмичел во игрите на кои победил, добил педесет младичи и педесет девојки како награда, но и дамчеста крава и совет да подигне град каде што таа крава првпат легне да почине. Кога стигнале во ридовите на Ата таа легнала првпат и тој го основал градот Илиум, но не кренал никаква тврдина поради пророштвото од татко му.

Кога градот бил обележан тој го замолил Зевс да му даде некаков знак, и утредента пред својот шатор пронашол дрвен паладиум, кој у го оставила Атена како спомен на својата мртва другарка од детство Палада. Тој кип прво стоел на Олимп, покрај престолот на Зевс, но поради неморалот и скрнавење на кипот од страна на Зевс, Атена кипот го фрлила на земја. Аполон го посоветува Ил да го сочува кипот кој паднал на земја и дека тој ќе го сочува градот. Поради тоа Ил кренал храм во кој го чувал кипот. Ил се оженил со Еуридика со која имал син Леомедон и ќерка Темиста. Леомедон имал пет синови (меѓу кои и Педарок, кој подоцна се нарекол Пријам и три ќерки. Тој решил да го изгради прочуениот тројански ѕид, за чија изградба му помогнале Аполон и Посејдон.

Троја пред војната

[уреди | уреди извор]

Пријам го добил тројанскиот престол со милоста на Херакле, сметал дека градот бил изграден на лошо место и дека поради тоа нему му се случи несреќата да ја разурне Херакле во своето лудување . Тој го испратил својот роднина во Делфи да побара совет од Питонката, но тој од љубов кон свештеникот на Аполон заборавил зошто дошол, а Пријам чувствувајќи срам да повторно бара пророштво го крена градот на истите темели. Пријам успеал на градот да му врати сила, моќ и слава и да го крене гласот за своето богатство, слога и сила на далеку.

Пријам се женел двапати, со првата жена Аризба го имале синот Езак, но потоа се оженил со Хекаба, ќерката на Димант и нимфата Еуноја, таа на Пријам му родила деветнаесет од неговите педесет синови, останатите биле вонбрачни. Тој имал и дванаесет ќерки и сите тие живееле заедно во палата. Најстариот син на Хекаба бил Хектор (според едно од преданијата за неговото раѓање, иако ниту во тоа предание не се иззема можност неговиот татко да бил Зевс), потоа го родила [[]Парис], а меѓу останатите и близнаците Касандра и Хелен кои од светите змии добиле силни пророчански моќи.

Хекуба била предупредена за несреќата што ќе ја донесе нивниот син Парис, но таа не можела да го убие, туку го оставила на милост и немилост на природата. Парис бил спасен и очуван од овчарот, спасен да ја исполни судбината.

Троја како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  • „Нема друга Троја“ (англиски: No Second Troy) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[2]
  • „Троја“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1984 година.[3]
  • „Момент во Троја“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[4]
  • „Монолог за Касандра“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
  • „Попис на населението“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[6]
  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 529 - 534.
  2. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 74.
  3. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 98.
  4. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 45-46.
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 104-105.
  6. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 102-103.