Прејди на содржината

Томас Џеферсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Џеферсон
Thomas Jefferson
Томас Џеферсон


3
Мандат
4 март 1801 – 4 март 1809
Заменик претседател(и)   Ерон Бр
Aaron Burr
Претходник Џон Адамс
Следбеник Џејмс Медисон

Роден 13 април 1743
Шедвел, Вирџинија, САД
Починал 4 јули 1826
Шарлотсвил, Вирџинија, САД
Партија Демократско-републиканска партија
Сопружник Марта Вејлс Скелтон Џеферсон
Професија Адвокат, Земјоделец
Религија Деист
Потпис

Томас Џеферсон (англиски: Thomas Jefferson, 13 април 1743 - 4 јули 1826) — третиот претседател на САД (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и поборник за идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806).

Џеферсон бил политичар, филозоф и претставник на просветителството и познавал многу интелектуалци - водачи во Велика Британија и Франција. Тој го сметал независниот земјоделец како пример на доблестите на републиканството, не верувал во градови и финансиери и се залагал за поголеми права и самоуправа на државите и лимитирана федерална влада. Џеферсон го поддржувал принципот на одделување на црквата од државата и бил автор на Статутот на Вирџинија за Слобода во Религијата (1779, 1786). Тој бил епоним на Џеферсоновата демократија и соосновач и водач на Демократско-републиканската партија која ја доминирала американската политичка сцена во должина од четврт век. Џеферсон бил Гувернер на Вирџија за време на војната (1779-1781), првиот Државен секретар на САД (1789-1793) и вториот заменик претстедател на САД (1797-1801).

Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаите кога Џеферсон јадел сам тука“.