Прејди на содржината

Тасмански ѓавол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тасмански ѓавол[1]
мажјак Тасмански ѓавол.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Marsupialia
Ред: Dasyuromorphia
Семејство: Dasyuridae
Род: Sarcophilus
Вид: Sarcophilus harrisii
Научен назив
Sarcophilus harrisii
(Boitard, 1841)

Тасманскиот ѓавол (Sarcophilus harrisi) е месојаден торбар моментално сретнат во дивината само на австралијанскиот остров држава Тасманија. Тасманскиот ѓавол е единствениот постоечки член од родот Sarcophilus. Со големина на мало куче, но кус и мускулест Тасманскиот ѓавол сега е најголемиот месојаден торбар во светот по изумирањето на Тасманскиот тигар (Thylacine) во 1936 година. Карактеристичен е по своето црно крзно, силната реа кога е под притисок, екстремно бучен и вознемирувачки крик и крволочноста кога јаде. Познато е дека истовремено го лови пленот и се храни со мрша и иако често е осамен понекогаш јаде со другите ѓаволи. Тасманскиот ѓавол бил истребен од австралискиот континент пред скоро 300 години, сосема пред колонизацијата од Европејците во 1988 година. Бидејќи тие биле гледани како закана за добитокот во Тасманија, ѓаволите биле ловени сè до 1941 година кога официјално биле заштитени. Од доцните 1990-ти болеста на ѓаволите тумор на лицето го смалила значително населувањето на ѓаволот и сега се заканува на опстанокот на видовите кој во мај 2009 година беше прогласен за загрозен. Актуелно отпочнати се програми од Тасманската влада за да се намали ударот на болеста.

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Природонаучникот Џорџ Харис го напиша првиот објавен опис на Тасманскиот ѓавол во 1803 година именувајќи го Didelphis ursina. Во 1838 година ѓаволот беше преименуван во Dasyurus laniarius од Ричард Овен, пред да се премести во родот Sarcophilus во 1841 година и именуван како Sarcophilus harrisii или „Харисовиот љубител на месо“ од Пјер Ботард. Понатамошната ревизија на таксономијата на ѓаволот објавена во 1987 година настојувала да ги промени имињата на видовите Sarcophilus laniarius засновани врз копнените фосилни забелешки од само неколку животни. Сепак ова не било прифатено од таксономната заедница во целост и името S.harrisi било задржано и S.laniarius се деградирало на фосилните видови. Филогенетичката анализа покажува дека ѓаволот е најблиску сроден со торбарите и најдалечен до изумрениот Тасмански тигар (Thylacine).

Физички опис

[уреди | уреди извор]
Мустаќите на ѓаволот му помагаат да го открие пленот.

Тасманскиот ѓавол е најголемиот преживеан месојаден глодач во Австралија. Има набиена и дебела конструкција, со голема глава и опашка која е речиси половина од неговата телесна должина. Ѓаволот собира телесна маснотија во опашката,затоа болните ѓаволи често имаат тенки опашки. Необично за глодач, неговите предни нозе се малку подолги од задните нозе. Ѓаволите можат да трчаат до 13 километри (8,1 милји) на час на кратки растојанија. Крзното е најчесто црно иако се вообичаени нерамномерни бели дамки на градниот кош и задникот. Мажјаците најчесто се поголеми од женките, имајќи просечна глава и телесна должина од 652 милиметри (25,7 инчи), со 259 милиметри долга опашка и просечна тежина од 8 килограми (18 фунти). Женките имаат просечна глава и телесна должина од 570 милиметри (22 инча), со 244 милиметри долга опашка и просечна тежина од 6 килограми (13 фунти). Просечното животно исчекување на Тасманскиот ѓавол во дивината е предвидено на 6 години, иако тие може да живеат подолго во заробеништво. Ѓаволот има долги мустаќи на лицето и израстоци на врвот на главата. Тие му помагаат на ѓаволот да го открие пленот кога трага во темнината и помош при откривањето кога другите се близу во текот на хранењето. Кога е вознемирен, ѓаволот може да создаде јака миризба чија острина е конкурентна дури со таа на творот. Слухот му е доминантно чувство и исто така има одлично чувство за мирис. Откако ѓаволите ловат навечер, нивниот вид изгледа е најдобар во црно и бело. Во овие услови тие веднаш можат да откријат објекти во движење, но потешко гледаат неподвижни објекти. Анализата од силата на каснувањето на цицач во однос на големината на телото покажува дека ѓаволот има најјако каснување од било кој жив цицач (преку 5100 фунти на квадратен инч или 35.000 килопаскали) Моќта на вилицата е делумна поради неговата релативно голема глава. Тасманскиот ѓавол исто така има комплет од заби кои растат споро во текот на неговиот живот.

Размножување

[уреди | уреди извор]
Развојни стапки во созревањето на млад Тасмански ѓавол. Дијагоналните линии го покажуваат временскиот период кој го зафаќаат промените , на пример потребни се 41 ден за на ѓаволот да му израсне крзно по целото тело.

Женките почнуваат да се размножуваат кога ќе достигнат полова зрелост, вообичаено во нивната втора година. Од овој момент, тие се плодни еднаш годишно, создавајќи повеќе јајце-клетки додека се во топло. Парењето се случува во март на заштитени места во текот на денот и ноќта. Мажјаците се борат за женки во сезоната на размножување и женките ѓаволи ќе се парат со доминантниот мажјак. Ѓаволите не се моногамни и женките ќе се парат со неколку мажкаци ако не се заштитени по парењето. Бременоста трае 21 ден и ѓаволите се породуваат со 20 до 30 младенчиња, секое тежејќи точно 0,18 до 0,24 грама. Кога младенчињата ќе се родат натпреварот е жесток како што се движат од вагината до торбата. Веднаш штом се во торбата, тие остануваат врзани за брадавица во следните 100 дена. Торбата на женката Тасмански ѓавол, слична на таа од вомбат ( австралиски торбар), ретко се отвора, затоа физички е тешко за женката да делува со млади во торбата. Покрај големото легло при раѓањето, женката има само четири брадавици, затоа не повеќе од четири бебиња се храната во торбата и како што старее женката ѓавол се помали стануваат нејзините легла. Во просек повеќето женки преживуваат отколку мажјаците. Во торбата исхранетите млади броз се развиваат. На 15 дена надворешните делови од увото се видливи. Очните капаци се видливи по 16 дена, мустаќите на 17 дена и усните на 20 дена. На младите им расне крзно на 49 дена и имаат целосно крзно до 90 дена. Нивните очи се отвораат кратко по развивањето на крзното помеѓу 87 и 93 дена и нивните усни можат да го олабават држењњето за брадавицата на 100 дена. Тие ја напуштаат торбата 105 дена по раѓањето, појавувајќи се како мали копии на родителот и тежејќи точно 500 грама (18 унци). За ралика од младите на кенгурот, младите ѓаволчиња не се враќаат во торбата, наместо, тие остануваат во дувлото за уште 3 месеци, прво ризикувајќи надвор од дувлото меѓу октомври и декември, пред да станат независни во јануари. Женките ѓаволи се зафатени со одгледување на нивните мали за цели шест недели од годината.

Екологија и однесување

[уреди | уреди извор]
Иако Тасманските ѓаволи се ноќни животни, тие сакаат да се одморат под сонцето. Scarring from fighting is visible next to this devil's left eye.

Тасманските ѓаволи се распространети и прилично чести низ Тасманија, но брзо умираат од рак на лицето. Пронајдени во сите живеалишта на островот, вклучувајќи ги предградијата на урбаните области тие особено сакаат суви склерофилни (sclerophyll) шуми и крајбрежни кории. Тасманскиот ѓавол е ноќен и мрачен ловец, поминувајќи ги деновите во густа грмушка или во дупка. Малите ѓаволчиња можат да се качат на дрвјата, но ова станува се потешко како што растат поголеми. Ѓаволите можат и да пливаат. Тие се претежно повлечени животни и не формираат чопор. Заземаат територии од 8 до 20 км2 што може значително да се вклопи меѓу различни животни.

Ѓавол јаде кенгур

Тасманските ѓаволи може да зграпчат плен со големина на мал кенгур, но во пракса тие се опортунисти и многу често јадат мрша отколку што ловат жив плен. Иако ѓаволот претпочита вомбати, ќе јаде мали локални цицачи, домашни цицачи (вклучувајќи овци), птици, риби, инсекти, жаби и влекачи. Нивната исхрана е многу разновидна и зависи од достапната храна. Во просек тие јадат 15 % од нивната телесна тежина секој ден, но сепак тие можат да изедат 40% од нивната телесна тежина за 30 минути ако им се зголеми можноста. Тасманските ѓаволи ги уништуваат сите траги од мршата,голтајќи ги коските и крзното покрај месото и внстрешните органи. Во тој поглед, ѓаволот има заслужена благодарност од тасманските фармери, по брзината со која тие шистат мрша помагајќи да се спречи ширењето на инсекти кои можат поинаку да му наштетат на добитокот. Иако тие ловат сами, јадењето е друштвен настан за Тасманскиот ѓавол. Поголемиот дел од вревата својствена за животното е резултат од бучното заедничко јадење на кое до 12 единки може да се соберат и често може да се слушнат на далечина од неколку километри. Истражување за хранењето на ѓаволите препозна 20 физички ставови, вклучувајќи го нивното карактеристично пакосно прозевање и 11 различни вокални звуци кои ѓаволите ги користат да комуницираат додека се хранат. Тие обично остваруваат доминантност преку звукот и физичкиот став, иако се случува и борба. Возрасните мажјаци се најмногу агресивни и заплашувањето е често во борбата за храна и партнер.

Заштитна состојба

[уреди | уреди извор]
At Во храмот Хилсвил, Викторија

Некое време Тасманија беше последното засолниште на големите месојадни торбари. Сите поголеми месојадни торбари изумреле на континентот Австралија кратко по населувањето на луѓето. Само најмалите и најприлагодливите преживеале. Фосилен доказ од западна Викторија покажува дека Тасманските ѓаволи држеле место на австралискиот континент скоро до пред 600 години (отприлика 400 години пред колониацијата на Европејците). Нивното исчезнување е препишано на крволочноста на дингата и ловењето од локалните австралијанци. Во Тасманија слободна од динга, месојадните торбари сѐ уште дејствувале кога пристигнале Европејците. Искоренувањето на Тасманскиот тигар (Thylacine) по доаѓањето на Европејците е добро познато, но исто така и Тасманскиот ѓавол бил загрозен. Првите тасмански доселеници јаделе Тасмански ѓавол кој го опишале дека е вкусен како телешко. Како што се верувало дека ѓаволите ќе ловат и убиваат добиток, награден метод да се отстрани ѓаволот од селските имоти беше воведена во почетокот на 1830 година. Во наредните 100 години, фаќањето во стапици и труењето ги доведе д оработ на изумирање. По смртта на последниот Тасмански тигар (Thylacine) во 1936 година, заканата за ѓаволите беше согледана. Тасманскиот ѓавол беше заштитен со закон во 1941 година и популацијата полека се повратила. Најмалку две главни популации пропаѓаат, веројатно поради епидемијата од болест која се појавила во запишаната историја во 1909 година и 1950 година. Моментално популацијата на Тасманскиот ѓавол е соопштена од тасманското инистерство за основни индустрии и вода, кое достигнува од 10 000 до 100 000 единки, со можни 20 000 до 50 000 возрасни единки. Главниот научник во програмата за болеста на ѓаволот-тумор на лицето Хамиш Меккалум нуди поскромна проценка од најмалку 20 000 единки и најмногу 75 000.

Болест на ѓаволот-тумор на лицето

[уреди | уреди извор]

Туморот на лицето кај ѓаволот предизвикува да се формираат тумори во и околу устата, пречејќи при јадењето и евентуално води до смрт од изгладнетост.

Devil facial tumour disease causes tumours to form in and around the mouth, interfering with feeding and eventually leading to death by starvation.

Првпат видена во 1995 година ѓаволовата болест-тумор на лицето ( DFTD) ги уништи дивите ѓаволи на Тасманија и проценките од ударот достигнуваат од 20 % до најмногу 50 % намалување на популацијата на ѓаволот со погодени преку 60% од државата. Погодените густи популации претрпеа 100 % смртност за 12 до 18 месеци. Видот беше запишан како чувстителен под тасманскиот договор 1995 за заштита на загрозените видови и австралискиот договор 1999 за заштита на околината и биолошката разновидност во 2006 година, што значи дека е во ризик од изумирање во „средниот рок“. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) не го гледа видот како загрозен. Кога овој вид последен пат беше проценет за Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) во 1996 година, беше запишан како помалку ризичен/со најмала загриженост. Популациите на Тасманскиот ѓавол се надгледувани за да се следи ширењето на болеста и да се препознаваат промените во распространетоста на болеста. Теренско надгледување вклучува фаќање на ѓаволи во одредена област за да се провери присуството на болеста и да се одреди бројот на болните животни. Истата област е повеќепати посетена за прекувремено да се опише ширењето на болеста. Досега утврдено е дека краткорочните ефекти од болеста во област може да бидат сериозни. Долгорочното надгледување на местата за размножување ќе биде важно да се одреди дали ќе останат овие последици или дали ќе закрепнат популациите. Теренските работници исто така ја испитуваат делотворноста од потиснувањето на болеста преку фаќање во замки и отстранување на заболените ѓаволи. Оптимистичко е дека отстранувањето на заболените ѓаволи од дивите популации треба да ја намали распространетоста на болеста и да овозможи повеќе ѓаволи да преживеат преку младите години и да се размножуваат. Болеста е пример за пренослив рак,што значи дека се пренесува од едно животно на друго т.е е заразно. Во недостаток од лек, научниците ги отстрануваат болните животни и ги ставаат во карантин здравите ѓаволи во случај да изумре дивата популација. Бидејќи Тасманските ѓаволи имаат екстремно ниски нивоа на генетска разновидност и хромозомна мутација единствена меѓу месојадните цицачи, тие се најмногу подложни на заразниот рак. Две „осигурани“ популации од ѓаволи слободни од болеста, се изградени во урбана инфраструктура во предградието Хобарт од Таруна и на островот Марија близу до источниот брег на Тасаманија. Размножувањето во заробеништво во континенталните зоолошки градини е исто така можно. Намалувањето на бројот на ѓаволите исто така е согледано како еколошки проблем, откако неговата присутност во тасманскиот шумски екосистем се верува дека го спречил создавањето на црвената лисица, нелегално воведена во Тасманија во 2001 година. Лисиците се проблематични галопирачки видови во сите други австралиски држави и создавањето на лисиците во Тасманија ќе го попречи враќањето на Тасманскиот ѓавол. Неодамнешно истражување од Универзитетот во Сиднеј покажа дека заразниот рак на лицето може да се шири поради исчезнувачката ниска генетска разновидност во имуните гени на ѓаволот (MHC class 1 and 2) – поставувајќи прашања за тоа како мали и можни вродени популации на животни се способни да преживеат. Научниците се шокираа кога пронајдоа високи нивоа на потенцијални карценогени ретардантни хемикалии во Тасманските ѓаволи. Првичните резултати од тестовите по налог на Тасманската влада, при хемикалиите пронајдени во масното ткиво од 16 ѓаволи откри високи нивоа на хексабромобифенил (hexabromobiphenyl (BB153) и „разумно високи“ нивоа на етер декабромодифенил ( decabromodiphenyl ether (BDE209).

Културни одлики

[уреди | уреди извор]
Ушите на ѓаволот стануваат црвени кога е вознемирен.
Таз, Тасманскиот ѓавол и Линукс маскотота за 2.6.29

Тасманскиот ѓавол е значајно животно низ Австралија. Симбол е на Тасманските Национални паркови и службата за дивиот свет и поранешниот тасмански австралиски водечки фудбалски тим кој играше во Викторијанската фудбалска лига познат како Ѓаволите. Застарениот кошаркарски тим Хобартовите ѓаволи во НБЛ (NBL) беше именуван по ова животно. Ѓаволот беше еден од шесте домородни австралиски животни кои се појавија на комеморативните австралиски монети од два долари издадени меѓу 1989 и 1994 година. Тасманските ѓаволи се популарни кај домашните и меѓународнит туристи. Поради нивната единствена личност Тасманскиот ѓавол беше предmет на многубројни документарни емисии и во реалистични детски книги. Неодамнешен австралиски документарец за Тасманскиот ѓавол, Стравовите од Тасманија (Terrors of Tasmania), режисиран и продуциран од Дејвид Перер и Елизабет Перер-Кук, беше издаден во 2005 година. Документарецот следи женка ѓавол наречена Manganinnie низ сезоната на размножување и раѓање и одлгедувањето нма нејзините млади. Документарецот исто така обрнува внимание на ефектите од туморот на лицето на ѓаволот и заштитните мерки преземани за да се обезбеди преживување на Тасманскиот ѓавол. Документарецот е екранизиран на телевизиите во Австралија и во САД на каналот на Национална географија. Забраните за извоз на Тасманскиот ѓавол значи дека ѓаволите нормално може да бидат видени в озаробеништво во Австралија. Последниот познат прекуокеански ѓавол почина во детската зоолошка градина Форт Вејн во 2004 година. Сепак Тасманската влада испрати пар ѓаволи во зоолошката градина во Копенхаген, следејќи го раѓањето на првиот син на Фредерик, крунисаниот принц на Данска и неговата тасманска жена Марија во октомври 2005 година. Ова се единствените ѓаволи кои можат да се видат надвор од Австралија. Тасманскиот ѓавол е веројатно меѓународно најдобро познат како инспирација за цртаниот лик на Looney Tunes, Тасманскиот ѓавол или „Таз“. Додека цртаното отелотворување лиши на модернизиран ѓавол (истакнати песјаци, голема глава, кратки нозе, ограничени се сличностите во однесувањето помеѓу двата, состоејќи се главно од бучно однесување, алчен апетит и срамежливо однесување. Истражувачи исто така именувале гнетски измутиран глушед „Тасмански ѓавол“. Глушецот мутант е непотполн во развојот на сетилни влакнести клетки на увото, доведувајќи го мутантот до ненормални однесувања вклучувајќи тресене на главата и кружење, многу слично како ликот „Таз“ отколку како вистинсиот Тасмански ѓавол. За 2.6.29 изданието од Линуксовото јадро (Linux kernel), Линус Торвалдс повремено ја заменува маскотата Тукс со маскотата на Тасманскиот ѓавол именуван како „Туз“. Ова е поддршка на кампањата да се спаси Тасманскиот ѓавол.

Филогенеза

[уреди | уреди извор]

Тасманскиот ѓавол (Scarsophilus harrisii) припаѓа на семејството Dasyuridae. Scarsophilus harrisii е дел од родот Scarcophilus кој содржи други два вида кои сега се фосили S.laiarius и S.Moomaensis. Ова се единствените од познатите фосили од Плеистоцинот. Врската меѓу трите вида е сѐ уште нејасна. Тасманскиот ѓавол е единствениот жив член на Scarcophilus и може да се најде на австралијанскиот остров држава Тасманија. Тасмаснкиот ѓавол е близу сроден со другите торбари како куните(Quolls), нумбатите и сега изумрениот Тасманскиот тигар.

Аналогни структури

[уреди | уреди извор]

Иако Тасманските ѓаволи имаат многу структури кои се аналогни со други видови, нивната неверојатна силна вилица и остри заби кои споро растат се видени кај неколку други животни. Crocuta crocuta поинаку познато како хиена има силни вилици и широки катници кои им овозможуваат да стигнат до секој дел од мршата и да ги кршат коските. Овие две струтури имаат одлики кои се прилично слични во употреба, моќните вилици од двата вида помагаат в оспречување на грабливците ако тие се загрозени и во опасност исто така за да им дадат побесен изглед. Исто така овие силни вилици и заби им помагаат на двата вида да јадат месо, мрша и органите од нвниот плен. Додека овие два вида имаат иста особина со иста употреба, двата независно ја развиле оваа особина иако тие не се близу сродни.

Хомологни структури

[уреди | уреди извор]

Повеќето торбари имаат опашки,сепак Тасманскиот ѓавол (Scarsophilus harrisi) има посебно приспособување, каде што има ано-генитална жлезда на основата од неговата опашка, за да го остави неговиот мирис преку површината зад него. Фактот дека торбарите иаат иста основна структура на опашката, ова навестува дека торбарите како Тасманскиот ѓавол, куните, нумбатите итн. се развиле од заеднички предок кој имал екстремитет со иста структура.

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M.. ed. Mammal Species of the World (3rd ed.). Johns Hopkins University Press. pp. 28. ISBN 0-8018-8221-4. http://www.bucknell.edu/msw3.
  2. Sarcophilus harrisii. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 12 октомври 2008. Listed as Endangered(EN A2be+3e v3.1)