Прејди на содржината

Трипарадиска поделба

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трипарадиската поделба бил договор склучен во Трипарадис во 321 п.н.е. помеѓу генералите (дијадоси) во војската на Александар Македонски, во кој тие определиле нов регент и ја договориле поделбата на нивните сатрапии. Тие ја имале предвид како основа Вавилонската поделба направена во 323 п.н.е. ведаш после смртта на Александар Македонски и истата само ја преуредиле.

После смртта на Александар Македонски во 323 п.н.е., владеењето со империјата му било препуштено на неговиот полубрат Филип Аридеј и сѐ уште неродениот син Александар IV во бракот со Роксана. Меѓутоа, бидејќи Филип бил ментално болен а Александар IV сѐ уште не е роден, бил именуван регент на империјата. За регент бил избран Пердика. Во исто време поранешните генерали биле именувани за сатрапи на различни региони од Македонската Империја.

Неколку сатрапи биле лакоми да завладеат поголеми делови од империјата и кога Птоломеј, сатрап на Египет, се побунил заедно со уште неколку други генерали, Пердика на тоа се спротивставил, што било повод да започне првата војна на дијадосите. Пердика бил убиен од некој предавник во неговите редови. Птоломеј не го прифатил регенството, а барал да се додели на Пејтон и Архидеј. Овој предлог наишол на силно спротивставување од страна на Евридика, жената на Филип III, што довело до свикување на состанок во 321 п.н.е. во Трипарадис на сите дијадоси. За регент бил поставен Антипатар и се направила нова поделба на империјата.

Аријан го опишал резултатот од оваа средба во Настани после Александар, кој бил пренесен до нас преку византискиот патријарх Фотиј (820-897):

„Тогаш и таму Антипатар направи нова поделба на Азија, со која делумно ги потврди поранешните а делумна ги анулира, во согласност со постоењето на потребните работи. На прво место за, Египет со Либија, и сите други простори околу нив, и за се друго потребно за западните простори, тој го задолжи Птоломеј I Сотер;

Антиген бил заеднички оспорен од племињата во провинцијата Суза, од кои три илјади од нив Македонци кои биле најподготвени да се побунат.

Уште повеќе, тој го определил Аутоликиј синот на Агатокле, Аминта синот на Александар и братот на Peucestas, Птоломеј синот на Птоломеј, и Александар синот на Полиперхон, како гарда да ги штитат припадниците на кралското семејство.

На неговиот син Касандар тој му ја дал командата на коњаницата; а на Антигон, трупите кои претходно ги раководел Пердика

Кога завршил, Анитипатар заминал дома, многу поздравен од сите, за неговото умно и прудентно управување.“

Напореден преглед на поделбите

[уреди | уреди извор]


Вавилонска поделба Трипарадиска поделба
Улога или
Регион
Диодор Сицилиски Јустин Аријан+ /
Дексипиј*
Диодор Сицилиски Аријан
Крал на Македонија Филип III Филип III Филип III+ Филип III и
Александар IV
Филип III и
Александар IV
Регент Пердика Пердика Пердика+ Антипатар Антипатар
Командант на придужниците Селевк I Победникот Селевк I Победникот нема податок Касандар Касандар
Командат на гардата нема податок Касандар нема податок нема податок нема податок
Македонија Антипатар Антипатар Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Илирија Антипатар Фило Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Епир Антипатар нема податок Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Грција Антипатар Антипатар Антипатар+* и
Кратер+
Антипатар Антипатар
Тракија Лизимах Лизимах Лизимах+* Лизимах Лизимах
Хелеспонстака Фригија Леонат Леонат+* Леонат Филип III Филип III
Голема Фригија Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Памфилија Антигон I Едноокиот Неархиј Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Ликија Антигон I Едноокиот Неархиј Антигон I Едноокиот+* Антигон I Едноокиот Антигон I Едноокиот
Карија Асандар Касандар Касандар+ Асандар Асандар
Лидија Менандар Менандар Менандар+* Клејт Белиот Клејт Белиот
Кападокија Еумен Еумен Еумен+* Никанор Никанор
Пафлагонија Еумен Еумен Еумен+* Никанор? Никанор?
Силисија Филота Филота Филота+* Филоксениј Филоксениј
Египет Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер+* Птоломеј I Сотер Птоломеј I Сотер
Сирија Лаомедон Лаомедон Лаомедон+* Лаомедон Лаомедон
Месопотамија Аркесилај Аркесилај Аркесилај* Амфимахиј Амфимахиј
Вавилонија Аркон Пеукест Селевк I Победникот* Селевк I Победникот Селевк I Победникот
Пелазгија нема податок Аркон нема податок нема податок нема податок
Голема Медија Пејтон Атропат Пејтон* Пејтон Пејтон
Мала Медија Атропат Атропат нема податок нема податок нема податок
Сузијана нема податок Скиниј нема податок Антиген Антиген
Персија Пеукеста Тлеполемиј Пеукеста* Пеукеста Пеукеста
Карманија Тлеполемиј нема податок Неоптолемиј* Тлеполемиј Тлеполемиј
Ерменија нема податок Фратаферен нема податок нема податок нема податок
Хирканија Фратаферен Филип Фратаферен Филип? Филип?
Партија Фратаферен Никанор нема податок Филип Филип
Содијана Филип Скитиј Филип* Стасанор Стасанор
Бактрија Филип Аминта нема податок Стасанор Стасанор
Drangiana Стасанор Стасанор Стасанор* Стасандар Стасандар
Арија Стасанор Стасанор Стасанор* Стасандар Стасандар
Аракозија Сибиртиј Сибиртиј Сибиртиј* нема податок Сибиртиј
Гедрозија Сибиртиј Сибиртиј Сибиртиј* нема податок Сибиртиј? 2
Паропамизија Оксиарт Оксиарт? 3 Оксиарт* Оксиарт Оксиарт
Пенџаб Таксил Таксил Таксил* Таксил Таксил
Индус Пор Пејтон синот Агеноров Пор* Пор Пор
Gandhara Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров Пејтон синот Агеноров
Забелешки 1 = Постојат предлози во Дексипиј и Аријан дека Оксиарт бил оставен за сатрап на Бактрија
2 = Не е експлицитно кажано, но веројатно
3 = Читајќи Оксиарт од Јустиновите "Екстархи"

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]