Тропска кожна болест
Тропска кожна болест | |
---|---|
Nodules on the elbow resulting from a Treponema pallidum pertenue bacterial infection | |
Специјалност | Заразна болест |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Тропска кожна болест (исто позната како фрамбезија тропика, тимоза, полипапилома тропикум, паранги, буба, фрамбезија,[1] и пиан[2]) — тропска инфекција на кожата, коските и глуждовите предизвикана од спирохетската бактерија Трепонема палидум пертену.[3][4] Болеста започнува со кружен голем оток на кожата, со пречник од два до пет сантиметри.[4] Средината може да се отвори и да формира чир.[4] Овие првични лезии на кожата се лечат по три до шест месеци.[5] По повеќе недели до години, глуждовите и коските стануваат болежливи, се развива замор, и може да се појават нови кожни лезии.[4] Кожата на дланките и на табаните од стапалата може да потече и да пукне.[5] Коските(посебно на носот) може да се изобличат.[5] По пет или повеќе години може да се појават големи површини на мртва кожа проследена со лузни.[4]
Фрамбезијата се пренесува преку директен контакт со течноста од лезијата на заразеното лице.[5] Контактот вообичаено не е од сексуална природа.[5] Болеста е најчеста кај децата кои ја пренесуваат играјќи си заедно.[4] Други сродни трепонемални болести се бејел (Трипонема палидум ендемикум), пинта (Трипонема палидум каратеум), и сифилис (Трипонема палидум палидум).[5] Тропската кожна болест често е дијагностицирана според изгледот на лезиите.[5] Тестовите за крв антитела можат да бидат од корист, но не можат да ги прават разлика помеѓу претходните и сегашните инфекции.[5] Дијагнозата најточно се востановува со верижна реакција на полимераза (ВРП).[5]
Превенцијата делумно вклучува лекување на оние кои ја имаат болеста, со што се намалува ризикот од преносливост.[5] Во случаи каде што болеста е честа појава, најефективно е лекувањето на целата заедница.[5] Со подобрување на чистотата и хигиената, исто така ќе се намали ширењето.[5] Третманот обично се состои од антибиотици, вклучувајќи: ацитромицин орално или бензатин пеницилин преку инјекција.[5] Без третман се јавуваат физички деформитети кај 10% од случаите.[5]
Тропската болест е честа во најмалку 14 тропски држави од 2012 година.[4][5] Заразата ги напаѓа само луѓето.[5] Во 1950-тите и 1960-тите, Светската здравствена организација (СЗО) речиси ја искорени фрамбезијата.[5] Оттогаш бројот на случаи е зголемен и СЗО повторно се обидува да ја искорени заразата до 2020 година.[5] Последната проценка на бројот на заразени беше повеќе од 500.000 во 1995 година.[3] Иако еден од првите описи на оваа болест е направен во 1679 година од страна на Вилем Писо, археолошките истражувања покажале дека е можно фрамбезијата да била присутна меѓу луѓето пред околу 1,6 милиони години.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rapini RP; Bolognia JL; Jorizzo JL. (2007). Dermatology: 2-Volume Set. St. Louis: Mosby. ISBN 1-4160-2999-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ James WD; Berger TG; и др. (2006). Andrews' Diseases of the Skin: clinical Dermatology. Saunders Elsevier. ISBN 0-7216-2921-0. OCLC 62736861.
- ↑ 3,0 3,1 Mitjà O; Hays R; Rinaldi AC; McDermott R; Bassat Q (2012). „New treatment schemes for yaws: the path toward eradication“ (pdf). Clinical Infectious Diseases. 55 (3): 406–412. doi:10.1093/cid/cis444. PMID 22610931.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Mitjà O; Asiedu K; Mabey D (2013). „Yaws“. Lancet. 381 (9868): 763–773. doi:10.1016/S0140-6736(12)62130-8. PMID 23415015.
- ↑ 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 5,17 „Yaws Fact sheet N°316“. World Health Organization. February 2014. Посетено на 27 February 2014.