Прејди на содржината

Токсикологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Токсикологија

Токсикологија (од грчките зборови τοξικός — токсикос „отровно“ и logos — наука) — гранка на биологијата и медицината која се занимава со проучување на негативните ефекти на супстанците врз живите организми. Таа е наука за симптомите, механизмите, третирањето и откривање на труењата, посебно труењата кај луѓето.

Историја

[уреди | уреди извор]

Диоскорид, на дворот на римскиот цар Нерон околу 50 година од н.е. ги направил првите обиди за класификација на растенијата во зависност од нивните токсични и терапевтски ефекти.[1]

  1. Hodgson, Ernest (2010). A Textbook of Modern Toxicology. John Wiley and Sons. стр. 10. ISBN 0-470-46206-X.