Прејди на содржината

Танцувачите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танцувачите
Корица на првото издание на книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“.
АвторСер Артур Конан Дојл
Изворен насловThe Adventure of the Dancing Men
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
СеријалВраќањето на Шерлок Холмс
Жанрдетективски расказ
ИздавачStrand Magazine
Издадена
1903
Медиумпечатено
ПретходнаНорвудскиот градежник 
СледнаОсамениот велосипедист 

„Танцувачите“ или „Авантурата на танцувачите“ е една од 56 раскази за Шерлок Холмс напишана од шкотскиот писател Сер Артур Конан Дојл. „Танцувачите“ е еден од 13 раскази што ја сочинуваат книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“. Според Конан Дојл овој расказ е трета негов најомилен расказ.

Приказната започнува со посетата на г. Хилтон Кјубит на Шерлок Холмс, кој му дава парче хартија со мистериозни цртежи на човечиња.

A diagram drawn by Conan Doyle
A diagram drawn by Conan Doyle

Малите танцувачи се центарот на мистеријата околу која се развива приказната и тие се скриени пораки кои ја насочуваат жената на г. Хилтон, Елси, кон целта. Тој се оженил со неа пред една година од појавувањето на мистериозните пораки. Пред свадбата Елси го замолува својот маж да не ја прашува за нејзиното минато. Според неа нејзиното минато е поврзано со непријатни личности, но ништо од тоа не било застрамувачки. Г. Хилтон се заколнал дека нема да ја прашува за нејзиното минато. Неговите сомнежи кон својата жена се појавуваат со појавувањето на мистериозните пораки...[1]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
  1. „Танцувачите“, Артур Конан Дојл (англиски).

Поврзано

[уреди | уреди извор]